2. Се грижевме за децата бегалци од
Косово сместени во Македонија во 1999
и 2000 година
3. Водевме грижа за привремено раселените деца во конфликтот во
Македонија од 2001 до 2006
4. Детските работилници активно ги вклучија децата во
креативно користење на слободното време. Овие
активности се реализираа од 1994 до 2009 година
5. Македонија за прв пат се претстави пред Комитетот за
правата на детето на ООН во Женева со извештај
подготвен од децата
6. Техники за креативна разработка на конфликти - со членовите на Мировните
клубови од неколку средни училишта
Континуирано работиме со спроведување активности за Мировно
образование. Целта е промовирајќи ги Мирот и Ненасилството како
основни вредности во воспитно-образовниот систем да укажеме на
потребата од вградување на Мировното образование во наставните
програми.
7. Детската амбасада Меѓаши е
препознатлива по големиот
број волонтер(к)и. Во овие 20
години, во различен тип
активности беа вклучени над
1000 волонтери! Еден голем
аплауз за сите нив!!!