10. Во системите за искористување на сончевата енергија разликуваме два циркулациски круга: примарен и секундарен. Во примарниот круг, топлината апсорбирана во апсорберот од колекторот се пренесува до разменувачот на топлината. Преносител на топлината во примарниот круг најчесто е смеса од вода и 30-40% етиленгликол. Во секундарниот круг преку променувачот на топлината, топлината се пренесува на акумулаторите за топлина, а од тука посредно или непосредно до потрочувачите, како топла санитарна вода или вода за греење на просторот.