SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  175
Télécharger pour lire hors ligne
ДОБРОДОЈДОВТЕ!
  Вие сте на почетокот на презентациите од содржините по
   Македонски јазик и литература за четврта година на
     средното стручно образование. Тие се правени според
  новата наставна програма за четиригодишно образование,
   приготвена од Бирото за развој на образованието на
                    Република Македонија.
    Во првиот дел е предаден граматичкиот материјал, а во
продолжение се изложени содржините од подрачјето светска
и македонска литература. Во недостаток на учебници и други
 помагала за делот од литература, се користени податоци од
разни извори, најчесто од интернет и особено се внимаваше
     да не бидат тоа страници со застарени (неажурирани)
     податоци, или такви кои поради нечија неодговорност
     престанале да се отвораат (на пример, страницата на
           Друштвото на писателите на Македонија).
Опитот стекнат со презентациите (и текстовите) за втора и
   трета година се користеше да се внесат некои новини во
       изложувањето на податоците. При обработката на
     слајдовите е користена програмата за презентации на
Softmaker office. За да може да се проследат коментарите кон
      одделни автори (или лекции) и да се видат некои од
    ефектите на презентациите, потребно е да се преземат
   (симнат) и да се читаат на полн екран (full screen mode).
    Препорачуваме да се инсталира adobe reader x или pdf-
 xchange-viewer. Материјалите може слободно да се користат
            и печатат (но не за комерцијални цели).
  Вашите коментари и забелешки за евентуални пропусти ќе
          ми бидат драгоцени за нивно отстранување.
     Мојата адреса: trajan.vapcar@yahoo.com и мојот блог:
                   trajan-vapcar.blogspot.com
                  Трајан Божинов, професор
                       Успех на матурата!
ФРАЗЕОЛОГИЈА
  Фразеологијата е дел од лексикологијата која ги проучува
    зборовните состави како одделни лексички единици,
наречени фразеологизми или фразеолошки изрази (грч.
           phrasis = израз; logos = наука, учење).
Во реченицата зборовите се поврзуваат меѓу себе во состави
или целости. Врската меѓу зборовите во тие состави може да
     биде слободна, при што зборовите си ги задржуваат
   основните значења: Мие раце пред секое јадење. Но во
реченицата Мие раце од таа работа; врската е неслободна и
   постојана, а одбележаниот состав има значење: отфрла
 одговорност од себе за нешто.Тоа значење е ново и сосема
        различно од основното значење на составот.
 Составите од овој тип имаат ново значење кое не е збир од
  значењата на составните зборови. Спореди уште: прст и
  плева = многу (прст, арх.= ровка земја); од новина на
    гинеж = многу ретко; скрши глава =отиде некаде.
Фразеологизмите ги имаат следниве одлики: 1. Тие се со
скаменети, неизменливи форми: не може да се каже прстот и
  плевата, или дедови деветини, ами само прст и плева, и
  бабини деветини. 2. Имаат ново и единствено значење,
   еднакво на одделни лексички единици (лексеми): му ја
 покажа вратата =го истера; скрши глава =отиде; мед и
   млеко = сѐ; стара коска = издржлив; петта колона =
 предавници. 3. Имаат посебна стилска вредност, се користи
  преносното (метафорично) значење на зборовите: огин и
  пламен =многу е скапо; како од мајка роден = сосема
    гол; од комарецот масло вади =голем скаперник е;
   мувата камила ја прави = ги преувеличува работите.
     Фразеологизмите настанале во одреден момент, како
резултат на одредено животно искуство, се поврзани за некој
   настан и сл. Тие се специфични за секој јазик и многу е
       тешко да се преведуваат буквално на друг јазик.
  Цитат за овој час: Јазикот коски нема, коски крши. Народна поговорка
ПОДЕЛБА НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ
Фразеологизмите можеме да ги поделиме врз повеќе основи:
     според степенот на слеаноста (неделивоста), според
 граматичкиот состав, според потеклото, според значењето,
                    според функциите и сл.
I. Според степенот на слеаноста фразеологизмите ги делиме
    на: а. фразеолошки срастувања, б. фразеолошки
            единства и в. фразеолошки спојки.
а. Кај фразеолошките срастувања степенот на слеаноста
    е најголем и тоа се зборовни групи неделиви по своето
значење. Се викаат уште и идиоми. Врската меѓу зборовите
е најнеслободна. Значењето што го имаат е сосема различно
    од значењето на составните зборови: рака на срце =
   отворено; фрла пушка = пука (арх.). Поради големата
  сраснатост меѓу зборовите, тие најчесто не ја менуваат ни
    граматичата структура: на лице место; се фатија за
             гуша; не може: се фатија за гушата.
б. Фразеолошките единства се изрази кои можат да
       имаат и основно значење, но и преносно. Кај овие
      фразеологизми врската меѓу значењата не е сосема
     прекината. Така во Го обра бостанот и го продаде; и
Притиснат е до ѕидот и одвај дише; значењето на составите
 е основно, директно. Но во примерите: Го обра бостанот
 дури сега и Притиснат е со докази и мораше да признае,
        значењето на составите е преносно и сликовито.
      Тоа се фразеолошки единства кај кои врската меѓу
   зборовните состави може да биде полабава, па меѓу нив
може да се вметнуваат и други зборови. Спореди уште: Има
мува (пчела) на капата; лови во матно; ја врти водата
  на својата (твојата) воденица. Тоа значи дека врската
      меѓу основното и преносното значење не е целосно
прекината. в. Фразеолошките спојки се зборовни состави
 кај кои само едниот од зборовите има преносно значење, а
          другиот се јавува со своето основно значење.
Кај овие изрази едниот член се јавува како постојан дел, а
 другиот е променлив и може да се замени.Спореди: златна
(сребрена) свадба = 50. (25.) годишнина од брак; железна
 (челична) дисциплина; леден (студен, мрачен) поглед.
Овие спојки не се целосно лексикализирани и дури некои од
        нив можат да претрпат и морфолошки промени.
   г. Некои лингвисти (Ружа Паноска) во посебна група ги
 одделуваат т.н. фразеолошки изрази кои стојат близу до
 фразеолошките срастувања и фразеолошките единства. Тоа
    се неделиви зборовни состави и со постојано значење.
   Некои од нив се добиени по литературен пат (Ахилова
петица, Авгиеви обори, алфа и омега). Во оваа група се
 поместуваат пословиците, поговорките цитатите и сл: седи
  како на трње; ги продаде рибите - го напрчи кошот;
го зеде на душа; сега му е мајката, коцката е фрлена;
  во четири очи; со половина уста; Тука спаѓаат пред сѐ
оние кои во себе содржат преносно (метафорично) значење.
II. Според граматичкиот состав фразеологизмите делиме во
две основни групи: а. фразеологизми во форма на реченица
и б. фразеологизми во форма на зборовна група (синтагма).
    а. Фразеологизмите со структура на реченица можат да
бидат во вид на проста реченица, (си легна на брашното;
     го зеде на око; има вујко владика); како сложена
 реченица, (кај скокала козата, таму ќе скока и јарето;
        посакала шута рогови, останала и без уши)
 или, пак, како дел-реченица од сложената реченица (Сите
знаевме дека има зајачко срце; Слушнавме како само со
             еден збор му ја затвори устата).
 б. Фразеологизмите во форма на синтагма можат да бидат
   составени од различни зборовни групи: 1. од придавка и
именка (железна завеса; цврста рака; здрав разум); 2.
  од именка и именка (забот на времето; ветар и магла;
   од лулка до дупка). Спореди уште во народниот јазик:
како брашно на заем; повторија - потресија
   (повторниот брак може да предизвика непријатности);
     вересија - потресија; ортаклак - кипезлак (=
 срамотилак; ортачката работа може да донесе срамота ако
   не се работи чесно) 3. од придавка и придавка (носен
  недоносен; од мил помил стана); 4. од број и именка
 (два-три дена, пет-шест месеци); 5. од прилог и прилог
(криво-лево; згора-згора; криво ти право ти, така си е;
                   колку-толку, доволно ни е).
   Надвор од именските групи (синтагмите), можат да се
   разгледуваат фразеологизмите составени од глаголски
  форми со спротивставен (антонимен) однос (коли-беси;
врти-сучи; оди ми дојди ми прави); или пак од глаголски
именки (кои пак се на границата меѓу глаголите и именките:
     земање-давање). Според уште и: на ти, дај ми.
  Цитат за овој час: Живо живољанче, на жив скут седе, живо месо тегле.
                      (дијалектно, гат. бебе кое цица)
СТИЛИСТИКА
     Стилистиката е научна дисциплина чиј предмет на
проучување е стилот. Самиот поим стил е повеќезначен и се
  користи во јазикот, во литературата и другите гранки на
уметноста, како и во речиси сите сфери на животот (модата,
  спортот, политиката). Во краен случај стилот е начин на
 однесување на секој човек како индивидуа (Стилот, тоа е
                самиот човек - Ж. Бифон).
  Што се однесува до тој поим во јазикот и литературата,
      стилот можеме да го определиме како начин на
 изразување, како начин на пишување и зборување; уште
   како начин на употреба на јазичните и литературните
    изразни средства и т.н . Науката која се занимава со
 проучување на стилот во литературните дела се нарекува
 литературна стилистика, додека лингвостилистиката
 ги проучува јазичните средства во литературните дела. Во
    нивните рамки постојат повеќе подвидови и правци.
Меѓу нив се задржуваме на функционалната стилистика,
која се занимава со проучување на функционалните стилови.
Под функционален стил се подразбира начин на користење
   на јазикот во определени услови. Тука мислиме пред сѐ на
  областа во која се одвива општењето; дали тоа општење се
  јавува во писмена или говорена форма; дали карактерот на
општењето е службен (официјален) или неслужбен и сл. Иако
понекогаш е тешко да се разграничи еден стил од друг, затоа
    што меѓу нив нема остра граница, сепак ги издвојуваме
  следниве функционални стилови: научен, административен,
      публицистички, уметничколитературен и разговорен.
 1. Научниот стил се користи во науката, во образованието,
како и за популаризација на научните достигнувања. Се дели
на три потстилови: строгонаучен, научно-популарен и научно-
 учебнички. а. Строго научниот потстил се употребува при
   пишување на дела со научна содржина кои се наменети за
               специјалисти од одредени области.
При тој потстил се оперира со поими и факти кои не се
      секогаш, или малку се, разбирливи за пошироката
        читателска публика. Исто така многу често при
 формулацијата на некои докази и термини се цитираат (се
пренесуваат) мислењата на други научници. Писмени форми
       (родови) преку кои се застапува овој потстил се:
           монографија, дисертација, реферат и сл.
   б. Научно-популарниот потстил ги има меѓу другите
   функции, и таа да ги запознава читателите со научните
 сознанија, на разбирлив начин, со едноставен јазик. Форми
    (родови) преку кои се пројавува се: книга, статија. Во
    последно време тој потстил е доминантен во научно-
       популарните серии на телевизија и на интернет.
 в. Научно-учебнички потстил се користи при пишување
 на учебници, прирачници и сл. Научните сознанија и факти
се предаваат за оние на кои им се наменети учебниците, на
     разбирлив начин (или дури забавен - за најмалите!).
Во врска со областите што се предмет на проучување науките
  ги делиме на хуманитарни (науката за јазикот, науката за
         литературата, историјата, филозофијата и сл.);
природноматематички (математиката, физиката, хемијата
  и сл.) и технички науки (електротехниката, машинството,
                        градежништво).
  Што се однесува до лексиката која се користи во овој стил,
       таа во основа е општонародна, со висок степен на
интернационализми (особено кај техничките науки), како и на
        зборови од апстрактната лексика. И во поглед на
морфологија и синтаксата овој стил има свои особености што
    го разликува од другите стилови (засилена употреба на
     именките наспроти глаголите; зачестена употреба на
            безличните и пасивните реченици и сл.).
  2. Административниот стил (канцелариски, официјално-
деловен) зафаќа широко подрачје на употреба. Се користи во
 општењето меѓу државите, во институциите на една држава,
како и во обраќањето на граѓаните до институциите во
 државата. Овој стил ги апсорбира исто така активностите и
 комуникацијата на разни организации и политички партии.
   Особености на овој стил се одмереност, објективност и
информативност. Користи востановени форми на изразување
     преку употреба на однапред изготвени формулари.
Потстилови на административниот стил се: дипломатскиот,
      законодавно-правниот, деловниот , личниот
(персоналниот) и општествено-политичкиот потстил .
  Во зависност од тоа за кој потстил се работи, лексиката
     може повеќе или помалку да се разликува. Така, за
дипломатскиот потстил се вобичаени зборови и изрази како:
       акредитација, протестна нота, аташе. Дури и се
    претпочитува оригиналната форма persona non grata
           (непожелна личност). Фрази и термини од
интернационалната лексика се вообичаени и за законодавно-
правниот потстил: предлог-резолуција, амандман, параграф.
  Поука за овој час: Зборот дупка не дупнува, ама се паметува. Народна
За деловниот и личниот потстил се својствени термини како
  молба, приговор, подносител (на барањето). Во поглед на
    морфологијата кај овој стил, употребата на именките е
 повообичаена за сметка на глаголите; и уште: за лицата од
  женски род кои вршат функции да се користи формата за
       машки род: директор, претседател, судија (но во
                 разговорниот јазик – судијка).
   Во областа на синтаксата се користат веќе востановени
 обрасци од типот на Врз основа на член ...од Законот за...;
На барање на ... Заради потребата од точни и недвосмислени
     искази, во еден текст често има повторување на исти
    формулации. Тоа особено се однесува за законодавно-
                       правниот потстил.
 3. Публицистички стил . Овој стил ги зафаќа сите сфери
   на општествениот и политичкиот живот: образованието,
 науката, политиката, економијата културата и сл. Се јавува
    во пишувана (почесто) и во говорена форма (поретко).
Се реализира преку следниве медиуми: весниците, радиото,
 телевизијата и во последните години преку интернетот, кој
  пак, ги обединува другите медиуми. Од функциите што ги
 остварува овој стил најважна е информативната. Со неа се
  има за цел да им се пренесе информацијата на широкиот
круг корисници, при што брзината на преносот е исто толку
    важна колку и самата информација. Многу често преку
    новостите што се објавуваат се искажуваат и личните
      ставови на авторите, со кои се сака да се влијае на
                создавање на јавното мислење.
       Кај овој стил може да разграничат два потстила:
  новинарски со кој најмногу се информира (преку вести,
   соопштенија, интервјуа); се анализира (преку уводници,
коментари, полемики, критики; се забавува (преку додатоци
за енигматика) и публицистички во потесна смисла, во кој
  се доминантни монографијата и фељтонот и преку кои се
      осветлуваат настани и личности од минатото и сл.
Иако во основата на овој стил (и на другите стилови) треба да
   биде литературниот (стандардниот) јазик, многу често се
      наидува на јазични пропусти и недоследности. Како
   олеснителна околност не може да се земе оправдувањето
  дека поради брзината со која треба да се соопшти веста, се
заборава на јазикот, или пак, дека слободата на изразувањето
   вклучува и слобода на користење на јазичните средства.
       4. Уметничколитературниот стил се негува во
  литературата која е една од гранките на уметноста. За овој
 стил е значајно тоа што провладува естетската функција, за
      разлика од другите стилови, каде што е доминантна
 комуникативната функција. Уметничколитературниот стил се
остварува низ трите родови (лирика, епика и драма), кои пак,
     во себе содржат по повеќе видови. За доловување на
естетската функција авторот користи стилски фигури и тропи.
  Богатството на лексичкиот состав на јазикот најцелосно се
     одразува токму преку овој стил. Иако во основата на
         уметничколитературниот стил е стандардниот
(литературниот) јазик, писателот по потреба посегнува по
 дијалектизми, архаизми и други нестандардни елементи за
    да наслика поуверливо некој лик или некоја средина.
  Понекогаш авторот прибегнува и кон создавање на нови
   зборови (неологизми), ако тие ги спазуваат нормите за
                зборообразување на јазикот.
5. Разговорниот стил има широка област на користење во
  секојдневниот живот и главно служи за комуникација. Со
    мали исклучоци, се користи говорената форма преку
   раскажување, дијалог, полилог. Во зависност од тоа кој
општествен слој го користи, можеме да зборуваме за повеќе
  потстилови на разговорниот стил: разговорен потстил на
  ученици и студенти, разговорен потстил на затвореници,
       разговорен потстил на занаетчии и трговци т.н.
Овој стил има повеќе особености како што се: економичност
  во изразувањето (како си?, каде?, пријатно!) при што се
     користат гестови и сл. за дополнување на исказот;
непосредност и спонтаност кои се создаваат при самото
       општење како резултат на меѓусебните реакции на
  соговорниците; слобода во изразување при што почесто се
  користат зборови за искажување на емоционални состојби.
       Во поглед на јазичните особености многу често има
   отстапување од литературната норма, како на фонетски и
морфолошки план, така и во областа на лексиката: елизија на
       гласовите: глеам, ќ одиме и ќе ојме; користење на
интонацијата за искажување на значење спротивно на она што
 би го очекувале: Многу му знае устата!; употреба на наставки
нетипични за нормата: пивара, лебара филмаџија, зачестена
     употреба на сврзници заради поголема сликовитост и
изразност; лексеми како мерак, шиткач, апаш, фразеологизми
    од типот на за сто мерака. За овој стил и во областа на
  синтаксата се среќаваат типични конструкции: Слушај сега
       вака; Абе види тоа! Треба многу, што се вели, пот!
 Поука за овој час: Зборот дури не го продумаш и преживаш добро, не збори
                      го пред секого. Народна поговорка
ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА
 Дијалектологијата е дел од науката за јазикот која се занимава
   со проучување на дијалектите (говорите) на еден јазик. Во
    рамките на еден општонароден јазик постои литературна
    (стандардна) норма која е задолжителна (официјална) за
     образованието, културата, науката и другите области на
 општествениот живот, и на целата територија на државата. Но
    исто така постои и јазик кој е ограничен на поголема или
 помала територија и кој служи за комуникација меѓу луѓето од
    таа територија. За тој јазик велиме дека е дијалектен или
дијалект (од грч. dialektos = говор, зборување; и logos = наука).
     Во поново време на проучувањето на дијалектите им се
     посветува особено внимание, бидејќи тие претставуваат
системи со изградена внатрешна структура, а не обичен збир на
       јазични особености. Во тесна врска со дијалектната
  диференцијација (поделба, разграничување) на јазикот, стои
    објаснувањето на поимите: дијалект, говор и наречје.
Под поимот дијалект подразбираме поголема јазична
    целина ограничена на одредена територија, или како
   територијална варијанта на еден јазик, кој служи како
        средство за општење на поголема група луѓе.
 Поимот говор го објаснуваме како помала јазична целина
  којa е територијално и социјално е ограничена. Говорот
   служи за изразување на помала група луѓе, понекогаш
професионално и социјално поврзани (говор на ѕидарите, =
     дулгерски говор, арх., говор на трговците, говор на
                    затворениците и сл.).
   Наречјето е најголема јазична целина која обединува
повеќе блиски дијалекти или група дијалекти и говори, кои
        имаат повеќе заеднички јазични особености.
Врз основа на фонетските, морфолошките и синтаксичките
разновидности, македонската јазична територија се дели на
 три наречја: западно наречје, југоисточно наречје и
  северно наречје (според проф. Божидар Видоески).
Покрај ова, позната е поделбата на македонските говори на
две основни групи: на западна и источна група, меѓу кои
       се преодните говори тиквешко-мариовските и
  костурско-леринските (според проф. Блаже Конески).
Секое од овие наречја покрај општонародната лексика која е
    заедничка за сите дијалекти и говори, има и зборовен
    (лексички) фонд карактеристичен само за тоа наречје.
Дел од особеностите на македонските говори се јавиле како
 резултат на внатрешниот развој на македонскиот јазик и се
   прошириле на поголемиот дел од македонската јазична
   територија (замената на еровите ъ и ь, со о, односно е;
 наставката -ме за прво лице множина, појавата на членот,
 удвојувањето на предметот и сл.). Но има и особености кои
      настанале под влијание на соседните словенски и
  несловенски јазици (губењето на падежите, губењето на
 инфинитивот, постпозицијата на членот). Дел од јазичните
    црти, пак, се карактеристика само на одделни говори.
ИЗГОВОРОТ НА НЕКОИ ГЛАСОВИ
    ӑ Се изговара како старословенските ъ, ь: вӑк, пӑно
   ạ Гласот а кој клони кон изговорот на ӑ: нạ-тạв'ано
     ọ Гласот о кој клони кон изговорот на у: пọчн'ала
       ẹ Гласот е кој клони кон изговорот на и: сẹг'а
   ӑа Гласот ӑ кој клони кон изговорот на а: сӑас, огӑањ
 а:, о:, и:, е:, у:, Долго а, о, и, е, у во некои говори: в'а:,
  (лит. оваа) д'а:м (лит. дадам), ут-к'о: (лит. од кога), ти:
                           (лит. тие)
           гк Звучно г на крајот на зборот: п'ологк,
   ў , л кое поминува во неслоговно у: ж'оўтице, т'оўку
Илустративниот материјал кон одделните говори е позајмен
      од книгата на Божидар Видоески: Текстови од
 дијалектите на македонскиот јазик, Скопје 2000. За
  некои прашања е консултиран и учебникот на авторите
  Венко Андоновски и Марјан Матковиќ: Македонски
        јазик и литература за IV година, Култура.
ЗАПАДНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ
     Ова наречје го зафаќа западниот дел на македонската
јазична територија. Се простира од западните делови на Шар
 Планина на север, сѐ до јужниот дел на Преспанското Езеро.
Јужната граница е нешто малку посеверно од градот Лерин и
   на исток оди нешто позападно од течението на Црна Река,
     излегува малку по на исток од Велес. Североисточната
 граница продолжува кон Скопје и излегува нешто посеверно
     од Скопје. Со правецот Скопје-Тетово-Шар Планина се
                   затвора северната граница.
    Западното наречје се дели на две основни групи говори:
        Централни говори и периферни говори. 1.
     Централната група говори ја сочинуваат говорите:
 скопско-велешки, прилепско-битолски, кичевски-поречки. 2.
     Во периферната група говори влегуваат говорите:
  горнополошки, дебарски, малорекански дебарски, рекански
     торбешки, дримколско-голобрдски, струшки, охридски,
               преспански и вевчанско-радошки.
Говорите од западното наречје имаат повеќе заеднички
     особености кои ги поврзуваат меѓу себе, а со кои се
     одделуваат од југоисточното наречје. На фонетско-
    фонолошки план се: третосложниот акцент (него́вата,
 воденицата, учите́лите, не ͜ ми ͜ се́ ͜ јаде); нормален изговор
         ́
 на неакцентираните самогласки; губење на интервокалното
в (глаа, крастаица, суроица >суројца); замената на ѣ (јат) во
     е зад ц (цеди, цени, цедило); појава на протетичко
 (вметнато) ј (јаже, јадица, јаглен); губењето на х и негова
   замена со в/ф (страв/страф, стравот, бев/беф, мевот).
      Од морфолошките и синтаксичките особености ги
 истакнуваме: множинската форма -ови (столови, снопови);
  постоење на тројниот член (човекот - човеков - човекон);
   личната заменка за 3.л. (тој, таа, тоа, тие); употреба на
дативните форми кај личните и роднинските имиња (му рече
 Стојану, Петреве/ Петрету); доследна употреба на двојниот
  предмет (Го видов човекот, ѝ реков на жената); зачестена
употреба на конструкциите од типот има/нема и глаголска
     придавка (имам носено, имав носено, имал носено);
  испуштање на помошниот глагол во 3. л. во перфект (тој
гледал, тие гледале); употреба на конструкции од помошниот
   глагол сум и глаголска придавка (е дојден, бил дојден);
   употреба на кратките заменски форми пред глаголот (го
                           најде, му рече,).
     Сепак говорите од западното наречје имаат и повеќе
     особености со кои тие меѓу себе се разликуваат и се
 одделуваат. Така, различна е замената на старословенското
ѫ (он) во периферните говори (рӑка, рока, рӓка); замената на
вокално р и л (пӑрсти, сӑрце, вӑлк, слӑнце, сӑлза); користење
 на фонемите шт и жд , односно шч, жџ (свешта, викаешти,
  межда), потоа чување на старото ѕ (ноѕе/ноѕе, бубреѕи).
    Разликувачки особености има и кај некои наставки во
                     глаголските времиња и сл.
   Поука за овој час: Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.
                            Народна поговорка
Западно наречје - Централни говори
                        Господ и Нојо (Прилеп)
 Му-к'ажал Г'оспо на-Н'оја, ќе-б'иди п'отоп. Н'ојо р'екол: Кога-ќ'е-
   биди п'отопо да-зн'ам. Кога-ќ'е-биди, коа-ќ'е-ј'адиш на-ж'елезна
 с'инија, т'огаш да-се-с'етиш, да-се-с'етиш оти-ќе-б'иди. Ама-да-си-
 н'апрајш к'орап п'оголем, да-з'емиш от-с'екоа л'ишка по-дв'е да-не-
се-з'агуби с'емето. Б'ило л'ете, жн'ијале. 'Озгора в'рни, 'оздола в'ода
'извирај. И-кл'але с'рпојте в'ака, и-ск'рстиле, и-кл'але л'еб да-ј'адат,
и-т'огаш се-с'етиле оти-ќе-б'иди п'отоп, како-шо-р'екол Г'оспо. Се-
нас'обрале от-с'ите л'ишки по-дв'е, по-дв'е, вл'егле во к'орабо и-на-
некој-р'ид н'ајголем шо-б'ил на-св'етот, н'ајвисок, т'аму ќе-го терал
   Н'ојо. Се-ск'инал п'усти к'орап н'егде, вл'егло в'ода, зм'ијата со-
  оп'ашката го-з'атнала. И-коа -'излегле т'аму в'еќе на-суво, р'екла
зм'ијата: от-која крф је-н'ајблага 'од-неа да-п'ијат. Па-чоечкат'а-крф
      б'ила н'ајблага. Г'арванот з'инал да-к'ажи, дури-р'екол г'а,
ласт'ујцата му-го-ск'инала ј'азико со-кл'унот, 'останал г'аврано б'ез-
   јазик в'ек и-с'ут. А-пак-ласт'ојцата з'ела ч'ес, с'еа з'атоа во-к'уќа
пр'ај с'едела.                    Дунавка Конеска (Блаже Конески)
Западно наречје - Периферни говори
                    Имало и побудали (Вевчани)
   Б'иле мајка-'и-ќерка. Ќ'еркава б'ила тр'удна. 'Имале ск'епар на-
   п'олица кл'ајно и-пл'ачеле с'екој-ден, си-м'ислеле: ќа-се-р'одит
д'ете, ќа-п'аднит ск'епарот и-ќа-го-'оперит д'етето. Д'ошол з'етоф и-
 н'ашол кaј-пл'ачет. И-'опитвит: "Што-пл'ачете? И-т'ије му-к'ажвет
  оту-ск'епарот ќа-п'аднит и-ќа-г-'оперит д'етето. Т'ој се-з'ачудил,
н'емал што-да-'им-прајт, се-ч'удил д'ал' д-и-б'ијет али-н'е. "С'ефте –
р'екол – ќ-'ода да-б'ара поб'удали 'од-ними и-ако-н'ајда не-'и-бија".
  'Одел, 'одел, и-н'ашол тр'ојца бр'аќа напр'ајле к'уќа бес-п'енџере,
 вн'aтре т'емница. Т'ије з'еле к'ошници д-ј-'испaдет темн'ицава. Т'ој
им-в'елит: "Што-пр'ајте, бре-др'угари, т'ака?" И-т'ије му-р'екле "Да-
    ј-ист'ајме темн'ицава". Т'ога т'ој им-р'екол: "Ј'а-ќа-ви-је-'иста:
                   темн'ицава, што-ќа-ми-д'ајете?"
Т'ије му-р'екле "Колк'у-пари с'акаш, ќа-ти-д'ајме, с'амо да-ј-'истајш
 темн'ицава". И-т'ака т'ој се-з'апрегнал, д'упи в'амо, д'упи т'аму и
                н'апрајл п'енџери и-им-д'ошло в'идело.
  "Ќ-'ода – р'екол – ќа-б'ара 'уште да-в'ида". 'Одел п'отака, н'ашол
 дв'ајца бр'аќа кaј-в'озет гр'еда; фпр'егнале п'етел и-м'ачорок, ама-
н'икако н'е-может т'ије да-п'омaрднет. Т'ој им-р'екол: "Што-пр'ајте
   в'ака, бре-др'угари?" – "Је-в'озиме гр'едава" – му-р'екле т'ије. –
 Д'обро – р'екол – м'ожет 'овје в'ака да-ј-'истaргет?" "'Ату што-да
пр'ајме – р'екле т'ије – како-да-ј-одн'есиме?" – "Ј'а ќа-ви-је-'однеса,
колк'у-пари ќа-ми-д'ајте?" И-се-спог'одиле. Т'уркај, т'aргај, т'уркај,
   т'aргај, им-ј-'однесол гр'едата, п'арите им- з'ел и-з'аминал. Се-
                  вр'атил д'ома и-ж'ените не-'и-гибал.
Поука за овој час: Ако ( и да) врнит, (ама) пăтот врвит. Народна пословица -
                    (Охрид. Запишал Кузман Шапкарев)
     Да не се плашиме од пречките што ни се испречуваат при нивното
                  надвивање, и да не се запираме на нив.
ЈУГОИСТОЧНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ
      Југоисточното наречје го зафаќа најголемиот дел од
македонската јазична територија. Се простира источно и јужно
  од западното наречје. Од северното наречје за гранична се
  смета линијата Скопје - Свети Николе - Злетово, со тоа што
 говорите на Свети Николе и Злетово припаѓаат на северното
наречје. На југоисточното наречје му припаѓаат и говорите од
    Егејска и Пиринска Македонија кои поради историските
  околности се наоѓаат на териториите на Грција и Бугарија.
Поради големата разновидност на јазичните црти ова наречје
  не е единствено и можеме да го поделиме на две поголеми
          целини: источно наречје и јужно наречје.
 1. Источното наречје се дели на повеќе помали дијалектни
       групи: штипско-струмички, тиквешко-мариовски и
  малешевско-пирински говори. 2. Јужното наречје се дели
    на: солунско-воденски говори (долновардарски), серско-
            лагадински, костурско-корчански говори.
Широката разгранетост на југоисточното наречје овозможило
 тоа да не биде единствена целина. Во него се изгубиле некои
  стари јазични црти, а се појавиле нови како резултат на меѓу
   дијалектните контакти. Сепак, меѓу заедничките црти би ги
 издвоиле: слободен акцентен систем, во многу говори утврден
   на парадигмата (леже, легна, негов, неговата, вуденицата,
                         ́            ́  ́      ́            ́
  учителите, не́ ͜ ми ͜ се ͜ ја́де); послабо изговарање (редукција)
      ́
   на неакцентраните самогласки кое е најсилно застапено во
 долновардарските говори (уфча́р, биља́, сӑма́р), самогласката
   ӑ (темниот вокал) има регуларна употреба во сите говори и
    сите позиции (ӑцка, лит. олцка, кӑце лит. чука, нӑ ͜ мене!)
чување на меѓувокалното в, но губење на меѓувокалните ж, д,
г и сл. во брзоговорот (леен ‹ леѓен, глеам, ќи си до́ом ‹ дојдам
дома, ќе ка́аш ле ‹кажеш, но кажа́ ле ); замената на ѣ со а зад
 ц (цане, цадник, цаде); чување на х на крајот на зборот (бех,
   страх, смех,), но губење на почетокот на зборот и во други
     позиции (не се ране кут шо треба; бехме ›бееме› бēме);
 протетичко (вметнато) в на почетокот (важе, вадица, ваглен).
Вокалните р и л дале повеќе разновидности (прсто, прӑсте,
          пӑрст, вӑк, вӑлк, длӑк, дӑлга, тӑрӑн лит. трн).
  На морфолошко-синтаксички план ова наречје има редица
       јазични црти со кои се разграничува од западното:
    наставката -ове во множина кај едносложните зборови
(столове, снопове, царове); постоење на само еден член -о,
 (-от, -ут; чувеко, чувекут - долновардарските говори), -та,
                    ́         ́
   -то, -те; изедначување на номинативната со дативната и
 акузативната форма кај именките (Стојан, на Стојан, видех
го на Стојан); личната заменка за 3. гласи он, она, оно, они;
 предлогот в/ф гласи у/уф; во трето лице на перфектот се
употребува формата на помошниот глагол (он е гледал, они
     са гледале); кратките заменски многу често стојат зад
     глаголот (виде́ ме и мạ виде́); конструкциите од типот
 има/нема и глаголска придавка не се обични за повеќе од
  говорите; предлогот со се јавува во повеќе разновидности
(сӑс, сас, сус,ус); само две презентски основи (-а и -е група).
    Цитат за овој час: Инате се куту магаре на мост . Народна поговорка
Југоисточно наречје - Источни говори
                       Лошата снаа (Струмица)
 'Едạн чув'ек им'ал н'ого л'оша ж'ена. Ут-к'о: дујд'ела д'ома, м'ајка-
  му пọчн'ала н'ого дạ-слạб'ее. Д'ен из-д'ен стạнув'ала сѐ п'осл'аба.
    С'ин-ѝ с'екуј д'ен јạ-питув'ал: "М'амо, к'ак та-гл'еда сн'аата?"
    М'ајка-му вик'ала: "'Арно мạ-гл'еда, с'инко!" 'Арно-ама с'ино
             усет'ил 'оти м'ајкạ-му кр'и: н'ешто ọд-н'его.
  И едн'ӑч куг'а п'а кути-с'екọга јạ-пит'ал: "К'ак тạ-гл'еда сн'аата?",
м'ајкạ-му реч'ела: "Ак-с'акạш дạ-зн'ааш к'ак-мạ-гл'еде, 'остạни д'ома
                         скр'ишно, ќе-в'идạш".
И с'ино 'едạн д'ен ут-кạ-сạ-јạв'ил нạ-ж'енạ-му 'оти ќ-'оде нạ-рạб'ота
   м'есто дạ-'оде пọврн'ал-се и сạ-скриј'ал нạ-тạв'ано. Пọмин'ало
  м'алко вр'еме, нạ-м'ајкạ-му ѝ-се-прӑјạд'ело и пọтер'ала ọт-сн'аата
                        л'еп. А-сн'аата кạж'ала:
"П'укни, тр'есни, дọд'ека не-испр'едạш тр'и врт'ена, н'ема дạ-ти-
д'а:м дạ-ј'адạш". И ќ'а-ги-испред'ела тр'ите врт'ена, п'а пọтер'ала дạ-
 ј'аде. А сн'аата кạж'ала: "А-сẹг'а м'алку пуигр'ај 'оро и исп'еј еднạ-
                  п'есна, п'осле ќе-ти-д'а:м дạ ј'адạш".
М'ајкạта пọчн'ала дạ-ѝ-сạ-м'оле нạ-сн'аата: "Ам'ан, мури-сн'ао, к'ак
    дạ-игра'ам кạ-сạм-стạра, н'оизте н'е-ми-д'ржạт г'аре!" А сн'аата
кạж'ала: "Аку-с'акạш дạ-ј'адạш, ќе-игр'ааш!" И м'ајкạта пọчн'ала дạ-
 игр'аа и дạ-п'ее: "Тạк'а, бре-с'инко, тạк'а, тạк'а, игр'аам с'екуј д'ен!"
А сн'аата кạ-чуј'ала ọти-тạк'а п'ее, зẹм'ала сук'алто и пọчн'ала дạ-ạ-
т'епа ọти-тạк'а пẹј'ала. И м'ажо нẹ-муж'ел г'аре дạ-т'рпа и слẹгн'ал и
  пọчн'ал дạ-ạ-т'епа сӑс-сук'алто нạ-ж'енạ-му сѐ дọд'ека нẹ-тạкс'ала
                       ọти-н'ема дạ-пр'аа г'аре тạк'а.
       Цитат за овој час: Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето.
                          Народна пословица - Штип
Југоисточно наречје - Јужни говори
                   Тӑрговӑцо и нӑречниците (Дојран)
  Им'ало 'едно вр'еме н'екуј тӑрг'овạц к'ој шạт'ал уд-гр'ат нạ-гр'ат.
Шạт'ајќи дујд'ел нạ-н'еко: прист'анишче, испạдн'ал уф-н'еко: с'ело.
Б'ило д'оцкạна и т'о: тӑрг'овạцо вид'ел д'ека свạт'е уф-н'еко: к'ӑшча
свит'ило (туг'ај нạм'ало л'амби, сạд'еле нạ-кạнд'ила, нạ-св'ешчички)
фл'ạз'ел уф-дв'оро и чукн'ал нạ-вр'а:тта. Т'и: испạдн'але г'аздите и-
 ọ- прạим'але нạ-г'осте. Т'а: в'ечạр 'они-пạ ки-прạв'иле пạрж'ешка,
     им'але р'одạно д'ете, ж'енцко. Прạв'иле шо-прạв'иле т'амка,
 в'ечạрта, ạд'етто ѝ- нạправ'иле и-си-л'ạгн'але. 'Оти с'елцка к'ӑшча,
 сирум'ашка, уф-'една удạј'а с'ите спиј'але, и т'о: л'ạгн'ал прạ-н'их.
 'Ама н'е-о-фạт'ило с'он, рạч'ел: "Ст'ој дạ-в'идум в'а: в'ечạр шо-ки-
 д'ојдạт, нạ-'та: м'ома шо-ки- к'ажạт!" Тạм'ам сạ-чин'ило пул'унуш
дујд'еле нạр'ечниците и-пучн'але дạ-кạж'увạт. П'ӑрвạта рạч'ела: "Е,
   д'е-ј-ж'ива и здр'ава, дạ пур'асне гул'ема, 'убуф кӑсм'ет д-'има."
   Др'угạта: "К'а ки пур'асне, т'о: шо-ј-д'ојдạн нạ-г'осте м'ӑш дạ-ј-
б'иде". Тр'етта пạ-рạч'ела: "Уф-гул'ем гр'ат д-'оде". Ут-т'ам стạн'але
   т'и:, си-удд'еле...          (Мара Кречова, Запишал Коста Пеев)
       Цитат за овој час: Го велјат на сфакрвата, за да разбере снаата.
                (Долновардарско - запишал Стефан Веркович)
СЕВЕРНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ
     Северното наречје ги опфаќа говорите кои на север
   допираат до јужните српски говори. На југ се простираат
   приближно до линијата Тетово - Скопје - Свети Николе -
    Пробиштип. Се дели на две групи: источна и западна
група говори. 1. Источната група ја сочинуваат говорите:
  кумановски, кратовски, кривопаланечки. 2. Во западната
  група влегуваат говорите: скопскоцрногорски, вратнички
  полошки и горански ( во областа Гора на Косово). Ваквата
  поделба е условена од особеностите на одделните говори.
    Говорите од источната група со некои јазични црти се
      приближуваат до говорите од источната група на
југоисточното наречје, додека, пак, оние од западната група
  споделуваат некои црти со западното македонско наречје.
    Сепак, во ова наречје се среќаваат и повеќе заеднички
 јазични особености на целата негова територија, со кои тоа
             се разликува од другите две наречја.
Меѓу поопштите црти на овие говори би ги спомнале:
 замената на старословенското ѫ (он) со у безмалку во сите
позиции (зуби, пут, рука, иду); наставката у (‹ ѫ) дури се
   наложила во општата форма кај именките од ж. р. (жену,
   њиву); замената на ъ и ь со ӑ (дӑш, дӑн); вокалното л ги
       дало замените у/лу/лӑ (вук, јабука, слуза, слӑза);
    вторичното ъ (ъ2) дало ӑ (ветӑр, мӑгла, лӑга); се чува
     старото палатално л (недеља, поље); предлогот в/во
             поминува во у (у градт, улезе, унутра).
  На морфолошко-синтаксички план од специфичностите ги
     одбележуваме: наставката -мо за прво лице множина
  (гледамо, одимо, носимо); настаката -ики кај именките од
    ср. род (телики, пилики); наставката -е во множина кај
именките од ж. р. (жене, њиве); наставката -ше во 3. л. мн.
      (они гледаше, имаше). Својствени на овие говори се
именските наставки: -ача, -оќа, -уша, -оња и сл. (капуљача
             староќа , чистоќа, деверуша, главоња).
Речениците може да почнуваат со кратките заменски форми
(за ж. р. = гу; за м. р. =га; Гу виду женуту; га фана њега).
  Сепак и во ова наречје може да се набројат повеќе црти со
кои говорите меѓу себе се разграничуваат. Така за источните
 говори е карактеристичен слободниот акцент, (својствен на
    југоисточното наречје), додека во западните говори е
 фиксиран на третиот слог; употреба на една членска форма
 (-ӑт човекӑт), наспрема тројниот член во западните говори.
Во западните говори е вобичаено губењето на меѓувокалното
  в; се испушта помошниот глагол во 3 л. во перфектот (во
    источните се чува). Во источните говори на северното
наречје е нормална употребата на кратките заменски форми
    зад глаголот (требе ͜ ми, поведе ͜ ме); удвојувањето на
предлогот со (сас/сӑс; сӑс њега) како и употреба на повеќе
         други предлози: уз, из, више, проз (през).
Северно наречје - Источни говори
                       Овчар и змија (Куманово)
    Јед'ӑн ноќ тро'ица овч'ари п'асле-си 'овце на-пл'анину. И-едн'о
  вр'еме сак'але-си да-зап'алив тут'ун, треб'ало-ги 'огӑањ, а-нем'але
  куд'е-њи н'ишто. Кӑт-гл'едав, углед'але т'амо на-р'идТ г'оре ед'ӑн
   'огӑањ. И-рекн'аја ед'ӑн: "Ќе-'иду да-зап'алу". От'ишја 'он т'амо,
      приближ'ил-се, кӑт-гл'еда 'около 'огӑањ тр'и дев'ојке с'едив
                           и-пр'авив-си муаб'ет.
     Ама-т'ија не-б'иле дев'ојке, б'иле зм'ије, па-се-претвор'иле у-
   дев'ојке. И-збор'иле-си м'еѓу њи. Едн'ата вик'ала: "Тр'и г'одине
в'оду н'е-сам п'ила, н'е-сам-се нап'ила". Др'угата вик'ала: "И ј'а 'еве
 тр'и г'одине н'е-сам п'ила в'оду..." А тр'еќата в'ика: "М'оре, в'и п'а-
 сте натоп'иле 'уста, ама-ј'а тр'и г'одине в'оду н'е-сам п'ила. Ј'утре,
     зн'ам, п'оп ќ-'иде у-т'уј њ'иву да-жњ'еје т'амо, па-кӑт-ќе-б'иде
пл'адне, по-јед'ење п'осле ќе-ст'ане поп'ова ќ'ерка да-зб'ира п'олози,
 ј'а ќе-се-скр'ију пот-п'рв п'ологк, кӑт-ќе-д'ојде 'она да-га-д'игне, ј'а
             ќе-гу-у'апу и-тӑгк ќ-'иду да-се-нап'ију в'оду"...
...Он'ӑј овч'ар слуш'ал па-неќе'ал да-'иде да-п'али циг'аре, врн'аја-се
 н'аѕат. К'ӑт ј'утрето д'ӑн, 'истина, п'оп от'ишја да-жњ'еје. Жњеј'еле
   а-он'ӑј овч'ар 'овце си-ги-в'рти 'около арг'ати. 'Они закач'али-га.
    'Он беќ'ар 'около дев'ојке се-в'рти. 'Оне га-закач'але, 'он си-св'е
  тер'ал по-њег'ово. Кӑт-ств'арно седн'але да-р'учав, руч'але, ќ'ерка
рипн'ала да-га-в'ати он'ӑј п'ологк куд'е што зм'ија б'ила. "Ст'ој, куд'е
    ќ-'идеш?" – рекн'ал он'ӑј овч'ар. Пр'ишӑал п'а сӑас-он'ај њег'ову
   чам'угу тргн'ал-га п'олог, кӑт-т'амо ед'ӑн котељ'ак зм'ија тол'ика.
 Ов'ија св'и се-исплаш'иле, фат'ило-ги стр'а. Шт'о-ли-је ов'ој. А-'он
   зем'ал он'ӑј ст'ап па врз-њ'ума и-в'ика: Б'ивај как'о што-си-б'ила
        с'иноќ 'или с'ӑк ќе-те-см'ачкам, питив'ан ќе-те-напр'аву.
    Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ. А-он'ај зм'ија коп'ешка-се по-
   м'алко, не-м'рда. По-др'уги п'ут, по-тр'еќи. И 'а да-изм'ане да-гу-
              'удри, и 'она бидн'ала дев'ојка, т'ај зм'ијата.
                Тима Ничова 80 г. (Божидар Видоески)
 Поука за овој час: Од искра пламен, од пламен пепел. Народна пословица.
                 (Светиниколско - запишал Душко Брдарски)
Северно наречје - Западни говори
                  Дванаесе месеца и бабата (Тетово)
'Имало една-ст'ара, га-н'еќеле д'ома, сн'ӑата га-н'ејќела. Б'ила з'има,
    сн'ег мн'огу, и сн'ӑата ѝ-р'екла: "Н'а-ти кошн'ицава д'а-'идеш
 у-пл'анина да-ми-д'онесеш ј'агоде". Б'абата р'екла:"Кӑј-ќ'е-најдем
 с'ега ј'агоде, 'има мн'огу сн'ек?" "Ќе-н'ајдеш, кӑј-ќе-н'ајдеш, з'еми
   кошн'ицава и ќе-'идеш". И б'абата т'аќе, га-з'ела кошн'ицата и
  т'ргнала у-пл'анина. 'Ишла, 'ишла, 'ишла и уд'убила у-пл'анина.
     И в'идела т'аму н'егдека некој-'оѓин да-г'ори, св'етело нешто
ка:-'оѓин, и п'а 'ишла, 'ишла, 'отишла кӑј-'огнот. Т'уе 'имало к'олиба,
 у-кол'ибата 'имало, б'иле мес'еците, дван'аесе м'есеца у-кол'ибата.
И 'она, б'абата р'екла: "Добр'о-вечер!" "Д'обро-ти б'ок, б'аб'о:, шт'о-
 мука 'имаш што-с'и-дошла?" "Е бре-с'инко, шт'о-мука, 'имам една-
   сн'ӑа мн'огу л'оша, ме-'испрати у-пл'анина по-ј'агоде, а кӑј-ќ'е
    најдем ј'агоде с'еа, 'еве н'е-е-вр'еме да-б'ерем ј'агоде, с'еа 'има
сн'ек". И ст'анаў д'ецембар, па-ј'ануар, ѝ-р'екоў:"А мори-б'або, што-
             зб'ори н'ародот, т'оўку сн'ек што-н'ападнаў?"
"А бре-с'инко, мн'огу 'убо:, д'еца се-л'изгаа, со-т'опке се-г'аѓаа, за-
    д'ецата р'адос". Т'аќе б'абата н'ишто л'ошо н'е-рекла. И ст'анаў
ј'уни, пр'ед-него м'ај: "'Ела, б'або:, м'ие ќе-ти-д'адемо ј'агоде". З'еле
ѝ-д'але ј'агоде н'ејзе, ѝ-нап'оўниле кошн'ичето со-ј'агоде и је-р'екле:
       "Ај-б'або:, со-зр'авје 'оди-си, од-'устата да-ти-изл'агаа св'е
    зл'атници, сребр'еници, т'и д'обра д'уша си-'имала, 'ај 'оди с'еа.
     Д'ошла д'ома ж'ената, кој-в'идела сн'ӑата ј'агоде н'оси п'оўна
к'ошница, кој-зб'ори п'аре 'од-'уста ѝ-п'аѓаа, ж'оўтице, ѝ-р'екла: "Ј'а
и-м'ајка-ми ќе-га-пр'атим". И з'ела м'ајка-е, га-пр'атила, 'ишла и ги-
   н'ашла н'ив, мес'еците. 'Ама кој-п'очнале да-га-пр'ашуа н'ега за-
з'имата, 'она св'е л'ошо зб'орела, в'икала: "г'рга н'ародот, од-з'имата
                  им-ст'уди", и-'ова, 'она, св'е н'ајлошо.
  И т'ога мес'еците р'екле: "Е 'ајде – од-'устата св'е зм'ие и см'око:ị
 да-ти-изл'агаа". Ни-ј'агоде ѝ-д'але, ни-н'ишто. И кој-д'ошла д'ома,
 см'око:ị, зм'ие, ж'абе ѝ-изл'агаа од-'устата. И т'аќе, к'ој пр'аị л'ошо,
                  ќе-н'ајде н'еарно. (Душица Нушеска)
ОНОМАСТИКА
 Ономастиката е дел од науката за јазикот (или пак, посебна
наука) која се занимава со проучување на сопствените имиња
 и презимиња, како и со проучување на имињата на местата
   или другите географските имиња. Стои во тесна врска со
етимологијата, дијалектологија, митологијата и сл. Порано се
 сметала за помошна наука на географијата, етнографијата и
на некои други научни дисциплини. Доаѓа од грчкото onoma =
      име; onomastikon = именослов, речник на имиња.
        Ономастиката се дели на две основни области:
           топономастика и антропономастика.
Предмет на проучување на топономастиката се топонимите,
 односно имињата на местата, односно географските имиња.
  Се дели на хидрономастика (ги проучува хидронимите =
     имињата поврзани со водите: реки, езера, мориња);
  орономастика (се занимава со оронимите = имињата на
  планини, ридови, долини...); ојкономастика (ги проучува
      ојконимите = имиња на градови, села, населби...)
Антропономастиката се занимава со проучување на
  антропонимите = имињата на луѓето. Тука спаѓаат личните
  имиња, презимињата и прекарите. Личните имиња се
     најстариот слој од антропонимите и се појавиле пред
   прекарите и презимињата. Според составот може да бидат
     прости (Петре, Александар, Елена, Марија) и сложени
      (Божидар, Светомир). Според потеклото може да ги
  разграничиме на словенски имиња (Весна, Драган, Вера), на
    христијански (Иван, Марија), на слој од други религии и
култури (Давид, Наталија,), на помодни (Елвис, Касандра) и сл.
    Прекарите се појавиле пред презимињата и со нив се
       разграничувале луѓето со исти имиња. Со нив се
     означува(ла) некоја психичка или физичка особина,
 занимање, или пак, тие се поврзани со местото на живеење
   и сл. (Зелен Јован, Андон Туфекчијата, Ванчо Лисицата,
 Триводалијата = од с. Три Води). Со текот на времето некои
              прекари поминале во презимиња.
Презимињата се појавиле најдоцна во нашиот јазик. Се
   образуваат најчесто со наставките -ов / -о(в)ски и -ев /
 -е(в)ски кои се додаваат на машките имиња (Стојанов/ски,
  Стојаноски, Ристов/ски, Ристески и сл.). Некои презимиња
    настанале од прекари (Ковачевски, Дујнимаглоски) или
   според населени места (Новоселски, Дојранлиев). Многу
      презимиња се создале под различни околности и во
     различни периоди, така што понекогаш е тешко да се
                      објаснат нивните значења.
       Покрај двете основни области, топономастиката и
  антропономастиката, ономастиката се занимава и со други
  сфери на имињата: космонимика (имиња на соѕвездија, на
 галаксии), астронимика (имиња на планети и други небесни
тела), зоонимика (имиња на животни) ергонимика (имиња на
                фирми, на продавници и сл.) и т.н.
   Поука за овој час: Поарно ет да имаш име чесно, ошто многу стребро.
                           Народна поговорка
СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРА
Реализмот кој како литературен правец беше доминантен во 19.
  век, на извесен начин продолжуваше да биде актуелен и на
      мода и во првите децении на следниот век. Некои од
   најголемите претставници на светската литература дел од
  своето творештво го создадоа токму на преминот меѓу двете
столетија (Л. Н. Толстој, А. П. Чехов, Х. Ибзен, А. Франс, М.
                       Пруст, А. Жид, ).
Нешто подоцна реализмот ќе се возобнови во Советскиот Сојуз,
 а по Втората светска војна и во другите социјалистички земји.
  Всушност, политичките прилики во 20 век во многу нешто ги
диктирале условите во кои се создавала уметноста, а во нејзии
рамки, и литературните дела. Тоа е век на две светски војни, на
    многу регионални војни, на блоковска поделба на светот,
извесен период време на т.н. студена војна. Епоха во која беше
срушен колонијализмот во Африка, Азија и Латинска Америка...
  Век на забрзан технолошки развој но и на светска економска
  криза (во триесеттите години). Сето тоа се рефлектираше и
наоѓаше одраз во литературните дела..
Модернизмот кој како правец беше актуелен во првите децении
на минатиот век, ќе биде заменет со егзистенцијализмот, кој во
основа беше филозофско учење. Во рамките на модернизмот ќе
 се разграничат повеќе струења (футуризам, експресионизам,
   дадаизам и сл.). Се појавува нов тип на театар - театар на
апсурдот, чиј производ е антидрамата. Во исто време се јавува
 и т.н. нов роман, во кој изразните средства и ефектите се во
   преден план за сметка на содржината, која, на пример, во
   натурализмот се предавала со фактографска прецизност.
 Во последните децении на 20. век широко се распространува
  еден нов поим постмодерна (постмодернизам), својствен на
повеќе сфери на човековото живеење (архитектурата, филмот,
  сликарството, музиката). Бидејќи зафаќа повеќе области од
животот, тешко може да му се определи точна дефиниција. Што
   се однесува до постмодерната во литературата, со неа се
   релативизира она што е значајно за другите правци: нема
 оригиналност во уметничкото дело, тие се парафразираат, се
земаат цитати од повеќе дела за да се направи ново, но се
        внимава тоа да не биде плагијат. Постои мешање на
  жанровите, во едно дело има и фантастика и реализам, има и
вметната критика и романтична љубов. Се зголемува улогата на
    читателот, се оставаат празни места во делото тој по своја
                    желба да ги пополни или осмисли.
     Интересно е тоа што македонската литература, на која со
 децении природното право да се развива, ѝ беше оспорувано,
 за многу кратко време успеа во меѓународната распределба на
    културни вредности да понуди свои постмодернисти (Горан
     Стефановски, Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Ермис
         Лафазановски, Игор Исаковски, Никола Маџиров...).
 Цитат за овој час: Пред сè, постмодернизмот се стреми кон проширување на
  границите на книжевноста преку промена на нејзиниот жанровски статус во
   однос на вообичаениот жанровски систем. Неретко, настанува мешање на
 жанровите или затскривање на еден жанр зад карактеристиките на друг, или
   ако сакате, наречете ја жанровска мимикрија или жанровска изместеност,
   која се коси со старите родово-жанровски конвенции. Јасмина М. -Гушева
АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (1860 - 1904)
       Антон Павлович Чехов е автор кој на руската и на
 светската литература ѝ подарува ремек-дела во форма на
  куси раскази и кој преку лирската драма се вбројува меѓу
      творците на модерното во овој литературен род.
     Чехов е роден во Таганрог, Ростовска област, во
   повеќедетно семејство. Татко му Павел Јегорович, се
занимавал со трговија во која и немал некој особен успех.
     Мајка му Евгенија Јаковлевна, била посветена на
   воспитување на децата и била личност која ја сакала
 уметноста, а особено театарот. Своите деца ги учела да
имаат одговорност кон работата, сочувство и милосрдност
               кон послабите и угнетените.
По неуспехот во трговијата, татко му со другите членови се
    преселил во Москва, а Антон останал во Таганрог и
     издржувајќи се самиот, со подучување на своите
            соученици, ја завршил гимназијата.
По доаѓањето во Москва, Антон Павлович Чехов и покрај
материјалните тешкотии успеал да го заврши медицинскиот
 факултет. Со солидно образование се стекнале и другите
негови браќа и сестра му. Во 1880 година ги пишува своите
први раскази под псевдонимот Антоша Чехонте и дури по
шест години под вистинското име ќе ја објави својата прва
 збирка Одбрани раскази за која критиката ќе се изрази
најпофално. Следната година ја објавува збирката Невини
 зборови со која ја потврдил својата раскажувачка дарба.
Истата година Чехов дебитирал со драмата Иванов за која
 и гледачите и критиката биле поделени во мислењата. Но
   значајно е да се каже дека е ова првенец во драмската
   област на кој писателот ќе ѝ остане верен до крајот на
                        својот живот.
    Врз расположбата на авторот влијание имала тешката
  положба на угнетените селани, како и смртта на еден од
                       неговите браќа.
Честите патувања низ Русија (низ Сибир и на крајниот исток
- на островот Сахалин), како и престојот во Одеса и на Јалта,
  уште повеќе ја подзасилиле депресијата која се вгнездила
  кај него. Особено е значајна посетата на затворениците на
 Сахалин, чии потресни слики ќе ги опише во повеќе раскази
                             и есеи.
Напоредно со писателската дејност Чехов се пројавил и како
      голем хуманист и како лекар, и како организатор на
добротворни акции за изградба на училишта и библиотеки на
кои им подарувал дел од своите творби. Домот во Мелихово,
     каде што едновреме живеел, било посетуван како од
уметници, така и од обични селани.Тука меѓу другите доаѓал
 П. И Чајковски, еден од најголемите руски композитори на
            19. век, автор на повеќе опери и балети.
     Поради туберкулозата, која сериозно му го нарушила
  здравјето, по наговор на лекарите се преселил на југот, на
        Јалта. И покрај болеста не престанал да пишува.
Во 1901 година се оженил со Олга Л. Книпер, артистка која
 ги играла главните улоги во некои од неговите драми.Таа
     ќе го придружува писателот на неговото последно
патување во германското бањско лекувалиште Баденвајлер.
    Чехов е автор и на збирките раскази: Во самракот,
 Тмурни луѓе, повестите Степа и Три години, и стотина
   други раскази; збирките есеи: По Сибир и Островот
  Сахалин. Драмскиот опус го составуваат Вујко Вања,
        Галеб, Три сестри и Вишновата градина.
   Чехов во своите раскази ја слика руската стварност од
крајот на 19. век. Повеќе од расказите се куси по форма во
кои на преден план избива хуморот. Хуморот е овде за да ја
    ублажи противречноста меѓу желбите на ликовите и
    мрачната стварност која ја живеат. Во тој поглед со
     раскажувачката постапка Чехов е многу близок до
              приврзаниците на натурализмот.
Мајсторството да навлезе во скришните места на душата
можеме да го видиме преку расказот Шега, во кој главниот
 лик Надја во миговите на возбуда и страв неколку пати ќе
  ги слушне зборовите Јас ве сакам, Надењка! За авторот
тогаш и по многу години,тоа било само една шега, За Надја,
               најнежен спомен во животот.
  Творештвото на Чехов се одликува со разнообразност во
    темите. Ги слика сите слоеви на руското општество.
   Неговите симпатии се секогаш на страната на ситните
 чиновници, на обесправените и на селаните (Селани). На
    потсмев ги подложува понизноста и камелеонството
                (Смртта на чиновникот).
    Поради тоа што не ја идеализира стварноста, туку ја
   прикажува нечистотијата и примитивизмот на руското
 општество, на двојниот морал, на негрижата за болните и
    немоќните, Чехов своевремено доживувал критики.
Во поглед на драмското творештво, Чехов ја негува т.н.
  лирска драма, во која ликовите живеат меѓу минатото и
      иднината. Стварноста што ги опкужува е груба и
неподнослива (Три сестри), или дека надежта за поубаво
 иднина ќе трае многу кратко (Вујко Вања). Дијалогот на
ликовите прозвучува како монолог. Тие како да зборуваат
                            сами за себе.
Чехов со начинот на раскажувачката постапка (да се биде
   кус во излагањето, со дозата на хумор, со пресврти во
дејството и со критиката на руското општество) е актуелен
и популарен и по повеќе од едно столетие. Доказ за тоа е
         екранизацијата на многу од неговите дела.
         Цитат за овој час: Здравиот човек има илјади желби,
             болниот само една. Антон Павлович Чехов

                            Чехов и Олга Книпер (1901)
СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (1906 - 1989)
     Средината на 20. век во литературата ја одбележа, меѓу
    другото, објавата на Чекајќи го Годо, (анти)драма од
   Семјуел Бекет, дело кое ќе предизвика спротивставени
   мислења кај критиката и кое ќе му ја донесе Нобеловата
 награда за литература (1969). И по повеќе од половина век
     од нејзиното прво прикажување (1953), драмата како
образец на т.н. театар на апсурдот е сѐ уште е актуелна и
                се игра на сцените ширум светот.
Семјуел Бекет е роден во близината на Даблин, каде што се
 школувал и каде што завршил студии по француски јазик и
    литература. Од 1938 година со мали прекини живее во
  Париз, работејќи едно време како личен секретар на Џемс
Џојс, познат ирски писател (Одисеј, Даблинци). Повеќе од
своите дела (а особено по Војната) ги пишува на француски
            јазик, а потоа ги преведува на англиски.
За време на Втората светска војна се приклучил на
 Движењето на отпорот, поради што живее во илегала. До
1950 година е сѐ уште во Париз каде што ги создава своите
  најзначајни дела. По добивањето на Нобеловата награда
 живее повлечено, одбивајќи да дава коментари за своите
дела. Умира во Париз, на 83. годишна возраст, само неколку
         месеци по смртта на својата сопруга Сузан.
  Во одлуката на Нобеловиот комитет пишува: На Семјуел
 Бекет му се доделува наградата за пионерската работа во
драмата и прозата во која трагедијата на современиот човек
                   станува негов триумф.
Бекет е автор на триесетина драми, дваесетина прозни дела
  (главно романи, меѓу кои и трилогијата романи: Молоу,
 Малоне умира и Неименливото) како и на шест збирки
 поезија. Автор е и на повеќе есеистички трудови за Данте
 Алигиери, за Марсел Пруст, за Џемс Џојс и сл. под чие
            влијание ќе ги создава своите дела.
На почетокот на својата писателска дејност Бекет е
  преокупиран со човековата егзистенција и оттуѓеноста на
          модерниот живот. Под силно влијание е на
 егзистенцијализмот на Ж. П. Сартр, кој му е современик, и
 во чија основа е песимистичката визија на човекот. Поради
   идеите изнесени во некои свои дела, Бекет не секогаш
наоѓал издавач за нивно објавување (Романот Марфи дури
  42 пати бил одбиван за печатење пред да биде објавен).
  За да ја прикаже бесмислата на човековото опстојување,
Бекет наместо вообичаените романескни постапки и драмски
   заплети, ги преповторува настаните и сцените со мали
измени, а луѓето во нив се беспомошни да направат нешто и
да се придвижат напред. Тие обично се слепи, неми, глуви и
сл. Ги поднесуваат страдањата во очекување дека нешто ќе
   се случи, дека ќе излезат од кругот на беспомошноста.
    Дијалогот на ликовите повеќе прилега на монолог, на
             повторување на исти фрази во кои
отсуствува дури и правилната граматичка структура. За да ја
 истакне бесмислата на сѐ, Бекет го разбива единството на
    времето, просторот и дејството (кај драмата). И покрај
длабокиот песимизам, делата на Бекет се исполнети со благ
 хумор и со уште подлабоко сочувство кон малите луѓе, кое
дури и нема граници. Во неговото драмско творештво покрај
 Чекајќи го Годо, овде ги одбележуваме уште и пиесите:
 Крај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, II,
  (дејството на сцената се одвива без зборови), Што, каде
                 (неговата последна драма).
  Дејството на драмата Чекајќи го Годо се случува во два
   чина, со содржина која нема некаква логика, или барем
каква би очекувале. Или, како што вели еден критичар тоа е
драма во која двапати ништо не се случува. Двајцата главни
 ликови Владимир и Естрагон водат бесмислени дијалози
  во очекување да се појави Годо. Ним им се приклучуваат
уште Поцо и Лаки, како и Момчето, на ист начин во двата
       чина, за да ја разбијат монотонијата на чекање.
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina

Contenu connexe

Tendances

четириаголник
четириаголникчетириаголник
четириаголникKaterina Ivanova
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.Petre Petre
 
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000Zivko Petrovski
 
предикат
предикатпредикат
предикатmilijana1
 
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100Дијана Стевковска
 
текстуални задаци са множењем и дељењем
текстуални задаци са множењем и  дељењемтекстуални задаци са множењем и  дељењем
текстуални задаци са множењем и дељењемMilica Vasiljevic
 
собирање до 1000
собирање до 1000собирање до 1000
собирање до 1000Zivko Petrovski
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMBiljana CM
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеMarija Piskacheva
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiNatasa Durtanoska
 
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjem
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjemJednacine sa sabiranjem i oduzimanjem
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjemSvetlana Grujić
 
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nasSanelaPasicDelahmeto
 

Tendances (20)

четириаголник
четириаголникчетириаголник
четириаголник
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.
 
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
контролни задачи собирање и одземање без премин до 1000
 
Tekst zadaci
Tekst zadaciTekst zadaci
Tekst zadaci
 
предикат
предикатпредикат
предикат
 
Za novata prolet
Za novata proletZa novata prolet
Za novata prolet
 
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100
КВИЗ - Вежби: Собирање и одземање броеви до 100
 
текстуални задаци са множењем и дељењем
текстуални задаци са множењем и  дељењемтекстуални задаци са множењем и  дељењем
текстуални задаци са множењем и дељењем
 
собирање до 1000
собирање до 1000собирање до 1000
собирање до 1000
 
Rad pismeni-zadatak-u-savremenoj-nastavi-srpskog-jezika-i-knjizevnosti-marija...
Rad pismeni-zadatak-u-savremenoj-nastavi-srpskog-jezika-i-knjizevnosti-marija...Rad pismeni-zadatak-u-savremenoj-nastavi-srpskog-jezika-i-knjizevnosti-marija...
Rad pismeni-zadatak-u-savremenoj-nastavi-srpskog-jezika-i-knjizevnosti-marija...
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCM
 
Broevi do 1000 test
Broevi do 1000 testBroevi do 1000 test
Broevi do 1000 test
 
Direkten i indirekten govor
Direkten i indirekten govorDirekten i indirekten govor
Direkten i indirekten govor
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовите
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
 
Pridevi
PrideviPridevi
Pridevi
 
правопис провера
правопис провераправопис провера
правопис провера
 
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjem
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjemJednacine sa sabiranjem i oduzimanjem
Jednacine sa sabiranjem i oduzimanjem
 
Predlog kontrolnih l ogos
Predlog kontrolnih l ogosPredlog kontrolnih l ogos
Predlog kontrolnih l ogos
 
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas
3. kontrolne vežbe 3 srpski jezik matematika svet oko nas
 

En vedette

појава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијапојава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијаskate99
 
Predromantizam i romantizam
Predromantizam i romantizamPredromantizam i romantizam
Predromantizam i romantizamHrvatski Jezik
 
Series 31 DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literature
Series 31  DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literatureSeries 31  DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literature
Series 31 DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literatureSatpanth Dharm
 
Series 9 atharv ved shlok comparison -d
Series 9  atharv ved shlok comparison -dSeries 9  atharv ved shlok comparison -d
Series 9 atharv ved shlok comparison -dSatpanth Dharm
 
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训 在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训 zhiyanhui
 
Series 5 some pages of pooja vidhi
Series 5  some pages of pooja vidhiSeries 5  some pages of pooja vidhi
Series 5 some pages of pooja vidhiSatpanth Dharm
 
TEDxWroclaw - islamic perspectives of banking
TEDxWroclaw - islamic perspectives of bankingTEDxWroclaw - islamic perspectives of banking
TEDxWroclaw - islamic perspectives of bankingWojciech
 
Series 9 attachment -photos of original hindu atharv ved pages
Series 9  attachment -photos of original hindu atharv ved pagesSeries 9  attachment -photos of original hindu atharv ved pages
Series 9 attachment -photos of original hindu atharv ved pagesSatpanth Dharm
 
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -de
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -deSeries 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -de
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -deSatpanth Dharm
 
Series 32 1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -Inauguration
Series 32  1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -InaugurationSeries 32  1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -Inauguration
Series 32 1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -InaugurationSatpanth Dharm
 
дезинфекция, стерилизация, пастеризация
дезинфекция, стерилизация, пастеризациядезинфекция, стерилизация, пастеризация
дезинфекция, стерилизация, пастеризацияguest01dd674
 

En vedette (20)

Љубов во моето срце
Љубов во моето срцеЉубов во моето срце
Љубов во моето срце
 
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godinaMakedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
 
појава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во францијапојава на романтизмот во франција
појава на романтизмот во франција
 
Romantizam
RomantizamRomantizam
Romantizam
 
Romantizam
RomantizamRomantizam
Romantizam
 
Predromantizam i romantizam
Predromantizam i romantizamPredromantizam i romantizam
Predromantizam i romantizam
 
Romantizam
RomantizamRomantizam
Romantizam
 
Series 31 DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literature
Series 31  DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literatureSeries 31  DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literature
Series 31 DNA -Ahmedabad 04-mar-2011 -Islamic practices, rituals and literature
 
Series 9 atharv ved shlok comparison -d
Series 9  atharv ved shlok comparison -dSeries 9  atharv ved shlok comparison -d
Series 9 atharv ved shlok comparison -d
 
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训 在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训
在互联网公司推行SDL(Security Development Lifecycle)的一些经验和教训
 
Effective googling
Effective googlingEffective googling
Effective googling
 
Series 5 some pages of pooja vidhi
Series 5  some pages of pooja vidhiSeries 5  some pages of pooja vidhi
Series 5 some pages of pooja vidhi
 
TEDxWroclaw - islamic perspectives of banking
TEDxWroclaw - islamic perspectives of bankingTEDxWroclaw - islamic perspectives of banking
TEDxWroclaw - islamic perspectives of banking
 
Series 9 attachment -photos of original hindu atharv ved pages
Series 9  attachment -photos of original hindu atharv ved pagesSeries 9  attachment -photos of original hindu atharv ved pages
Series 9 attachment -photos of original hindu atharv ved pages
 
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -de
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -deSeries 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -de
Series 26 - chains of pirana -a short article about changes in pirana -de
 
Series 32 1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -Inauguration
Series 32  1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -InaugurationSeries 32  1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -Inauguration
Series 32 1945 -Umiya Mataji Vandhay Mandir -Inauguration
 
дезинфекция, стерилизация, пастеризация
дезинфекция, стерилизация, пастеризациядезинфекция, стерилизация, пастеризация
дезинфекция, стерилизация, пастеризация
 
May 2010 Issue
May 2010 IssueMay 2010 Issue
May 2010 Issue
 
Diana
DianaDiana
Diana
 
R edes inte
R edes inteR edes inte
R edes inte
 

Similaire à Makedonski jazik i literatura iv godina

Makedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina новоMakedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina новоТрајан Божинов
 
Македонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиМакедонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиТрајан Божинов
 
Македонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III годинаМакедонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III годинаТрајан Божинов
 
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviMakedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviТрајан Божинов
 
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
ГТМ планирање за IV  одд.2014/15ГТМ планирање за IV  одд.2014/15
ГТМ планирање за IV одд.2014/15Violetka Spasevska
 
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptxСил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptxMerlinaTolevska1
 
2оддтематско set sail
2оддтематско set sail2оддтематско set sail
2оддтематско set sailJulijana Stoilkova
 

Similaire à Makedonski jazik i literatura iv godina (14)

Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmdMakedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
 
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godinaMakedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina новоMakedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina ново
 
Македонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиМакедонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстови
 
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godinaMakedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
 
Македонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III годинаМакедонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III година
 
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godinaMakedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
 
Makedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godinaMakedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godina
 
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviMakedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
 
Nastavni programi vi odd
Nastavni programi vi oddNastavni programi vi odd
Nastavni programi vi odd
 
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
ГТМ планирање за IV  одд.2014/15ГТМ планирање за IV  одд.2014/15
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
 
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptxСил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
 
2оддтематско set sail
2оддтематско set sail2оддтематско set sail
2оддтематско set sail
 
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godinaMakedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
 

Makedonski jazik i literatura iv godina

  • 1. ДОБРОДОЈДОВТЕ! Вие сте на почетокот на презентациите од содржините по Македонски јазик и литература за четврта година на средното стручно образование. Тие се правени според новата наставна програма за четиригодишно образование, приготвена од Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Во првиот дел е предаден граматичкиот материјал, а во продолжение се изложени содржините од подрачјето светска и македонска литература. Во недостаток на учебници и други помагала за делот од литература, се користени податоци од разни извори, најчесто од интернет и особено се внимаваше да не бидат тоа страници со застарени (неажурирани) податоци, или такви кои поради нечија неодговорност престанале да се отвораат (на пример, страницата на Друштвото на писателите на Македонија).
  • 2. Опитот стекнат со презентациите (и текстовите) за втора и трета година се користеше да се внесат некои новини во изложувањето на податоците. При обработката на слајдовите е користена програмата за презентации на Softmaker office. За да може да се проследат коментарите кон одделни автори (или лекции) и да се видат некои од ефектите на презентациите, потребно е да се преземат (симнат) и да се читаат на полн екран (full screen mode). Препорачуваме да се инсталира adobe reader x или pdf- xchange-viewer. Материјалите може слободно да се користат и печатат (но не за комерцијални цели). Вашите коментари и забелешки за евентуални пропусти ќе ми бидат драгоцени за нивно отстранување. Мојата адреса: trajan.vapcar@yahoo.com и мојот блог: trajan-vapcar.blogspot.com Трајан Божинов, професор Успех на матурата!
  • 3. ФРАЗЕОЛОГИЈА Фразеологијата е дел од лексикологијата која ги проучува зборовните состави како одделни лексички единици, наречени фразеологизми или фразеолошки изрази (грч. phrasis = израз; logos = наука, учење). Во реченицата зборовите се поврзуваат меѓу себе во состави или целости. Врската меѓу зборовите во тие состави може да биде слободна, при што зборовите си ги задржуваат основните значења: Мие раце пред секое јадење. Но во реченицата Мие раце од таа работа; врската е неслободна и постојана, а одбележаниот состав има значење: отфрла одговорност од себе за нешто.Тоа значење е ново и сосема различно од основното значење на составот. Составите од овој тип имаат ново значење кое не е збир од значењата на составните зборови. Спореди уште: прст и плева = многу (прст, арх.= ровка земја); од новина на гинеж = многу ретко; скрши глава =отиде некаде.
  • 4. Фразеологизмите ги имаат следниве одлики: 1. Тие се со скаменети, неизменливи форми: не може да се каже прстот и плевата, или дедови деветини, ами само прст и плева, и бабини деветини. 2. Имаат ново и единствено значење, еднакво на одделни лексички единици (лексеми): му ја покажа вратата =го истера; скрши глава =отиде; мед и млеко = сѐ; стара коска = издржлив; петта колона = предавници. 3. Имаат посебна стилска вредност, се користи преносното (метафорично) значење на зборовите: огин и пламен =многу е скапо; како од мајка роден = сосема гол; од комарецот масло вади =голем скаперник е; мувата камила ја прави = ги преувеличува работите. Фразеологизмите настанале во одреден момент, како резултат на одредено животно искуство, се поврзани за некој настан и сл. Тие се специфични за секој јазик и многу е тешко да се преведуваат буквално на друг јазик. Цитат за овој час: Јазикот коски нема, коски крши. Народна поговорка
  • 5. ПОДЕЛБА НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ Фразеологизмите можеме да ги поделиме врз повеќе основи: според степенот на слеаноста (неделивоста), според граматичкиот состав, според потеклото, според значењето, според функциите и сл. I. Според степенот на слеаноста фразеологизмите ги делиме на: а. фразеолошки срастувања, б. фразеолошки единства и в. фразеолошки спојки. а. Кај фразеолошките срастувања степенот на слеаноста е најголем и тоа се зборовни групи неделиви по своето значење. Се викаат уште и идиоми. Врската меѓу зборовите е најнеслободна. Значењето што го имаат е сосема различно од значењето на составните зборови: рака на срце = отворено; фрла пушка = пука (арх.). Поради големата сраснатост меѓу зборовите, тие најчесто не ја менуваат ни граматичата структура: на лице место; се фатија за гуша; не може: се фатија за гушата.
  • 6. б. Фразеолошките единства се изрази кои можат да имаат и основно значење, но и преносно. Кај овие фразеологизми врската меѓу значењата не е сосема прекината. Така во Го обра бостанот и го продаде; и Притиснат е до ѕидот и одвај дише; значењето на составите е основно, директно. Но во примерите: Го обра бостанот дури сега и Притиснат е со докази и мораше да признае, значењето на составите е преносно и сликовито. Тоа се фразеолошки единства кај кои врската меѓу зборовните состави може да биде полабава, па меѓу нив може да се вметнуваат и други зборови. Спореди уште: Има мува (пчела) на капата; лови во матно; ја врти водата на својата (твојата) воденица. Тоа значи дека врската меѓу основното и преносното значење не е целосно прекината. в. Фразеолошките спојки се зборовни состави кај кои само едниот од зборовите има преносно значење, а другиот се јавува со своето основно значење.
  • 7. Кај овие изрази едниот член се јавува како постојан дел, а другиот е променлив и може да се замени.Спореди: златна (сребрена) свадба = 50. (25.) годишнина од брак; железна (челична) дисциплина; леден (студен, мрачен) поглед. Овие спојки не се целосно лексикализирани и дури некои од нив можат да претрпат и морфолошки промени. г. Некои лингвисти (Ружа Паноска) во посебна група ги одделуваат т.н. фразеолошки изрази кои стојат близу до фразеолошките срастувања и фразеолошките единства. Тоа се неделиви зборовни состави и со постојано значење. Некои од нив се добиени по литературен пат (Ахилова петица, Авгиеви обори, алфа и омега). Во оваа група се поместуваат пословиците, поговорките цитатите и сл: седи како на трње; ги продаде рибите - го напрчи кошот; го зеде на душа; сега му е мајката, коцката е фрлена; во четири очи; со половина уста; Тука спаѓаат пред сѐ оние кои во себе содржат преносно (метафорично) значење.
  • 8. II. Според граматичкиот состав фразеологизмите делиме во две основни групи: а. фразеологизми во форма на реченица и б. фразеологизми во форма на зборовна група (синтагма). а. Фразеологизмите со структура на реченица можат да бидат во вид на проста реченица, (си легна на брашното; го зеде на око; има вујко владика); како сложена реченица, (кај скокала козата, таму ќе скока и јарето; посакала шута рогови, останала и без уши) или, пак, како дел-реченица од сложената реченица (Сите знаевме дека има зајачко срце; Слушнавме како само со еден збор му ја затвори устата). б. Фразеологизмите во форма на синтагма можат да бидат составени од различни зборовни групи: 1. од придавка и именка (железна завеса; цврста рака; здрав разум); 2. од именка и именка (забот на времето; ветар и магла; од лулка до дупка). Спореди уште во народниот јазик:
  • 9. како брашно на заем; повторија - потресија (повторниот брак може да предизвика непријатности); вересија - потресија; ортаклак - кипезлак (= срамотилак; ортачката работа може да донесе срамота ако не се работи чесно) 3. од придавка и придавка (носен недоносен; од мил помил стана); 4. од број и именка (два-три дена, пет-шест месеци); 5. од прилог и прилог (криво-лево; згора-згора; криво ти право ти, така си е; колку-толку, доволно ни е). Надвор од именските групи (синтагмите), можат да се разгледуваат фразеологизмите составени од глаголски форми со спротивставен (антонимен) однос (коли-беси; врти-сучи; оди ми дојди ми прави); или пак од глаголски именки (кои пак се на границата меѓу глаголите и именките: земање-давање). Според уште и: на ти, дај ми. Цитат за овој час: Живо живољанче, на жив скут седе, живо месо тегле. (дијалектно, гат. бебе кое цица)
  • 10. СТИЛИСТИКА Стилистиката е научна дисциплина чиј предмет на проучување е стилот. Самиот поим стил е повеќезначен и се користи во јазикот, во литературата и другите гранки на уметноста, како и во речиси сите сфери на животот (модата, спортот, политиката). Во краен случај стилот е начин на однесување на секој човек како индивидуа (Стилот, тоа е самиот човек - Ж. Бифон). Што се однесува до тој поим во јазикот и литературата, стилот можеме да го определиме како начин на изразување, како начин на пишување и зборување; уште како начин на употреба на јазичните и литературните изразни средства и т.н . Науката која се занимава со проучување на стилот во литературните дела се нарекува литературна стилистика, додека лингвостилистиката ги проучува јазичните средства во литературните дела. Во нивните рамки постојат повеќе подвидови и правци.
  • 11. Меѓу нив се задржуваме на функционалната стилистика, која се занимава со проучување на функционалните стилови. Под функционален стил се подразбира начин на користење на јазикот во определени услови. Тука мислиме пред сѐ на областа во која се одвива општењето; дали тоа општење се јавува во писмена или говорена форма; дали карактерот на општењето е службен (официјален) или неслужбен и сл. Иако понекогаш е тешко да се разграничи еден стил од друг, затоа што меѓу нив нема остра граница, сепак ги издвојуваме следниве функционални стилови: научен, административен, публицистички, уметничколитературен и разговорен. 1. Научниот стил се користи во науката, во образованието, како и за популаризација на научните достигнувања. Се дели на три потстилови: строгонаучен, научно-популарен и научно- учебнички. а. Строго научниот потстил се употребува при пишување на дела со научна содржина кои се наменети за специјалисти од одредени области.
  • 12. При тој потстил се оперира со поими и факти кои не се секогаш, или малку се, разбирливи за пошироката читателска публика. Исто така многу често при формулацијата на некои докази и термини се цитираат (се пренесуваат) мислењата на други научници. Писмени форми (родови) преку кои се застапува овој потстил се: монографија, дисертација, реферат и сл. б. Научно-популарниот потстил ги има меѓу другите функции, и таа да ги запознава читателите со научните сознанија, на разбирлив начин, со едноставен јазик. Форми (родови) преку кои се пројавува се: книга, статија. Во последно време тој потстил е доминантен во научно- популарните серии на телевизија и на интернет. в. Научно-учебнички потстил се користи при пишување на учебници, прирачници и сл. Научните сознанија и факти се предаваат за оние на кои им се наменети учебниците, на разбирлив начин (или дури забавен - за најмалите!).
  • 13. Во врска со областите што се предмет на проучување науките ги делиме на хуманитарни (науката за јазикот, науката за литературата, историјата, филозофијата и сл.); природноматематички (математиката, физиката, хемијата и сл.) и технички науки (електротехниката, машинството, градежништво). Што се однесува до лексиката која се користи во овој стил, таа во основа е општонародна, со висок степен на интернационализми (особено кај техничките науки), како и на зборови од апстрактната лексика. И во поглед на морфологија и синтаксата овој стил има свои особености што го разликува од другите стилови (засилена употреба на именките наспроти глаголите; зачестена употреба на безличните и пасивните реченици и сл.). 2. Административниот стил (канцелариски, официјално- деловен) зафаќа широко подрачје на употреба. Се користи во општењето меѓу државите, во институциите на една држава,
  • 14. како и во обраќањето на граѓаните до институциите во државата. Овој стил ги апсорбира исто така активностите и комуникацијата на разни организации и политички партии. Особености на овој стил се одмереност, објективност и информативност. Користи востановени форми на изразување преку употреба на однапред изготвени формулари. Потстилови на административниот стил се: дипломатскиот, законодавно-правниот, деловниот , личниот (персоналниот) и општествено-политичкиот потстил . Во зависност од тоа за кој потстил се работи, лексиката може повеќе или помалку да се разликува. Така, за дипломатскиот потстил се вобичаени зборови и изрази како: акредитација, протестна нота, аташе. Дури и се претпочитува оригиналната форма persona non grata (непожелна личност). Фрази и термини од интернационалната лексика се вообичаени и за законодавно- правниот потстил: предлог-резолуција, амандман, параграф. Поука за овој час: Зборот дупка не дупнува, ама се паметува. Народна
  • 15. За деловниот и личниот потстил се својствени термини како молба, приговор, подносител (на барањето). Во поглед на морфологијата кај овој стил, употребата на именките е повообичаена за сметка на глаголите; и уште: за лицата од женски род кои вршат функции да се користи формата за машки род: директор, претседател, судија (но во разговорниот јазик – судијка). Во областа на синтаксата се користат веќе востановени обрасци од типот на Врз основа на член ...од Законот за...; На барање на ... Заради потребата од точни и недвосмислени искази, во еден текст често има повторување на исти формулации. Тоа особено се однесува за законодавно- правниот потстил. 3. Публицистички стил . Овој стил ги зафаќа сите сфери на општествениот и политичкиот живот: образованието, науката, политиката, економијата културата и сл. Се јавува во пишувана (почесто) и во говорена форма (поретко).
  • 16. Се реализира преку следниве медиуми: весниците, радиото, телевизијата и во последните години преку интернетот, кој пак, ги обединува другите медиуми. Од функциите што ги остварува овој стил најважна е информативната. Со неа се има за цел да им се пренесе информацијата на широкиот круг корисници, при што брзината на преносот е исто толку важна колку и самата информација. Многу често преку новостите што се објавуваат се искажуваат и личните ставови на авторите, со кои се сака да се влијае на создавање на јавното мислење. Кај овој стил може да разграничат два потстила: новинарски со кој најмногу се информира (преку вести, соопштенија, интервјуа); се анализира (преку уводници, коментари, полемики, критики; се забавува (преку додатоци за енигматика) и публицистички во потесна смисла, во кој се доминантни монографијата и фељтонот и преку кои се осветлуваат настани и личности од минатото и сл.
  • 17. Иако во основата на овој стил (и на другите стилови) треба да биде литературниот (стандардниот) јазик, многу често се наидува на јазични пропусти и недоследности. Како олеснителна околност не може да се земе оправдувањето дека поради брзината со која треба да се соопшти веста, се заборава на јазикот, или пак, дека слободата на изразувањето вклучува и слобода на користење на јазичните средства. 4. Уметничколитературниот стил се негува во литературата која е една од гранките на уметноста. За овој стил е значајно тоа што провладува естетската функција, за разлика од другите стилови, каде што е доминантна комуникативната функција. Уметничколитературниот стил се остварува низ трите родови (лирика, епика и драма), кои пак, во себе содржат по повеќе видови. За доловување на естетската функција авторот користи стилски фигури и тропи. Богатството на лексичкиот состав на јазикот најцелосно се одразува токму преку овој стил. Иако во основата на уметничколитературниот стил е стандардниот
  • 18. (литературниот) јазик, писателот по потреба посегнува по дијалектизми, архаизми и други нестандардни елементи за да наслика поуверливо некој лик или некоја средина. Понекогаш авторот прибегнува и кон создавање на нови зборови (неологизми), ако тие ги спазуваат нормите за зборообразување на јазикот. 5. Разговорниот стил има широка област на користење во секојдневниот живот и главно служи за комуникација. Со мали исклучоци, се користи говорената форма преку раскажување, дијалог, полилог. Во зависност од тоа кој општествен слој го користи, можеме да зборуваме за повеќе потстилови на разговорниот стил: разговорен потстил на ученици и студенти, разговорен потстил на затвореници, разговорен потстил на занаетчии и трговци т.н. Овој стил има повеќе особености како што се: економичност во изразувањето (како си?, каде?, пријатно!) при што се користат гестови и сл. за дополнување на исказот;
  • 19. непосредност и спонтаност кои се создаваат при самото општење како резултат на меѓусебните реакции на соговорниците; слобода во изразување при што почесто се користат зборови за искажување на емоционални состојби. Во поглед на јазичните особености многу често има отстапување од литературната норма, како на фонетски и морфолошки план, така и во областа на лексиката: елизија на гласовите: глеам, ќ одиме и ќе ојме; користење на интонацијата за искажување на значење спротивно на она што би го очекувале: Многу му знае устата!; употреба на наставки нетипични за нормата: пивара, лебара филмаџија, зачестена употреба на сврзници заради поголема сликовитост и изразност; лексеми како мерак, шиткач, апаш, фразеологизми од типот на за сто мерака. За овој стил и во областа на синтаксата се среќаваат типични конструкции: Слушај сега вака; Абе види тоа! Треба многу, што се вели, пот! Поука за овој час: Зборот дури не го продумаш и преживаш добро, не збори го пред секого. Народна поговорка
  • 20. ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА Дијалектологијата е дел од науката за јазикот која се занимава со проучување на дијалектите (говорите) на еден јазик. Во рамките на еден општонароден јазик постои литературна (стандардна) норма која е задолжителна (официјална) за образованието, културата, науката и другите области на општествениот живот, и на целата територија на државата. Но исто така постои и јазик кој е ограничен на поголема или помала територија и кој служи за комуникација меѓу луѓето од таа територија. За тој јазик велиме дека е дијалектен или дијалект (од грч. dialektos = говор, зборување; и logos = наука). Во поново време на проучувањето на дијалектите им се посветува особено внимание, бидејќи тие претставуваат системи со изградена внатрешна структура, а не обичен збир на јазични особености. Во тесна врска со дијалектната диференцијација (поделба, разграничување) на јазикот, стои објаснувањето на поимите: дијалект, говор и наречје.
  • 21. Под поимот дијалект подразбираме поголема јазична целина ограничена на одредена територија, или како територијална варијанта на еден јазик, кој служи како средство за општење на поголема група луѓе. Поимот говор го објаснуваме како помала јазична целина којa е територијално и социјално е ограничена. Говорот служи за изразување на помала група луѓе, понекогаш професионално и социјално поврзани (говор на ѕидарите, = дулгерски говор, арх., говор на трговците, говор на затворениците и сл.). Наречјето е најголема јазична целина која обединува повеќе блиски дијалекти или група дијалекти и говори, кои имаат повеќе заеднички јазични особености. Врз основа на фонетските, морфолошките и синтаксичките разновидности, македонската јазична територија се дели на три наречја: западно наречје, југоисточно наречје и северно наречје (според проф. Божидар Видоески).
  • 22.
  • 23. Покрај ова, позната е поделбата на македонските говори на две основни групи: на западна и источна група, меѓу кои се преодните говори тиквешко-мариовските и костурско-леринските (според проф. Блаже Конески). Секое од овие наречја покрај општонародната лексика која е заедничка за сите дијалекти и говори, има и зборовен (лексички) фонд карактеристичен само за тоа наречје. Дел од особеностите на македонските говори се јавиле како резултат на внатрешниот развој на македонскиот јазик и се прошириле на поголемиот дел од македонската јазична територија (замената на еровите ъ и ь, со о, односно е; наставката -ме за прво лице множина, појавата на членот, удвојувањето на предметот и сл.). Но има и особености кои настанале под влијание на соседните словенски и несловенски јазици (губењето на падежите, губењето на инфинитивот, постпозицијата на членот). Дел од јазичните црти, пак, се карактеристика само на одделни говори.
  • 24. ИЗГОВОРОТ НА НЕКОИ ГЛАСОВИ ӑ Се изговара како старословенските ъ, ь: вӑк, пӑно ạ Гласот а кој клони кон изговорот на ӑ: нạ-тạв'ано ọ Гласот о кој клони кон изговорот на у: пọчн'ала ẹ Гласот е кој клони кон изговорот на и: сẹг'а ӑа Гласот ӑ кој клони кон изговорот на а: сӑас, огӑањ а:, о:, и:, е:, у:, Долго а, о, и, е, у во некои говори: в'а:, (лит. оваа) д'а:м (лит. дадам), ут-к'о: (лит. од кога), ти: (лит. тие) гк Звучно г на крајот на зборот: п'ологк, ў , л кое поминува во неслоговно у: ж'оўтице, т'оўку Илустративниот материјал кон одделните говори е позајмен од книгата на Божидар Видоески: Текстови од дијалектите на македонскиот јазик, Скопје 2000. За некои прашања е консултиран и учебникот на авторите Венко Андоновски и Марјан Матковиќ: Македонски јазик и литература за IV година, Култура.
  • 25. ЗАПАДНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ Ова наречје го зафаќа западниот дел на македонската јазична територија. Се простира од западните делови на Шар Планина на север, сѐ до јужниот дел на Преспанското Езеро. Јужната граница е нешто малку посеверно од градот Лерин и на исток оди нешто позападно од течението на Црна Река, излегува малку по на исток од Велес. Североисточната граница продолжува кон Скопје и излегува нешто посеверно од Скопје. Со правецот Скопје-Тетово-Шар Планина се затвора северната граница. Западното наречје се дели на две основни групи говори: Централни говори и периферни говори. 1. Централната група говори ја сочинуваат говорите: скопско-велешки, прилепско-битолски, кичевски-поречки. 2. Во периферната група говори влегуваат говорите: горнополошки, дебарски, малорекански дебарски, рекански торбешки, дримколско-голобрдски, струшки, охридски, преспански и вевчанско-радошки.
  • 26. Говорите од западното наречје имаат повеќе заеднички особености кои ги поврзуваат меѓу себе, а со кои се одделуваат од југоисточното наречје. На фонетско- фонолошки план се: третосложниот акцент (него́вата, воденицата, учите́лите, не ͜ ми ͜ се́ ͜ јаде); нормален изговор ́ на неакцентираните самогласки; губење на интервокалното в (глаа, крастаица, суроица >суројца); замената на ѣ (јат) во е зад ц (цеди, цени, цедило); појава на протетичко (вметнато) ј (јаже, јадица, јаглен); губењето на х и негова замена со в/ф (страв/страф, стравот, бев/беф, мевот). Од морфолошките и синтаксичките особености ги истакнуваме: множинската форма -ови (столови, снопови); постоење на тројниот член (човекот - човеков - човекон); личната заменка за 3.л. (тој, таа, тоа, тие); употреба на дативните форми кај личните и роднинските имиња (му рече Стојану, Петреве/ Петрету); доследна употреба на двојниот предмет (Го видов човекот, ѝ реков на жената); зачестена
  • 27. употреба на конструкциите од типот има/нема и глаголска придавка (имам носено, имав носено, имал носено); испуштање на помошниот глагол во 3. л. во перфект (тој гледал, тие гледале); употреба на конструкции од помошниот глагол сум и глаголска придавка (е дојден, бил дојден); употреба на кратките заменски форми пред глаголот (го најде, му рече,). Сепак говорите од западното наречје имаат и повеќе особености со кои тие меѓу себе се разликуваат и се одделуваат. Така, различна е замената на старословенското ѫ (он) во периферните говори (рӑка, рока, рӓка); замената на вокално р и л (пӑрсти, сӑрце, вӑлк, слӑнце, сӑлза); користење на фонемите шт и жд , односно шч, жџ (свешта, викаешти, межда), потоа чување на старото ѕ (ноѕе/ноѕе, бубреѕи). Разликувачки особености има и кај некои наставки во глаголските времиња и сл. Поука за овој час: Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето. Народна поговорка
  • 28. Западно наречје - Централни говори Господ и Нојо (Прилеп) Му-к'ажал Г'оспо на-Н'оја, ќе-б'иди п'отоп. Н'ојо р'екол: Кога-ќ'е- биди п'отопо да-зн'ам. Кога-ќ'е-биди, коа-ќ'е-ј'адиш на-ж'елезна с'инија, т'огаш да-се-с'етиш, да-се-с'етиш оти-ќе-б'иди. Ама-да-си- н'апрајш к'орап п'оголем, да-з'емиш от-с'екоа л'ишка по-дв'е да-не- се-з'агуби с'емето. Б'ило л'ете, жн'ијале. 'Озгора в'рни, 'оздола в'ода 'извирај. И-кл'але с'рпојте в'ака, и-ск'рстиле, и-кл'але л'еб да-ј'адат, и-т'огаш се-с'етиле оти-ќе-б'иди п'отоп, како-шо-р'екол Г'оспо. Се- нас'обрале от-с'ите л'ишки по-дв'е, по-дв'е, вл'егле во к'орабо и-на- некој-р'ид н'ајголем шо-б'ил на-св'етот, н'ајвисок, т'аму ќе-го терал Н'ојо. Се-ск'инал п'усти к'орап н'егде, вл'егло в'ода, зм'ијата со- оп'ашката го-з'атнала. И-коа -'излегле т'аму в'еќе на-суво, р'екла зм'ијата: от-која крф је-н'ајблага 'од-неа да-п'ијат. Па-чоечкат'а-крф б'ила н'ајблага. Г'арванот з'инал да-к'ажи, дури-р'екол г'а, ласт'ујцата му-го-ск'инала ј'азико со-кл'унот, 'останал г'аврано б'ез- јазик в'ек и-с'ут. А-пак-ласт'ојцата з'ела ч'ес, с'еа з'атоа во-к'уќа пр'ај с'едела. Дунавка Конеска (Блаже Конески)
  • 29. Западно наречје - Периферни говори Имало и побудали (Вевчани) Б'иле мајка-'и-ќерка. Ќ'еркава б'ила тр'удна. 'Имале ск'епар на- п'олица кл'ајно и-пл'ачеле с'екој-ден, си-м'ислеле: ќа-се-р'одит д'ете, ќа-п'аднит ск'епарот и-ќа-го-'оперит д'етето. Д'ошол з'етоф и- н'ашол кaј-пл'ачет. И-'опитвит: "Што-пл'ачете? И-т'ије му-к'ажвет оту-ск'епарот ќа-п'аднит и-ќа-г-'оперит д'етето. Т'ој се-з'ачудил, н'емал што-да-'им-прајт, се-ч'удил д'ал' д-и-б'ијет али-н'е. "С'ефте – р'екол – ќ-'ода да-б'ара поб'удали 'од-ними и-ако-н'ајда не-'и-бија". 'Одел, 'одел, и-н'ашол тр'ојца бр'аќа напр'ајле к'уќа бес-п'енџере, вн'aтре т'емница. Т'ије з'еле к'ошници д-ј-'испaдет темн'ицава. Т'ој им-в'елит: "Што-пр'ајте, бре-др'угари, т'ака?" И-т'ије му-р'екле "Да- ј-ист'ајме темн'ицава". Т'ога т'ој им-р'екол: "Ј'а-ќа-ви-је-'иста: темн'ицава, што-ќа-ми-д'ајете?"
  • 30. Т'ије му-р'екле "Колк'у-пари с'акаш, ќа-ти-д'ајме, с'амо да-ј-'истајш темн'ицава". И-т'ака т'ој се-з'апрегнал, д'упи в'амо, д'упи т'аму и н'апрајл п'енџери и-им-д'ошло в'идело. "Ќ-'ода – р'екол – ќа-б'ара 'уште да-в'ида". 'Одел п'отака, н'ашол дв'ајца бр'аќа кaј-в'озет гр'еда; фпр'егнале п'етел и-м'ачорок, ама- н'икако н'е-может т'ије да-п'омaрднет. Т'ој им-р'екол: "Што-пр'ајте в'ака, бре-др'угари?" – "Је-в'озиме гр'едава" – му-р'екле т'ије. – Д'обро – р'екол – м'ожет 'овје в'ака да-ј-'истaргет?" "'Ату што-да пр'ајме – р'екле т'ије – како-да-ј-одн'есиме?" – "Ј'а ќа-ви-је-'однеса, колк'у-пари ќа-ми-д'ајте?" И-се-спог'одиле. Т'уркај, т'aргај, т'уркај, т'aргај, им-ј-'однесол гр'едата, п'арите им- з'ел и-з'аминал. Се- вр'атил д'ома и-ж'ените не-'и-гибал. Поука за овој час: Ако ( и да) врнит, (ама) пăтот врвит. Народна пословица - (Охрид. Запишал Кузман Шапкарев) Да не се плашиме од пречките што ни се испречуваат при нивното надвивање, и да не се запираме на нив.
  • 31. ЈУГОИСТОЧНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ Југоисточното наречје го зафаќа најголемиот дел од македонската јазична територија. Се простира источно и јужно од западното наречје. Од северното наречје за гранична се смета линијата Скопје - Свети Николе - Злетово, со тоа што говорите на Свети Николе и Злетово припаѓаат на северното наречје. На југоисточното наречје му припаѓаат и говорите од Егејска и Пиринска Македонија кои поради историските околности се наоѓаат на териториите на Грција и Бугарија. Поради големата разновидност на јазичните црти ова наречје не е единствено и можеме да го поделиме на две поголеми целини: источно наречје и јужно наречје. 1. Источното наречје се дели на повеќе помали дијалектни групи: штипско-струмички, тиквешко-мариовски и малешевско-пирински говори. 2. Јужното наречје се дели на: солунско-воденски говори (долновардарски), серско- лагадински, костурско-корчански говори.
  • 32. Широката разгранетост на југоисточното наречје овозможило тоа да не биде единствена целина. Во него се изгубиле некои стари јазични црти, а се појавиле нови како резултат на меѓу дијалектните контакти. Сепак, меѓу заедничките црти би ги издвоиле: слободен акцентен систем, во многу говори утврден на парадигмата (леже, легна, негов, неговата, вуденицата, ́ ́ ́ ́ ́ учителите, не́ ͜ ми ͜ се ͜ ја́де); послабо изговарање (редукција) ́ на неакцентраните самогласки кое е најсилно застапено во долновардарските говори (уфча́р, биља́, сӑма́р), самогласката ӑ (темниот вокал) има регуларна употреба во сите говори и сите позиции (ӑцка, лит. олцка, кӑце лит. чука, нӑ ͜ мене!) чување на меѓувокалното в, но губење на меѓувокалните ж, д, г и сл. во брзоговорот (леен ‹ леѓен, глеам, ќи си до́ом ‹ дојдам дома, ќе ка́аш ле ‹кажеш, но кажа́ ле ); замената на ѣ со а зад ц (цане, цадник, цаде); чување на х на крајот на зборот (бех, страх, смех,), но губење на почетокот на зборот и во други позиции (не се ране кут шо треба; бехме ›бееме› бēме); протетичко (вметнато) в на почетокот (важе, вадица, ваглен).
  • 33. Вокалните р и л дале повеќе разновидности (прсто, прӑсте, пӑрст, вӑк, вӑлк, длӑк, дӑлга, тӑрӑн лит. трн). На морфолошко-синтаксички план ова наречје има редица јазични црти со кои се разграничува од западното: наставката -ове во множина кај едносложните зборови (столове, снопове, царове); постоење на само еден член -о, (-от, -ут; чувеко, чувекут - долновардарските говори), -та, ́ ́ -то, -те; изедначување на номинативната со дативната и акузативната форма кај именките (Стојан, на Стојан, видех го на Стојан); личната заменка за 3. гласи он, она, оно, они; предлогот в/ф гласи у/уф; во трето лице на перфектот се употребува формата на помошниот глагол (он е гледал, они са гледале); кратките заменски многу често стојат зад глаголот (виде́ ме и мạ виде́); конструкциите од типот има/нема и глаголска придавка не се обични за повеќе од говорите; предлогот со се јавува во повеќе разновидности (сӑс, сас, сус,ус); само две презентски основи (-а и -е група). Цитат за овој час: Инате се куту магаре на мост . Народна поговорка
  • 34. Југоисточно наречје - Источни говори Лошата снаа (Струмица) 'Едạн чув'ек им'ал н'ого л'оша ж'ена. Ут-к'о: дујд'ела д'ома, м'ајка- му пọчн'ала н'ого дạ-слạб'ее. Д'ен из-д'ен стạнув'ала сѐ п'осл'аба. С'ин-ѝ с'екуј д'ен јạ-питув'ал: "М'амо, к'ак та-гл'еда сн'аата?" М'ајка-му вик'ала: "'Арно мạ-гл'еда, с'инко!" 'Арно-ама с'ино усет'ил 'оти м'ајкạ-му кр'и: н'ешто ọд-н'его. И едн'ӑч куг'а п'а кути-с'екọга јạ-пит'ал: "К'ак тạ-гл'еда сн'аата?", м'ајкạ-му реч'ела: "Ак-с'акạш дạ-зн'ааш к'ак-мạ-гл'еде, 'остạни д'ома скр'ишно, ќе-в'идạш". И с'ино 'едạн д'ен ут-кạ-сạ-јạв'ил нạ-ж'енạ-му 'оти ќ-'оде нạ-рạб'ота м'есто дạ-'оде пọврн'ал-се и сạ-скриј'ал нạ-тạв'ано. Пọмин'ало м'алко вр'еме, нạ-м'ајкạ-му ѝ-се-прӑјạд'ело и пọтер'ала ọт-сн'аата л'еп. А-сн'аата кạж'ала:
  • 35. "П'укни, тр'есни, дọд'ека не-испр'едạш тр'и врт'ена, н'ема дạ-ти- д'а:м дạ-ј'адạш". И ќ'а-ги-испред'ела тр'ите врт'ена, п'а пọтер'ала дạ- ј'аде. А сн'аата кạж'ала: "А-сẹг'а м'алку пуигр'ај 'оро и исп'еј еднạ- п'есна, п'осле ќе-ти-д'а:м дạ ј'адạш". М'ајкạта пọчн'ала дạ-ѝ-сạ-м'оле нạ-сн'аата: "Ам'ан, мури-сн'ао, к'ак дạ-игра'ам кạ-сạм-стạра, н'оизте н'е-ми-д'ржạт г'аре!" А сн'аата кạж'ала: "Аку-с'акạш дạ-ј'адạш, ќе-игр'ааш!" И м'ајкạта пọчн'ала дạ- игр'аа и дạ-п'ее: "Тạк'а, бре-с'инко, тạк'а, тạк'а, игр'аам с'екуј д'ен!" А сн'аата кạ-чуј'ала ọти-тạк'а п'ее, зẹм'ала сук'алто и пọчн'ала дạ-ạ- т'епа ọти-тạк'а пẹј'ала. И м'ажо нẹ-муж'ел г'аре дạ-т'рпа и слẹгн'ал и пọчн'ал дạ-ạ-т'епа сӑс-сук'алто нạ-ж'енạ-му сѐ дọд'ека нẹ-тạкс'ала ọти-н'ема дạ-пр'аа г'аре тạк'а. Цитат за овој час: Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето. Народна пословица - Штип
  • 36. Југоисточно наречје - Јужни говори Тӑрговӑцо и нӑречниците (Дојран) Им'ало 'едно вр'еме н'екуј тӑрг'овạц к'ој шạт'ал уд-гр'ат нạ-гр'ат. Шạт'ајќи дујд'ел нạ-н'еко: прист'анишче, испạдн'ал уф-н'еко: с'ело. Б'ило д'оцкạна и т'о: тӑрг'овạцо вид'ел д'ека свạт'е уф-н'еко: к'ӑшча свит'ило (туг'ај нạм'ало л'амби, сạд'еле нạ-кạнд'ила, нạ-св'ешчички) фл'ạз'ел уф-дв'оро и чукн'ал нạ-вр'а:тта. Т'и: испạдн'але г'аздите и- ọ- прạим'але нạ-г'осте. Т'а: в'ечạр 'они-пạ ки-прạв'иле пạрж'ешка, им'але р'одạно д'ете, ж'енцко. Прạв'иле шо-прạв'иле т'амка, в'ечạрта, ạд'етто ѝ- нạправ'иле и-си-л'ạгн'але. 'Оти с'елцка к'ӑшча, сирум'ашка, уф-'една удạј'а с'ите спиј'але, и т'о: л'ạгн'ал прạ-н'их. 'Ама н'е-о-фạт'ило с'он, рạч'ел: "Ст'ој дạ-в'идум в'а: в'ечạр шо-ки- д'ојдạт, нạ-'та: м'ома шо-ки- к'ажạт!" Тạм'ам сạ-чин'ило пул'унуш дујд'еле нạр'ечниците и-пучн'але дạ-кạж'увạт. П'ӑрвạта рạч'ела: "Е, д'е-ј-ж'ива и здр'ава, дạ пур'асне гул'ема, 'убуф кӑсм'ет д-'има." Др'угạта: "К'а ки пур'асне, т'о: шо-ј-д'ојдạн нạ-г'осте м'ӑш дạ-ј- б'иде". Тр'етта пạ-рạч'ела: "Уф-гул'ем гр'ат д-'оде". Ут-т'ам стạн'але т'и:, си-удд'еле... (Мара Кречова, Запишал Коста Пеев) Цитат за овој час: Го велјат на сфакрвата, за да разбере снаата. (Долновардарско - запишал Стефан Веркович)
  • 37. СЕВЕРНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ Северното наречје ги опфаќа говорите кои на север допираат до јужните српски говори. На југ се простираат приближно до линијата Тетово - Скопје - Свети Николе - Пробиштип. Се дели на две групи: источна и западна група говори. 1. Источната група ја сочинуваат говорите: кумановски, кратовски, кривопаланечки. 2. Во западната група влегуваат говорите: скопскоцрногорски, вратнички полошки и горански ( во областа Гора на Косово). Ваквата поделба е условена од особеностите на одделните говори. Говорите од источната група со некои јазични црти се приближуваат до говорите од источната група на југоисточното наречје, додека, пак, оние од западната група споделуваат некои црти со западното македонско наречје. Сепак, во ова наречје се среќаваат и повеќе заеднички јазични особености на целата негова територија, со кои тоа се разликува од другите две наречја.
  • 38. Меѓу поопштите црти на овие говори би ги спомнале: замената на старословенското ѫ (он) со у безмалку во сите позиции (зуби, пут, рука, иду); наставката у (‹ ѫ) дури се наложила во општата форма кај именките од ж. р. (жену, њиву); замената на ъ и ь со ӑ (дӑш, дӑн); вокалното л ги дало замените у/лу/лӑ (вук, јабука, слуза, слӑза); вторичното ъ (ъ2) дало ӑ (ветӑр, мӑгла, лӑга); се чува старото палатално л (недеља, поље); предлогот в/во поминува во у (у градт, улезе, унутра). На морфолошко-синтаксички план од специфичностите ги одбележуваме: наставката -мо за прво лице множина (гледамо, одимо, носимо); настаката -ики кај именките од ср. род (телики, пилики); наставката -е во множина кај именките од ж. р. (жене, њиве); наставката -ше во 3. л. мн. (они гледаше, имаше). Својствени на овие говори се именските наставки: -ача, -оќа, -уша, -оња и сл. (капуљача староќа , чистоќа, деверуша, главоња).
  • 39. Речениците може да почнуваат со кратките заменски форми (за ж. р. = гу; за м. р. =га; Гу виду женуту; га фана њега). Сепак и во ова наречје може да се набројат повеќе црти со кои говорите меѓу себе се разграничуваат. Така за источните говори е карактеристичен слободниот акцент, (својствен на југоисточното наречје), додека во западните говори е фиксиран на третиот слог; употреба на една членска форма (-ӑт човекӑт), наспрема тројниот член во западните говори. Во западните говори е вобичаено губењето на меѓувокалното в; се испушта помошниот глагол во 3 л. во перфектот (во источните се чува). Во источните говори на северното наречје е нормална употребата на кратките заменски форми зад глаголот (требе ͜ ми, поведе ͜ ме); удвојувањето на предлогот со (сас/сӑс; сӑс њега) како и употреба на повеќе други предлози: уз, из, више, проз (през).
  • 40. Северно наречје - Источни говори Овчар и змија (Куманово) Јед'ӑн ноќ тро'ица овч'ари п'асле-си 'овце на-пл'анину. И-едн'о вр'еме сак'але-си да-зап'алив тут'ун, треб'ало-ги 'огӑањ, а-нем'але куд'е-њи н'ишто. Кӑт-гл'едав, углед'але т'амо на-р'идТ г'оре ед'ӑн 'огӑањ. И-рекн'аја ед'ӑн: "Ќе-'иду да-зап'алу". От'ишја 'он т'амо, приближ'ил-се, кӑт-гл'еда 'около 'огӑањ тр'и дев'ојке с'едив и-пр'авив-си муаб'ет. Ама-т'ија не-б'иле дев'ојке, б'иле зм'ије, па-се-претвор'иле у- дев'ојке. И-збор'иле-си м'еѓу њи. Едн'ата вик'ала: "Тр'и г'одине в'оду н'е-сам п'ила, н'е-сам-се нап'ила". Др'угата вик'ала: "И ј'а 'еве тр'и г'одине н'е-сам п'ила в'оду..." А тр'еќата в'ика: "М'оре, в'и п'а- сте натоп'иле 'уста, ама-ј'а тр'и г'одине в'оду н'е-сам п'ила. Ј'утре, зн'ам, п'оп ќ-'иде у-т'уј њ'иву да-жњ'еје т'амо, па-кӑт-ќе-б'иде пл'адне, по-јед'ење п'осле ќе-ст'ане поп'ова ќ'ерка да-зб'ира п'олози, ј'а ќе-се-скр'ију пот-п'рв п'ологк, кӑт-ќе-д'ојде 'она да-га-д'игне, ј'а ќе-гу-у'апу и-тӑгк ќ-'иду да-се-нап'ију в'оду"...
  • 41. ...Он'ӑј овч'ар слуш'ал па-неќе'ал да-'иде да-п'али циг'аре, врн'аја-се н'аѕат. К'ӑт ј'утрето д'ӑн, 'истина, п'оп от'ишја да-жњ'еје. Жњеј'еле а-он'ӑј овч'ар 'овце си-ги-в'рти 'около арг'ати. 'Они закач'али-га. 'Он беќ'ар 'около дев'ојке се-в'рти. 'Оне га-закач'але, 'он си-св'е тер'ал по-њег'ово. Кӑт-ств'арно седн'але да-р'учав, руч'але, ќ'ерка рипн'ала да-га-в'ати он'ӑј п'ологк куд'е што зм'ија б'ила. "Ст'ој, куд'е ќ-'идеш?" – рекн'ал он'ӑј овч'ар. Пр'ишӑал п'а сӑас-он'ај њег'ову чам'угу тргн'ал-га п'олог, кӑт-т'амо ед'ӑн котељ'ак зм'ија тол'ика. Ов'ија св'и се-исплаш'иле, фат'ило-ги стр'а. Шт'о-ли-је ов'ој. А-'он зем'ал он'ӑј ст'ап па врз-њ'ума и-в'ика: Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ 'или с'ӑк ќе-те-см'ачкам, питив'ан ќе-те-напр'аву. Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ. А-он'ај зм'ија коп'ешка-се по- м'алко, не-м'рда. По-др'уги п'ут, по-тр'еќи. И 'а да-изм'ане да-гу- 'удри, и 'она бидн'ала дев'ојка, т'ај зм'ијата. Тима Ничова 80 г. (Божидар Видоески) Поука за овој час: Од искра пламен, од пламен пепел. Народна пословица. (Светиниколско - запишал Душко Брдарски)
  • 42. Северно наречје - Западни говори Дванаесе месеца и бабата (Тетово) 'Имало една-ст'ара, га-н'еќеле д'ома, сн'ӑата га-н'ејќела. Б'ила з'има, сн'ег мн'огу, и сн'ӑата ѝ-р'екла: "Н'а-ти кошн'ицава д'а-'идеш у-пл'анина да-ми-д'онесеш ј'агоде". Б'абата р'екла:"Кӑј-ќ'е-најдем с'ега ј'агоде, 'има мн'огу сн'ек?" "Ќе-н'ајдеш, кӑј-ќе-н'ајдеш, з'еми кошн'ицава и ќе-'идеш". И б'абата т'аќе, га-з'ела кошн'ицата и т'ргнала у-пл'анина. 'Ишла, 'ишла, 'ишла и уд'убила у-пл'анина. И в'идела т'аму н'егдека некој-'оѓин да-г'ори, св'етело нешто ка:-'оѓин, и п'а 'ишла, 'ишла, 'отишла кӑј-'огнот. Т'уе 'имало к'олиба, у-кол'ибата 'имало, б'иле мес'еците, дван'аесе м'есеца у-кол'ибата. И 'она, б'абата р'екла: "Добр'о-вечер!" "Д'обро-ти б'ок, б'аб'о:, шт'о- мука 'имаш што-с'и-дошла?" "Е бре-с'инко, шт'о-мука, 'имам една- сн'ӑа мн'огу л'оша, ме-'испрати у-пл'анина по-ј'агоде, а кӑј-ќ'е најдем ј'агоде с'еа, 'еве н'е-е-вр'еме да-б'ерем ј'агоде, с'еа 'има сн'ек". И ст'анаў д'ецембар, па-ј'ануар, ѝ-р'екоў:"А мори-б'або, што- зб'ори н'ародот, т'оўку сн'ек што-н'ападнаў?"
  • 43. "А бре-с'инко, мн'огу 'убо:, д'еца се-л'изгаа, со-т'опке се-г'аѓаа, за- д'ецата р'адос". Т'аќе б'абата н'ишто л'ошо н'е-рекла. И ст'анаў ј'уни, пр'ед-него м'ај: "'Ела, б'або:, м'ие ќе-ти-д'адемо ј'агоде". З'еле ѝ-д'але ј'агоде н'ејзе, ѝ-нап'оўниле кошн'ичето со-ј'агоде и је-р'екле: "Ај-б'або:, со-зр'авје 'оди-си, од-'устата да-ти-изл'агаа св'е зл'атници, сребр'еници, т'и д'обра д'уша си-'имала, 'ај 'оди с'еа. Д'ошла д'ома ж'ената, кој-в'идела сн'ӑата ј'агоде н'оси п'оўна к'ошница, кој-зб'ори п'аре 'од-'уста ѝ-п'аѓаа, ж'оўтице, ѝ-р'екла: "Ј'а и-м'ајка-ми ќе-га-пр'атим". И з'ела м'ајка-е, га-пр'атила, 'ишла и ги- н'ашла н'ив, мес'еците. 'Ама кој-п'очнале да-га-пр'ашуа н'ега за- з'имата, 'она св'е л'ошо зб'орела, в'икала: "г'рга н'ародот, од-з'имата им-ст'уди", и-'ова, 'она, св'е н'ајлошо. И т'ога мес'еците р'екле: "Е 'ајде – од-'устата св'е зм'ие и см'око:ị да-ти-изл'агаа". Ни-ј'агоде ѝ-д'але, ни-н'ишто. И кој-д'ошла д'ома, см'око:ị, зм'ие, ж'абе ѝ-изл'агаа од-'устата. И т'аќе, к'ој пр'аị л'ошо, ќе-н'ајде н'еарно. (Душица Нушеска)
  • 44. ОНОМАСТИКА Ономастиката е дел од науката за јазикот (или пак, посебна наука) која се занимава со проучување на сопствените имиња и презимиња, како и со проучување на имињата на местата или другите географските имиња. Стои во тесна врска со етимологијата, дијалектологија, митологијата и сл. Порано се сметала за помошна наука на географијата, етнографијата и на некои други научни дисциплини. Доаѓа од грчкото onoma = име; onomastikon = именослов, речник на имиња. Ономастиката се дели на две основни области: топономастика и антропономастика. Предмет на проучување на топономастиката се топонимите, односно имињата на местата, односно географските имиња. Се дели на хидрономастика (ги проучува хидронимите = имињата поврзани со водите: реки, езера, мориња); орономастика (се занимава со оронимите = имињата на планини, ридови, долини...); ојкономастика (ги проучува ојконимите = имиња на градови, села, населби...)
  • 45. Антропономастиката се занимава со проучување на антропонимите = имињата на луѓето. Тука спаѓаат личните имиња, презимињата и прекарите. Личните имиња се најстариот слој од антропонимите и се појавиле пред прекарите и презимињата. Според составот може да бидат прости (Петре, Александар, Елена, Марија) и сложени (Божидар, Светомир). Според потеклото може да ги разграничиме на словенски имиња (Весна, Драган, Вера), на христијански (Иван, Марија), на слој од други религии и култури (Давид, Наталија,), на помодни (Елвис, Касандра) и сл. Прекарите се појавиле пред презимињата и со нив се разграничувале луѓето со исти имиња. Со нив се означува(ла) некоја психичка или физичка особина, занимање, или пак, тие се поврзани со местото на живеење и сл. (Зелен Јован, Андон Туфекчијата, Ванчо Лисицата, Триводалијата = од с. Три Води). Со текот на времето некои прекари поминале во презимиња.
  • 46. Презимињата се појавиле најдоцна во нашиот јазик. Се образуваат најчесто со наставките -ов / -о(в)ски и -ев / -е(в)ски кои се додаваат на машките имиња (Стојанов/ски, Стојаноски, Ристов/ски, Ристески и сл.). Некои презимиња настанале од прекари (Ковачевски, Дујнимаглоски) или според населени места (Новоселски, Дојранлиев). Многу презимиња се создале под различни околности и во различни периоди, така што понекогаш е тешко да се објаснат нивните значења. Покрај двете основни области, топономастиката и антропономастиката, ономастиката се занимава и со други сфери на имињата: космонимика (имиња на соѕвездија, на галаксии), астронимика (имиња на планети и други небесни тела), зоонимика (имиња на животни) ергонимика (имиња на фирми, на продавници и сл.) и т.н. Поука за овој час: Поарно ет да имаш име чесно, ошто многу стребро. Народна поговорка
  • 47. СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРА Реализмот кој како литературен правец беше доминантен во 19. век, на извесен начин продолжуваше да биде актуелен и на мода и во првите децении на следниот век. Некои од најголемите претставници на светската литература дел од своето творештво го создадоа токму на преминот меѓу двете столетија (Л. Н. Толстој, А. П. Чехов, Х. Ибзен, А. Франс, М. Пруст, А. Жид, ). Нешто подоцна реализмот ќе се возобнови во Советскиот Сојуз, а по Втората светска војна и во другите социјалистички земји. Всушност, политичките прилики во 20 век во многу нешто ги диктирале условите во кои се создавала уметноста, а во нејзии рамки, и литературните дела. Тоа е век на две светски војни, на многу регионални војни, на блоковска поделба на светот, извесен период време на т.н. студена војна. Епоха во која беше срушен колонијализмот во Африка, Азија и Латинска Америка... Век на забрзан технолошки развој но и на светска економска криза (во триесеттите години). Сето тоа се рефлектираше и
  • 48. наоѓаше одраз во литературните дела.. Модернизмот кој како правец беше актуелен во првите децении на минатиот век, ќе биде заменет со егзистенцијализмот, кој во основа беше филозофско учење. Во рамките на модернизмот ќе се разграничат повеќе струења (футуризам, експресионизам, дадаизам и сл.). Се појавува нов тип на театар - театар на апсурдот, чиј производ е антидрамата. Во исто време се јавува и т.н. нов роман, во кој изразните средства и ефектите се во преден план за сметка на содржината, која, на пример, во натурализмот се предавала со фактографска прецизност. Во последните децении на 20. век широко се распространува еден нов поим постмодерна (постмодернизам), својствен на повеќе сфери на човековото живеење (архитектурата, филмот, сликарството, музиката). Бидејќи зафаќа повеќе области од животот, тешко може да му се определи точна дефиниција. Што се однесува до постмодерната во литературата, со неа се релативизира она што е значајно за другите правци: нема оригиналност во уметничкото дело, тие се парафразираат, се
  • 49. земаат цитати од повеќе дела за да се направи ново, но се внимава тоа да не биде плагијат. Постои мешање на жанровите, во едно дело има и фантастика и реализам, има и вметната критика и романтична љубов. Се зголемува улогата на читателот, се оставаат празни места во делото тој по своја желба да ги пополни или осмисли. Интересно е тоа што македонската литература, на која со децении природното право да се развива, ѝ беше оспорувано, за многу кратко време успеа во меѓународната распределба на културни вредности да понуди свои постмодернисти (Горан Стефановски, Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Ермис Лафазановски, Игор Исаковски, Никола Маџиров...). Цитат за овој час: Пред сè, постмодернизмот се стреми кон проширување на границите на книжевноста преку промена на нејзиниот жанровски статус во однос на вообичаениот жанровски систем. Неретко, настанува мешање на жанровите или затскривање на еден жанр зад карактеристиките на друг, или ако сакате, наречете ја жанровска мимикрија или жанровска изместеност, која се коси со старите родово-жанровски конвенции. Јасмина М. -Гушева
  • 50. АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (1860 - 1904) Антон Павлович Чехов е автор кој на руската и на светската литература ѝ подарува ремек-дела во форма на куси раскази и кој преку лирската драма се вбројува меѓу творците на модерното во овој литературен род. Чехов е роден во Таганрог, Ростовска област, во повеќедетно семејство. Татко му Павел Јегорович, се занимавал со трговија во која и немал некој особен успех. Мајка му Евгенија Јаковлевна, била посветена на воспитување на децата и била личност која ја сакала уметноста, а особено театарот. Своите деца ги учела да имаат одговорност кон работата, сочувство и милосрдност кон послабите и угнетените. По неуспехот во трговијата, татко му со другите членови се преселил во Москва, а Антон останал во Таганрог и издржувајќи се самиот, со подучување на своите соученици, ја завршил гимназијата.
  • 51. По доаѓањето во Москва, Антон Павлович Чехов и покрај материјалните тешкотии успеал да го заврши медицинскиот факултет. Со солидно образование се стекнале и другите негови браќа и сестра му. Во 1880 година ги пишува своите први раскази под псевдонимот Антоша Чехонте и дури по шест години под вистинското име ќе ја објави својата прва збирка Одбрани раскази за која критиката ќе се изрази најпофално. Следната година ја објавува збирката Невини зборови со која ја потврдил својата раскажувачка дарба. Истата година Чехов дебитирал со драмата Иванов за која и гледачите и критиката биле поделени во мислењата. Но значајно е да се каже дека е ова првенец во драмската област на кој писателот ќе ѝ остане верен до крајот на својот живот. Врз расположбата на авторот влијание имала тешката положба на угнетените селани, како и смртта на еден од неговите браќа.
  • 52. Честите патувања низ Русија (низ Сибир и на крајниот исток - на островот Сахалин), како и престојот во Одеса и на Јалта, уште повеќе ја подзасилиле депресијата која се вгнездила кај него. Особено е значајна посетата на затворениците на Сахалин, чии потресни слики ќе ги опише во повеќе раскази и есеи. Напоредно со писателската дејност Чехов се пројавил и како голем хуманист и како лекар, и како организатор на добротворни акции за изградба на училишта и библиотеки на кои им подарувал дел од своите творби. Домот во Мелихово, каде што едновреме живеел, било посетуван како од уметници, така и од обични селани.Тука меѓу другите доаѓал П. И Чајковски, еден од најголемите руски композитори на 19. век, автор на повеќе опери и балети. Поради туберкулозата, која сериозно му го нарушила здравјето, по наговор на лекарите се преселил на југот, на Јалта. И покрај болеста не престанал да пишува.
  • 53. Во 1901 година се оженил со Олга Л. Книпер, артистка која ги играла главните улоги во некои од неговите драми.Таа ќе го придружува писателот на неговото последно патување во германското бањско лекувалиште Баденвајлер. Чехов е автор и на збирките раскази: Во самракот, Тмурни луѓе, повестите Степа и Три години, и стотина други раскази; збирките есеи: По Сибир и Островот Сахалин. Драмскиот опус го составуваат Вујко Вања, Галеб, Три сестри и Вишновата градина. Чехов во своите раскази ја слика руската стварност од крајот на 19. век. Повеќе од расказите се куси по форма во кои на преден план избива хуморот. Хуморот е овде за да ја ублажи противречноста меѓу желбите на ликовите и мрачната стварност која ја живеат. Во тој поглед со раскажувачката постапка Чехов е многу близок до приврзаниците на натурализмот.
  • 54. Мајсторството да навлезе во скришните места на душата можеме да го видиме преку расказот Шега, во кој главниот лик Надја во миговите на возбуда и страв неколку пати ќе ги слушне зборовите Јас ве сакам, Надењка! За авторот тогаш и по многу години,тоа било само една шега, За Надја, најнежен спомен во животот. Творештвото на Чехов се одликува со разнообразност во темите. Ги слика сите слоеви на руското општество. Неговите симпатии се секогаш на страната на ситните чиновници, на обесправените и на селаните (Селани). На потсмев ги подложува понизноста и камелеонството (Смртта на чиновникот). Поради тоа што не ја идеализира стварноста, туку ја прикажува нечистотијата и примитивизмот на руското општество, на двојниот морал, на негрижата за болните и немоќните, Чехов своевремено доживувал критики.
  • 55. Во поглед на драмското творештво, Чехов ја негува т.н. лирска драма, во која ликовите живеат меѓу минатото и иднината. Стварноста што ги опкужува е груба и неподнослива (Три сестри), или дека надежта за поубаво иднина ќе трае многу кратко (Вујко Вања). Дијалогот на ликовите прозвучува како монолог. Тие како да зборуваат сами за себе. Чехов со начинот на раскажувачката постапка (да се биде кус во излагањето, со дозата на хумор, со пресврти во дејството и со критиката на руското општество) е актуелен и популарен и по повеќе од едно столетие. Доказ за тоа е екранизацијата на многу од неговите дела. Цитат за овој час: Здравиот човек има илјади желби, болниот само една. Антон Павлович Чехов Чехов и Олга Книпер (1901)
  • 56. СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (1906 - 1989) Средината на 20. век во литературата ја одбележа, меѓу другото, објавата на Чекајќи го Годо, (анти)драма од Семјуел Бекет, дело кое ќе предизвика спротивставени мислења кај критиката и кое ќе му ја донесе Нобеловата награда за литература (1969). И по повеќе од половина век од нејзиното прво прикажување (1953), драмата како образец на т.н. театар на апсурдот е сѐ уште е актуелна и се игра на сцените ширум светот. Семјуел Бекет е роден во близината на Даблин, каде што се школувал и каде што завршил студии по француски јазик и литература. Од 1938 година со мали прекини живее во Париз, работејќи едно време како личен секретар на Џемс Џојс, познат ирски писател (Одисеј, Даблинци). Повеќе од своите дела (а особено по Војната) ги пишува на француски јазик, а потоа ги преведува на англиски.
  • 57. За време на Втората светска војна се приклучил на Движењето на отпорот, поради што живее во илегала. До 1950 година е сѐ уште во Париз каде што ги создава своите најзначајни дела. По добивањето на Нобеловата награда живее повлечено, одбивајќи да дава коментари за своите дела. Умира во Париз, на 83. годишна возраст, само неколку месеци по смртта на својата сопруга Сузан. Во одлуката на Нобеловиот комитет пишува: На Семјуел Бекет му се доделува наградата за пионерската работа во драмата и прозата во која трагедијата на современиот човек станува негов триумф. Бекет е автор на триесетина драми, дваесетина прозни дела (главно романи, меѓу кои и трилогијата романи: Молоу, Малоне умира и Неименливото) како и на шест збирки поезија. Автор е и на повеќе есеистички трудови за Данте Алигиери, за Марсел Пруст, за Џемс Џојс и сл. под чие влијание ќе ги создава своите дела.
  • 58. На почетокот на својата писателска дејност Бекет е преокупиран со човековата егзистенција и оттуѓеноста на модерниот живот. Под силно влијание е на егзистенцијализмот на Ж. П. Сартр, кој му е современик, и во чија основа е песимистичката визија на човекот. Поради идеите изнесени во некои свои дела, Бекет не секогаш наоѓал издавач за нивно објавување (Романот Марфи дури 42 пати бил одбиван за печатење пред да биде објавен). За да ја прикаже бесмислата на човековото опстојување, Бекет наместо вообичаените романескни постапки и драмски заплети, ги преповторува настаните и сцените со мали измени, а луѓето во нив се беспомошни да направат нешто и да се придвижат напред. Тие обично се слепи, неми, глуви и сл. Ги поднесуваат страдањата во очекување дека нешто ќе се случи, дека ќе излезат од кругот на беспомошноста. Дијалогот на ликовите повеќе прилега на монолог, на повторување на исти фрази во кои
  • 59. отсуствува дури и правилната граматичка структура. За да ја истакне бесмислата на сѐ, Бекет го разбива единството на времето, просторот и дејството (кај драмата). И покрај длабокиот песимизам, делата на Бекет се исполнети со благ хумор и со уште подлабоко сочувство кон малите луѓе, кое дури и нема граници. Во неговото драмско творештво покрај Чекајќи го Годо, овде ги одбележуваме уште и пиесите: Крај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, II, (дејството на сцената се одвива без зборови), Што, каде (неговата последна драма). Дејството на драмата Чекајќи го Годо се случува во два чина, со содржина која нема некаква логика, или барем каква би очекувале. Или, како што вели еден критичар тоа е драма во која двапати ништо не се случува. Двајцата главни ликови Владимир и Естрагон водат бесмислени дијалози во очекување да се појави Годо. Ним им се приклучуваат уште Поцо и Лаки, како и Момчето, на ист начин во двата чина, за да ја разбијат монотонијата на чекање.