SlideShare une entreprise Scribd logo
1  sur  223
Télécharger pour lire hors ligne
ДОБРОДОЈДОВТЕ
  Вие сте на почетокот на pdf. презентациите на дел од
           наставните содржини по предметот
Македонски јазик и литература за II година на средното
                 стручно образование.
          Овие презентации се правени според
новата наставна програма за четиригодишно образование
                      изготвена од
        Бирото за развој на образованието при
       Министерството за образование и наука
               на Република Македонија
Основни извори кои послужија при изработка на
                       слајдовите:
   Македонски јазик и литература за II година за
        реформираното гимназиско образование
автори: С. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова,
Ж. Цветковски, Н. Исакова, Б. Пендовски; издание на
              Просветно дело, Скопје, 2008.
 Литература за I година на средното образование
 автори: Љ. Андреев, д-р Л. Каровски, Н. Исакова, Б.
 Пендовски; издание на Просветно дело, Скопје, 1998;
 Википедија, Слободна енциклопедија на македонски и
  на други јазици. Се користени и материјали од on-line
весници, книги и слично. Понекогаш врските до некои веб
 страници во меѓувреме се изменети или се избришани и
повеќе не постојат. При евентуални ажурирања, грешките
       од овој вид ќе се обидеме да ги поправиме.
Презентациите се така прилагодени за да можат
 учениците полесно да ги усвојат основите на содржините
         од граматичкиот дел и од литературата.
    Тие во ниеден случај не можат да бидат замена за
 учебниците, но можат да се искористат како припомош за
наставниците, како е-прирачник, особено со воведувањето
    на компјутерите во наставата, а за учениците како
  потсетник пред полагањето на интерните и екстерните
                         испити.
Одделните лекции или делови од лекциите се означени со
различен дизајн на заднината што е направено за полесно
  разграничување на презентациите. На крајот на секоја
лекција следува поука (позајмена најчесто од Библијата -
      Стариот завет) или цитат од некој автор и сл.
За да може да се користат презентациите, потребно е да
          се инсталира некој од pdf.reader-ите.
Користењето на материјалите за учениците наставниците
е слободно и без надомест. Не е дозволено менување на
    содржините без знаење и одобрување на авторот.
Користењето на делови од презентациите за други цели е
допуштено само со задолжително спомнување на изворот.
                        Со среќа!
              Трајан Божинов, професор
  Сите забелешки, коментари и добронамерни сугестии
                можете да ги упатите на:
              trajan-vapcar.blogspot.com
       Личните пораки можете да ми ги праќате на
               trajan.vapcar@yahoo.com
МАКЕДОНСКОТО ЈАЗИЧНО ПРАШАЊЕ ВО XIX ВЕК
Прашањето за македонскиот (литературен) јазик особено
   станува актуелно во втората половина на 19. век со
развојот на учебникарската дејност. Ако првите печатени
  книги (на Крчовски и Пејчиновиќ) беа отпечатени на
     локални народни говори со многу елементи од
 црковнословенскиот (особено кај првиот), учебникарите
 настојуваат да се изгради јазик со најширока дијалектна
        основа на кој ќе се пишуваат учебниците.
Уште Јордан Х. К. - Џинот го напушта локалниот велешки
   говор и пишува на јазик близок до северозападното
наречје. Но, тој не секогаш е доследен и често во своите
дела го користи бугарскиот јазик, а исто така пишува и на
                       српски јазик.
Сепак, нашите први преродбенски писатели К.
 Миладинов, Р. Жинзифов, Г. Прличев во своите дела го
застапуваат локалниот говор. Тоа особено се однесува на
               поезијата на К. Миладинов.
   К. Шапкарев и М. Цепенков народните умотворби ги
  запишале на охридски, односно на прилепски говор. Во
Зборникот на браќата Миладиновци се застапени песни
   и други творби речиси од сите македонски дијалекти.
 Конечно со учебникарската дејност се зацврстува свеста
дека треба да се пишува на македонски литературен јазик.
     Притоа се изделуваат две гледишта: за заеднички
   македонско-бугарски литературен јазик и за посебен
              македонски литературен јазик.
Приврзаници на првата идеја биле Партениј Зографски и
 Кузман Шапкарев, додека за одделен јазик се залагале
Ѓорѓија Пулевски и Венијамин Мачуковски. Тие сметале
дека македонскиот народ е посебен и дека треба да има
             свој посебен литературен јазик.
 Ваквото гледиште на македонистите (поим измислен од
Бугарите, за луѓе кои се чувствуваат како Македонци или
  за странци кои се застапуваат за посебен македонски
народ и јазик: Карл Хрон, Петар Драганов) го прифатиле
    нивните следбеници, собрани околу весникот Лоза,
наречени лозари. Лозарите во единствениот излезен број
 (весникот бил забранет од бугарските власти!?) дури се
   залагале за упростување на македонскиот правопис,
         спротивно на тогашниот бугарски јазик.
 Практична реализација македонизмот ќе доживее преку
       теоретските разработки на К. П. Мисирков.
КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ (1874 – 1926)
            Мисирков ја имал судбината на илјадници
   Македонци кои за времето на туѓите пропаганди во
 Македонија биле подложени на однародување. Одблизу
можел да види како живото ткиво на македонскиот народ
   се разорува преку хегемонистичките пропаганди на
                   соседните држави.
   На тоа ќе укаже во книгата За македонцките работи
(Софија, 1903). За жал, таа била запленета и речиси сиот
   тираж уништен. Во книгата, преку петте статии дава
  преглед на состојбите во Македонија, завршувајќи со
          неуспехот на Илинденското востание.
  Последната, најмалата статија, носи наслов: „Неколку
      зборои за македонцкиот литературен јазик“.
Во неа Мисирков како голем визионер ги поставува
основите на современиот македонски литературен јазик.
  Тој тргнува од фактот дека нашиот јазик е посебен во
  семејството на јужнословенските јазици, подеднакво
            различен од српскиот и бугарскиот.
Како основа на литературниот јазик ги зема централните
говори (велешкиот, прилепскиот и битолскиот). Кон нив го
  придодава и охридскиот говор, зашто „Охрид е стара
                македонска престолнина“.
Мисирков го предлага фонетскиот принцип во правописот,
           со мали отстапки на етимологијата.
За речникот на нашиот јазик предлага да се збогатува со
 зборови од сите македонски дијалекти. На тој начин на
 литературниот јазик му се обезбедува широка народна
                         основа.
За македонската кирилица предлага нови знаци за некои
       гласови кои не постоеле во бугарскиот јазик
                      (ї, к`, г`, н`, л`).
   Редовно го испушта меѓувокалното в (чоек, дуот); ги
користи консонантските групи шч (шчо, опшч), стр и здр
 (стред, здрел) и наставката -цки (македонцки, охрицки).
Редовно пишува и коїн, носеїне, браїка (антиципација на
                          мекоста).
   Идеите на Мисирков во голема мерка ќе се прифатат
четири децении подоцна при кодификацијата на нашиот
                    литературен јазик.
  Безграничната љубов на Мисирков кон својот народ и
 јазик е инспиративна за многу творци и дела и со секое
   навраќање кон него, тој станува поблизок и подраг за
                  неговите сонародници.
МОРФОЛОГИЈА И МОРФОСИНТАКСА
    Морфологијата е дел од науката за јазикот која ги
  проучува формите на зборовите, нивното образување,
           како и нивните граматички значења.
    Морфосинтаксата се занимава со употребата на
                зборовите во реченицата.
              Морфологија = формознание.
Конкретното значење на зборовите е предмет на делот од
       науката за јазикот наречен лексикологија.
Морфемите се најмали значенски јазични единици од кои
                   се состои еден збор.
За разлика од нив, во фонетиката, фонемите се најмали
 јазични единици без свое значење, но со функција да ги
                 разликуваат зборовите.
Некои зборови содржат само една морфема: град, заб,
 ѕид, додека други имаат повеќе морфеми: ѕид-ови, ѕид-
                     ови-те, ѕид-ар-ство.
   Разликуваме коренски (основни) морфеми: ѕид, заб и
                додадени (афиксни): -ови, -и.
   Разликуваме уште и зборообразувачки морфеми: -ар,
 -ник, -ство, -тел, -ица, -џија... како и формообразувачки:
                      -ови, -и, -от, -ов...
   Со зборообразувачките морфеми се образуваат нови
           зборови: ѕид-ар, ѕидар-ство ѕид-ник.
        Со формообразувачките морфеми се менува
     граматичкото значење на зборот, но не се менува
основното лексичко значење: ѕид-от, ѕид-ови, ѕид-ови-те.
Афиксните морфеми можат да бидат претставки
(префикси), ако стојат пред коренската морфема или пред
 друга претстава: из-работи, на-полни; из-на-тепа, из-на-
   при-каже, или наставки (суфикси), ако стојат зад неа:
                      стол-ови, стол-ар-ски.
 Терминот завршок означува еден или повеќе гласови на
  крајот на зборот со кој најчесто се определува родот на
                  именката и сл.: Петре/Петра
 Зборообразувачките и коренските морфеми се носители
    на лексичкото значење, а формообразувачките на
граматичкото значење. Со формообразувачките морфеми
се упатува на определеноста, бројот, времето и на другите
     граматички категории: ѕид-от, ѕид-ови; глед-а-в.
       Различните форми на еден ист збор се викаат
    збороформи: стол, столови, (два) стола, столот.
  Поука за овој час: Не завидувај му на човек што постапува насилно,
             и не избирај ни еден од патиштата негови. 31
ЗБОРОВНИ ГРУПИ
    Лексиката на еден јазик ја сочинуваат огромен број
  зборови. Тие на еден или друг начин се поврзани меѓу
            себе и образуваат одредени групи.
    Врз основа на заеднички особености зборовите ги
   класифицираме во групи или класи. Постојат повеќе
класификации: 1. Значенска (семантичка), 2. формална
     (морфолошка) и 3. Функционална (синтаксичка)
                     класификација.
Значенската класификација е најстара. Се засновува на
 смисловната, значенската страна на зборовите: Според
  неа, во македонскиот јазик постојат 11 зборовни групи:
  именки, заменки, придавки, броеви, глаголи, прилози,
предлози, сврзници, честички, извици и модални зборови.
Со зборовните групи именки, заменки, придавки,
броеви, глаголи, прилози, се искажува некакво лексичко
        значење и тие можат самостојно да стојат.
Зборовните групи предлози, сврзници, честички немаат
      свое лексичко, но имаат граматичко значење.
  Со извиците се искажуваат чувства или се имитираат
 звуци, додека со модалните зборови се искажува став
                  кон нешто или некого.
     Со формалната (морфолошката) класификација
зборовите ги делиме на менливи и неменливи. Во првата
група спаѓаат: именките, заменките, придавките, броевите
                       и глаголите.
Во втората група се неменливите зборови: прилозите,
      предлозите, сврзниците, честичките, извиците и
                      модалните зборови.
Понекогаш некои прилози имаат форми за степенување и
   се членуваат: подобро, најдобро; многуте, неколкуте.
Според функционалната класификација на зборовите, се
 утврдува нивната функција во реченицата. Тие можат да
        бидат подмет, прирок или нивни додатоци.
    Притоа, можат да бидат како самостојни делови во
реченицата или да се јават во „служба“ на други зборови.
   Некои зборови, пак, имаат функција да ги поврзуваат
                   деловите на реченицата.
        Поука за овој час: Зошто еден ден од друг е подобар,
                  кога на сите денови во годината
               од сонцето им доаѓа светлината 33. 7
ИМЕНКИ (СУПСТАНТИВИ)
Именките се зборови кои означуваат име на суштества, на
                  појави и на предмети.
      Се делат на општи и сопствени. Суштествата,
   предметите, со општи (заеднички) особини спаѓаат во
    општите именки (табла, дрво, овца). Множество од
предмети кои означуваат збир и не се одделуваат посебно,
  образуваат збирни именки, иако се во еднина (сребро,
                        вар, кал).
Сопствените именки означуваат имиња на лица, празници,
     институции, фирми, географски имиња, имиња на
                   уметнички дела и сл.
  Конкретните именки означуваат материјални предмети
      или суштества (клупа, снег, риба); апстрактните
 (мисловните) нешто што не може да се види, допре и сл.
                  (бол, мудрост, инает).
Кај именките разликуваме род, број и определеност
(член). Кај некои именки има остатоци од падежни форми
  (Боже, сине, мајко). Спореди уште: Го сретнав Стојана.
  Сите именки припаѓаат на еден од трите рода: машки,
  женски или среден. Колебање на родот има кај некои
                именки: песок, вар, жар и сл.
   Според бројот, именките може да бидат во еднина и
множина. Постојат именки кои имаат само еднина (обично
    сопствените именки) или само множина (панталони,
 ногавици). Множината може да биде обична (куќи, деца),
 избројана (два снопа, неколку стапа), или збирна (лисје,
                           лисја).
    Определеноста (издвојувањето на еден предмет од
мноштво исти предмети) се искажува со помош на членот.
Отсуството на член означува неопределеност на именката
         (човек/човекот; жена/жената; дете/детето).
   Членските форми покрај општа, имаат функција и на
                  просторна определеност.
Членски наставки за
       општо определување се: -от, -та, -то, -те, -та;
             за поблизу до нас: -ов, -ва, -во, -ве, -ва;
          за подалеку од нас: -он, -на, -но, -не, -на.
Личните имиња, по правило, не се членуваат. Во случаите
     како Верчето, Милето, и сл. се искажува однос на
  миловност и сл. Некои географски имиња, сепак, имаат
      член: Филипините, Алпите, Пиринеите, Андите.
 Во речениците именките можат да бидат подмет: Петре е
ученик; директен предмет: Весна чита весник; индиректен
  предмет: Му кажа на Ѓорги предмет со предлог: Учи од
                             Ѓорги;
компјутер; прилошка определба: Се качи на дрво; именски
  дел од прирокот: Тој е ученик; вокативна форма: Кажи,
           Иване! Атрибут: Два килограми компир.
  Поука за овој час: Тој што на туѓа трпеза гледа – неговиот живот не е
        живот, со туѓи јадења својата душа ја понижува. 40. 30
ПРИДАВКИ (АДЈЕКТИВИ)
  Придавките означуваат некаква особеност на именките
     (мало дете, зелена трева). Не се употребуваат
   самостојно, туку најчесто со именки. Со именките ги
усогласуваат родот, бројот и определеноста. Само мал
   број придавки не се усогласуваат со именките: ачик,
будала, мераклија, супер, фер, мини, (тоа се зборови од
                      туѓо потекло).
 Придавките имаат форми за трите рода во еднина: мал,
              мала, мало; множина: мали.
Членските форми се усогласуваат со именките и директно
 се додаваат на неопределената форма, освен во машки
род кај што се додава и: малиот, малата, малото, (едн.);
                       малите (мн.)
 Според значењето и особеностите придавките ги делиме
  во четири основни групи: 1. описни (квалитативни), 2.
     односни (релативни), 3. бројни и 4. заменски.
Описните придавки означуваат некакво својство и доаѓаат
   на прашањето каков е некој или нешто. Означуваат
  димензии (голем), вкус (солен), физички или хемиски
   својства (тврд, отпорен), особини на личност (умен).
   Односните означуваат признак во сооднос со некој
премет. Тие се материјални (метална врата) или присвојни
                         (татков дом).
     Бројните придавки се образуваат од броеви и го
            означуваат редот или умноженоста
               (втор, трет, двоен, троен, стоти).
  Заменските придавки можат да бидат: присвојни (мој,
   твој), количествени (онолкав, толкав), квалитативни
 (ваков, онаков, таков), прашални (каков, колкав), општи
             (секаков), неопределени (некаков).
Степенување има кај описните придавки. Постојат три
    степени: позитив (висок), компаратив (повисок), и
                     суперлатив (највисок).
 Компаративот подразбира споредба меѓу два предмета,
 две суштества и сл., а суперлативот меѓу три или повеќе
                   предмети, суштества и сл.
   Блиски до степенување се формите со при-, и пре-,
  (припрост, преубав), или пак: супергол, супермодерен,
     ултралев. Спореди уште кај именките: помајстор,
              најмајстор; мајстор над мајстори.
 Во речениците придавките се атрибути или именски дел
од прирокот. Но: Болниот дојде (како подмет, односно како
                              именка).
       Цитат за овој час: Животот е планина, се качуваш бавно,
                  а слегнуваш брзо. Ги де Мопасан
БРОЕВИ (NUMERALIA)
    Броевите се зборови кои означуваат количество.
  Количеството може да биде точно избројано (три, сто,
триста), или приближно (три-четири). Разликуваме броеви
    за определена (точна) и за приближна бројност.
 Броевите стојат до именките и означуваат количествен
  признак. Немаат посебни граматички категории освен
  бројот еден кој има форми за трите рода (еден, една,
едно, едни). Множинската форма, пак, едни има значење
 како неопределената заменка некои (Дојдоа едни луѓе
                         кај нас).
 Бројот два стои до именки од машки род (два стола), а
  две до именки од женски и среден род (две жени, две
 деца). Кога стои до лица покрај два, се користат уште и
                  обата/обајцата/обете.
Според составот броевите ги делиме на прости и
 сложени. Прости броеви се од еден до десет, како и сто.
  Како прости броеви ги сметаме и нула, илјада, милион,
милијарда и сл. Но тие повеќе се однесуваат како именки.
                    Имаат род, број и член.
Сложените броеви се образуваат на три начина: од десет
до деветнаесет со додавање на предлогот на: единаесет,
петнаесет...; од дваесет натаму со додавање на и: триесет
   и пет...; кај десетиците и стотиците имаме директно
            додавање: осумдесет, осумстотини...
   Определената бројност во која има и лице (лица) од
  машки род се прави со наставките -ица, -мина: тројца,
                петмина, четворица, осуммина.
Приближната бројност се искажува на два начина:
 1. Со поврзување на два соседни броја: два-три, седум-
      осум, пет-шеснаесет, двесте и пет-шеесет; три-
                          четиристотини;
        2. со наставката -ина: педесетина, стотина;
Во речениците броевите пред именките вршат атрибутска
                функција: Купи три литра вино.
   Кога се користат самостојно во реченицата броевите
 можат да бидат подмет: Пет е прост број; именски дел
на прирокот: Бројот на неделите во годината е педесет и
                             две; и сл.
  Поука за овој час: Работник пијаница никогаш нема да се збогати,
   ако ги презира малите работи, набргу и без нив ќе остане. 19. 1
ЗАМЕНКИ (PRONOMINA)
   Заменките се зборови со кои се укажува на некој или
   нешто, без да се именува: таа (клупа), тој (чичко ми).
Според значењето заменките се делат на: лични, лично-
                    предметни и показни.
     Личните заменки се однесуваат на граматичката
 категорија лице. Заменки за прво лице се: јас, мене, ме,
мене, ми (едн.) и ние, нас, нè, нам, ни (мн.); за второ лице:
ти, тебе, те, тебе, ти (едн.) и вие, вас, ве, вам, ви (мн.); за
трето лице: тој, него, го, нему, му, таа, неа, ја, нејзе ѝ, тоа,
    него, го, нему, му (едн.) и тие, нив, ги, ним, им (мн.).
    Постои уште и лично-повратна заменка себе (се),
                          себе (си).
   Покрај основните форми (подметските, јас, ти, тој...),
  заменките имаат долги и кратки форми за директен и
                     индиректен предмет.
Кога се истакнува предметот тогаш се користат и долгите
  и кратките форми: Тебе ти велам. Инаку: Го видов, му
                           реков.
   Долгите заменски форми се користат со предлози: со
                       мене, без нас.
   Лично-предметни заменки се: кој, што и чиј, како и
          изведените од нив: никој, нешто, нечиј.
   Заменката кој има една форма што се однесува како
  лична заменка (кој, кого, кому; некого, некому и т.н.).
 Другата кој-заменка има форми за трите рода (кој, која,
 кое, кои) и се однесува на лице и на предмети (кое дете,
                  која книга, секој човек).
Заменката што се однесува на предмети (што купи?), но и
                 на дејства (што правиш?).
 Со заменката чиј се искажува припадност на лица и или
                         предмети.
Во однос на значењето и функциите овие заменки ги
   делиме на: прашални (кој?,чиј?, што?), односни (кој,
  којшто, што, чиј, чијшто), одречни (никој, ништо, ничиј),
    општи (секој, сешто, сечиј), и неопределени (некој,
                нешто, нечиј, кој било, кој-годе).
Показните заменки се користат за просторно и временско
  определување на лица и предмети. Тие се: овој, оваа,
ова, овие (близу до нас); оној, онаа, она, оние (подалеку
     од нас); тој, таа, тоа, тие (близу до соговорникот).
     Заменките во речениците можат да бидат подмет,
предмет, атрибут, прилошка определба и именски дел
                            од прирокот.
 Поука за овој час: Тој што многу таксува, мене не ме радува! Народна
ГЛАГОЛИ (VERBA)
Глаголите се менливи зборови кои означуваат дејство или
  состојба (работи, оди, врне). Глаголите кои искажуваат
дејство се врзуваат со вршителот на тоа дејство (Tој пее).
   Глаголите во нашиот јазик имаат разгранет систем на
   форми и повеќе граматички категории: време, начин,
         лице, вид, преодност, залог, род, број...
   Со категоријата време се определува времето кога се
   врши дејството. Ако тоа се врши во моментот додека
  зборуваме (пеам), станува збор за сегашно време. Ако
                                                   пеев
                                                   пеев),
 тоа се случило пред моментот на соопштувањето (пеев
 тогаш се работи за минато време. Ако тоа ќе се случи во
       иднина (ќе пеам), зборуваме за идно време.
Во нашиот јазик постојат следниве глаголски времиња:
сегашно, минато определено свршено, минато определено
несвршено, минато неопределено (свршено и несвршено),
предминато, идно, минато-идно, и идно прекажано време.
  Со категоријата начин се искажува односот на тој што
         зборува кон дејството. Постојат три начина:
Со исказниот начин дејството се предава во вид на исказ
или соопштение (ние играме). Сите глаголски времиња ги
                  искажуваме преку овој начин.
 Со заповедниот начин се искажува заповед (носи, пеј,
                           пејте, носете).
    Со можниот начин дејството се предава во вид на
                можност (би гледал, би сакале).
  Поука за овој час: Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да
                  бидат управени кон праведното. 25
Со категоријата лице се означува лицето што зборува или
го врши глаголското дејство или пак се посочува на лицето
                      за кое се зборува.
 Најчесто глаголските форми се лични и се реализираат
         преку трите лица во еднина и во множина.
        Лицето се искажува преку личните наставки:
   гледам/гледате; понекогаш и со нивно отсуство: гледа
(3.л. едн.). Кога формите се исти за повеќе лица, тогаш се
 користат личните заменки (ти гледаше, тој гледаше) или
  помошните глаголи сум и има (сум гледал, си гледал;
               имам гледано; имаш гледано).
    Глаголски форми што се менуваат по лица се лични
     (пеам, пееш, пее), а оние без промени, се нелични
  (носејќи, носен, носење). Постојат и безлични глаголи
                  (врне, грми, се стемнува).
Со категоријата вид се означува траењето на глаголското
дејство. Имаме два вида глаголи: свршени и несвршени.
  Кај несвршените глаголи дејството не е завршено, тоа
    трае (игра, носи, пее), додека свршените глаголи
означуваат дејство кое се извршило во еден момент (Таа
му намигна), или за подолго време (Го напиша делото за
                       една година).
Во рамките на несвршените постојат уште и повторливи
глаголи чие дејство се одвива одвреме навреме: боднува,
                        подлегнува.
 Една мала група глаголи можат да бидат од двата вида:
вечера, руча, но повеќе од нив се од туѓо потекло: донира,
                  фенира, сигнализира.
Категоријата преодност означува присуство или отсуство
 на друг збор до глаголот, што го означува предметот врз
 кој може да „преоѓа“ дејството од глаголот: читам книга /
                            седам сам.
    Преодните глаголи се оние чие дејство преоѓа врз
  предметот, односно бараат дополнување: гледа филм,
 слуша музика. Непреодните не бараат дополнување од
  предмет: Оди замислено по патот; Му кажа да молчи.
     Границата меѓу преодните и непреодните глаголи
  честопати е лабава: Го кажа на учителот (овде кажа е
                        преоден глагол).
   Повратни глаголи се оние чие дејство се „враќа“ врз
 подметот. Одат со повратната заменка се: се смеам, се
                     молам, се облекувам.
         Поука за овој час: Некој молчи, се смета за мудар,
         а некого го мразат поради многу зборување. 20. 5
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ГЛАГОЛИТЕ
Кај глаголите ги разликуваме следниве делови: општ дел,
          основен вокал и наставка (глед / а / м).
 Во некои од глаголските форми вториот или третиот дел
                  може да недостасува.
 Според вокалот во трето лице еднина на сегашно време
глаголите ги делиме на три групи: а-група (гледа, чита), е-
          група (пее, спие), и-група (носи, води).
      Според вокалот во прво лице еднина на минато
определено свршено време, глаголските групи ги делиме
                на раздели или подгрупи:
Глаголите од а-група немаат раздели. Секаде се јавува
          основниот вокал а: гледав, викал, јавајте.
Глаголите од и-група имаат три раздели: и-раздел (фатив,
     сменив), е-раздел (изгорев, премолчев), а-раздел
                        (одлежав, одржав).
   Глаголите од е-група имаат четири раздела: а-раздел
  (седнав, набрав), е-раздел (допрев, запрев,), о-раздел
 (испеков, реков) и раздел без основен вокал(ø) (измиøв,
                               начуøв).
Поука за овој час: Човечки е да се греши, но да се повторуваат грешките
          е својствено само за глупавите! Латинска сентенца
ПРОСТИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ
    Прости глаголски форми во македонскиот јазик се:
                          Сегашно време,
           Минато определено несвршено време,
             Минатo определено свршено време,
                         Заповеден начин,
          Глаголска л-форма, Глаголска придавка,
             Глаголска именка, Глаголски прилог.
Поука за овој час: Кога богат се сопнува, пријателите го придржуваат, а
       кога сиромавиот паѓа и пријателите го оставаат. 13. 25
СЕГАШНО ВРЕМЕ
Се образува со додавање на наставки за сегашно време
            на основниот вокал на глаголот:
                        еднина
           а-група      и-група     е-група
          1.л.гледам 1.л.носам 1.л.јадам
          2.л.гледаш 2.л.носиш 2.л.јадеш
           3.л.гледа    3.л.носи    3.л.јаде
                         множина
         1.л.гледаме 1.л.носиме 1.л.јадеме
          2.л.гледате 2.л.носите 2.л.јадете
          3.л.гледаат 3.л.носат 3.л.јадат
 Основно значење на сегашното време е да означува
  дејство кое се одвива во моментот на зборувањето:
             Јас пишувам вие внимавате.
                 пишувам,
      Вакво значење имаат несвршените глаголи.
Сегашно време од свршените глаголи се образува со
 додавање на некои честички или сврзници, но тоа не
       означува сегашност во вистинска смисла:
 Ако видам; да прочитате; додека да седнете; дури да
                            најдеме.
      Со сегашно време може да се искажува и:
      Минатост: Наполеон ја освојува Москва...
          Идност: Утре одиме за Валандово.
       Севременост: Сонцето изгрева на исток.
         Повторливост: Во петок јадеме грав.
          Готовност: Доаѓам да ти помогнам помогнам.
Истовременост со друго дејство: Почнувам да грешам.
   Поука за овој час: Кој катран допира, од него ќе се извалка,
         кој со горди се дружи, ќе стане како нив. 13. 1
МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ
                     (ИМПЕРФЕКТ)
 Минато определено несвршено време се образува со
додавање на наставките на основниот вокал на глаголот:
                          еднина
            1л. гледав 1л. носев 1л. јадев
           2л. гледаше 2л. носеше 2л. јадеше
           3л. гледаше 3л. носеше 3л. Јадеше
                         множина
         1л. гледавме 1л. носевме 1л. јадевме
          2л. гледавте 2л. носевте 2л. јадевте
            3л. гледаа 3л. носеа 3л. јадеа / ја
   Наставката -ја во трето лице множина се додава кај
  глаголите кај кои општиот дел им завршува на вокал:
                   миеја, броеја, стоеја.
Глаголите од и- и е-група имаат основен вокал е кај сите
                лица во еднина и множина.
            Се образува од несвршени глаголи.
Свршените глаголи можат да образуваат имперфект, но со
   помош на честички (да, нека, ако) и искажуваат други
значења (услов, блага заповед и сл.). Основно значење:
    се искажува минато засведочено дејство кое траело
                      подолго време.
                      Други значења:
           Услов: Ако знаеше немаше да дојде.
                      знаеше,
      Блага заповед: Да му дадеше малку од имотот.
     Повторливост: Штом станеше се помолуваше и
                           станеше,
                  почнуваше да работи.
  Готовност: Да имаше нафта, сигурно ја ораше нивата.
МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ (АОРИСТ)
 Се образува со помош на наставките кои се додаваат на
     основата за минато определено свршено време
                     (аористна основа):
                Еднина             множина
      1л. реко -в, истри –в     1л. реко -вме, истри -вме
      2л. рече - ø, истри -ø     2л. реко -вте, истри -вте
       3л. рече - ø, истри -ø   3л. реко -а, истри -a -ја
   Наставката -ја се додава кај глаголите од и-група, и-
раздел (казни, истроши), како и кај глаголите од е-група во
            разделот без вокал (истрие, измие).
Ова време се образува од свршени глаголи чие дејство
може да се изврши за момент: (Ја шутна топката), или за
   долго време (Ја прошета Америка за пет години).
Основно значење: Засведочено дејство кое се извршило
  во минатото во еден момент: Тој падна и се повреди.
                         Други значења:
                 Идност: Не лажи оти те убив.
         Услов: Се вратив ли дома, ќе ти се јавам.
    Севременост: Заврна дождот, закрекаа жабите.
     Поука за овој час: Кој ја сака мудроста – животот го сака;
    кој ја бара неа од рано утро – со радост ќе се исполни. 4. 13
ЗАПОВЕДЕН НАЧИН (ИМПЕРАТИВ)
Заповедниот начин има само форми за второ лице еднина
                         и множина:
    пишувај-пишувајте; носи-носете; стани-станете.
 Наставките -ј, -јте се додаваат кај глаголите од а-група и
 кај оние од е- и и-група чиј општ дел завршува на вокал:
                         пиј, стојте.
  Наставките -и, -те се додаваат кај глаголите од е- и и-
 група чиј општ дел завршува на согласка: носи, кажете.
      На овој начин се искажува директна заповед.
      Индиректна заповед се искажува со помош на
         честичките да и нека: да оди, нека чита.
  Покрај заповед со овој начин се искажува и: Минатост:
 Јади јади не се дојадува. Севременост: Роди ме мајко
 Јади, јади,
   со касмет, па фрли ме на буниште. Услов: Дај му на
             човек власт да го видиш каков е!
ГЛАГОЛСКА Л-ФОРМА
 Глаголската л-форма името го добила според наставката
       -л. Има форми за род (во еднина) и за број:
            чита-л, чита-ла, чита-ло, чита-ле.
  Глаголите од а-група имаат една форма: копал, читал,
                         пишувал.
      Глаголите од е- и и-група имаат по две форми:
станал/станел; паднал/паднел, фатил/фател; носил/носел.
    Постојат свршени и несвршени глаголски л-форми
 образувани од свршени, односно од несвршени глаголи.
 Едните искажуваат свршено дејство, другите несвршено:
               станал/станел; носил/носел.
Кај глаголите од е-група со о-раздел го имаме следново:
          Редување на согласката: текол/течел.
         Испуштање на самогласката: текол/кла.
  Скратување и неправилно образување: јадел/јал;
                          дојдел/дошол.
     Несвршените л-форми од свршените глаголи во
речениците се употребуваат само со некои сврзници или
  честички (ако, да, ќе и др.) ако дојдел, ќе дојдел, да
                              дојдел.
              Не може да се каже: Тој дојдел.
Л-формите служат за образување на сложени глаголски
  времиња: минато неопределено време, предминато
      време, идно прекажано време, можен начин.
                 Како придавки: гнил, зрел.
       Поука за овој час: Провери ја патеката со нозете свои,
             и сите патишта твои нека бидат прави. 26
ГЛАГОЛСКИ ПРИДАВКИ
   Глаголските придавки се образуваат со наставките:
   -н, -на, -но, -ни, и -т, -та, -то, -ти. Овие наставки се
додаваат на основните вокали (вокали на основата!) а и е:
              гледан, гледана, гледано, гледани;
               дојден, дојдена, дојдено, дојдени
                   учен, учена, учено, учени;
  Со -т, -та, -то, -ти се образуваат глаголски придавки со
општ дел на -н (викне, падне, рани): викнат, паднат, ранет.
Од некои глаголи има по две форми: дерен и дран, берен
                      и бран, перен и пран.
         Имаат својства и на глагол и на придавка.
  Глаголските придавки имаат форми за трите рода во
         еднина и една во множина и се членуваат.
Според значењето се блиски до глаголот или до
                            придавката.
  Со сум/има како глагол: Повикани сме на свадба; / има
                                 овикани
                     настапувано за Вардар.
 Како придавки во атрибутска служба: учен човек, болна
                                жена.
   Самостојно: Oд пишаното не се бега. Имаме славно
                               минато.
 Глаголските придавки се образуваат не само од преодни
глаголи: викан, крпен, купен, туку и од непреодни глаголи:
                      дојден, станат, легнат.
 Ова е карактеристична особеност на глаголскиот систем
                          во нашиот јазик.
  Поука за овој час: Оној што дава малку, нема право да бара многу!
                          Латинска сентенца
ГЛАГОЛСКА ИМЕНКА
Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со
                     наставката: -ње
  Наставката се додава на основниот вокал а, или е (кај
 глаголите од е и и-група): гледа-гледање, спие-спиење,
                       коси-косење.
  Поретко се користи наставката -ние и тоа кај свршени
      глаголи: воспита-воспитание, реши-решение.
   Глаголската именка се однесува и како именка (има
 среден род, има еднина и множина и се членува), и како
глагол (се изведува од глагол и означува име на дејство).
Може да означува и предмет: Имаше јадење и пиење
        колку што сакаш. (=Значи храна и пијалак).
 Кога се користи со предлог, глаголската именка заменува
     зависна реченица или одделна глаголска форма:
Го затекнале на крадење. (= Го затекнале додека крадел).
        Време е за играње. (= Време е да се игра).
   Се вратија со смеење. (= Се вратија смеејќи се). Со
 внимание го слушаше. (= Внимаваше додека слушаше).
   Со учење ќе го положиш испитот. (= Ако учиш, ќе го
                        положиш испитот).
     Поука за овој час: И славата и срамот доаѓаат од зборовите,
            јазикот на човекот е неговата пропаст. 5. 15
ГЛАГОЛСКИ ПРИЛОГ
     Формите на глаголскиот прилог се образуваат од
 несвршени глаголи со наставката -јќи. Таа се додава на
                     основниот вокал а
  (кај глаголите од а-група): гледајќи, сонувајќи, читајќи
   или е (кај глаголите од е- и и-група): миејќи, носејќи,
                           одејќи.
Глаголскиот прилог е со неменлива форма. Со друг глагол
  се јавува како негова определба и означува паралелно
     дејство со дејството на глаголот во лична форма:
Одејќи кон училиштето, ја повторував научената лекција.
     Играјќи кошарка, мислеше како да стане славен.
Во реченицата дејството на глаголскиот прилог и на
  личната глаголска форма секогаш се врзува со ист
 вршител. Притоа подметот стои до личната глаголска
    форма. Читајќи ја книгата, Петре полека заспа.
  Неправилно е да се каже: Читајќи ја Петре книгата  книгата,
                        полека заспа.
Понекогаш глаголскиот прилог можеме да го искажеме и
                       на друг начин :
 Станувајќи од креветот, се сети дека има лектира за
                           читање.
 Додека стануваше од кревет... или: На станување од
                           кревет...
      Поука за овој час: Мудриот по срце прима заповеди,
         а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. 10. 8
СЛОЖЕНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ
   Во македонскиот јазик сложени глаголски форми се
образуваат со простата форма на глаголот што се менува
   и помошните глаголи сум и има, или со честичките
                        ќе и би.
Со сум се образуваат минато неопределено и предминато
 време, како и конструкциите со глаголска придавка (сум
                   дојден, бев дојден).
 Со има / нема глаголот и глаголска придавка во среден
 род се образуваат форми паралелни на оние со сум, ќе,
             би: (имам одено, имав одено).
  Со ќе се образуваат идно време, минато идно и идно
                    прекажано време.
           Со би се образува можниот начин.
МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ
                             (ПЕРФЕКТ)
Се образува со помошниот глагол сум во сегашно време и
         глаголската л-форма од несвршени глаголи:
           еднина                                  множина
   сум гледал, носел, пеел сме гледале, носеле, пееле
   си гледал, носел, пеел          сте гледале, носеле, пееле
        гледал, носел, пее         гледале, носеле, пееле
  Во трето лице еднина и множина не се користи формата
                    на помошниот глагол сум.
Поука за овој час: Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа
          и биди мудар. Таа нема ниту началник, ни настојник,
 ниту заповедник; но ја приготвува храната лете, ја собира во време на
                     жетва храната своја... 6. 7. 8.
МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ
                         (ПЕРФЕКТ)
   Се образува со помошниот глагол сум и глаголската
               л-форма од свршени глаголи.
                           еднина
               сум изгледал, испил, износил
                си изгледал, испил, износил
                  изгледал, испил, износил
                          множина
             Сме изгледале, испиле, износиле
             сте изгледале, испиле, износиле
               изгледале, испиле, износиле
 Во трето лице не се употребува помошниот глагол сум. И
 во ова време несвршените форми од свршените глаголи
не се употребуваат самостојно, туку со честичките ако, да,
        ќе и сл. (ако станел, да станел, ќе станел).
  Основно значење: минато дејство без укажување на
                моментот кога се извршило.
Се користи за прекажување или за директно кажување.
    Со прекажувањето се искажува дејство што ни го
   соопштува некој друг: Си бил некој цар. Тој имал три
      ќерки. Со директното кажување се искажува
 засведочено дејство. Не сум се надевал дека ова ќе се
        случи. Не сум бил дома кога ти си се јавил.
                           Други значења:
        Констатација: Уште не си научил за двојка.
             Заповед: Да не сте избегале од час!
Идност: Дури не се напил добро, не почнувал да пишува.
Севременост: Се фатил сиромавиот на орото, се скинал
                                тапанот.
    Претпоставка: Сигурно си се одморил тие денови.
 Поука за овој час: ...Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива,
каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и
 царевите и обичните луѓе; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако по
            силата е слаба, но по мудроста е почитувана. 8
ПРЕДМИНАТО ВРЕМЕ (ПЛУСКВАМПЕРФЕКТ)
Основно значење: покажува дејство кое се случило пред
некое друго дејство во минатото. Кога дојдовме, тие веќе
                           беа заминале.
Предминато време се образува со формите на помошниот
  глагол сум во минато определено несвршено време и
глаголската л-форма од глаголот што се менува, најчесто
                         од свршен глагол.
  Покрај основното значење, предминатото време има и
   други значења, но тие се поограничени за разлика од
             другите времиња и начински форми.
 Поука за овој час: Глупавиот со веселба го прави она што е престапно,
        а на разумниот човек мудроста му е својствена. 10. 23
еднина
             1.л. бев повикал, дошол, пратил
            2.л. беше повикал, дошол, пратил
            3.л. беше повикал, дошол, пратил
                         множина
          1.л. бевме повикале, дошле, пратиле
          2.л. бевте повикале, дошле, пратиле
            3.л. беа повикале, дошле, пратиле
 Наместо предминато време почесто се користи минато
неопределено или определено време и конструкциите со
                    глаголска придавка.
Наместо: Беше се потстрижал сосема кратко, може да се
  каже и: Беше потстрижан сосема кратко, / се имаше
  потстрижано сосема кратко, / се потстрижал сосема
                          кратко.
МОЖЕН НАЧИН (ПОТЕНЦИЈАЛ)
Со можниот начин се искажува претполагано, можно или
посакувано дејство, неограничено од времето. Има само
по една форма во еднина и множина: јас (ти, тој, таа, тоа)
       би сакал, -ла, -ло; ние, вие, тие би сакале.
Повеќе е застапен во литературниот отколку во народниот
јазик. Обично се среќава во условните реченици: Кога би
                     можел, би помогнал.
  Неправилно: Го викнаа за да би кажал. Правилно: Го
                       викнаа за да каже.
   Поука за овој час: Не фали го човека поради неговата убавина,
           а поради неговиот изглед не презирај го. 11. 2
ИМА-КОНСТРУКЦИИ
      Се образуваат со помошниот глагол има/нема и
  глаголската придавка во среден род: имам учено, имав
   учено, сум имал учено, ќе имав учено, ќе сум имал
                   учено, би имал учено.
 По значење се блиски на формите со сум, ќе, би и често
 се заменуваат: имам учено со сум учел; имав учено со
                       бев учел и т.н.
Кај има-конструкциите повеќе се истакнува резултатот од
     дејството, а кај формите со сум, ќе, би повеќе се
                 истакнува самото дејство.
    Тие се една од особеностите на македонскиот јазик.

  Поука за овој час: Никој не ја сака татковината зашто е голема, туку
                  зашто е негова. Латинска сентенца
СУМ-КОНСТРУКЦИИ
Тоа се сложени форми со сум и глаголска придавка, како
 од преодни, така и од непреодни глаголи: сум носен, ќе
  сум носен, ќе бев носен, ќе сум бил носен, би бил
                               носен.
  Се употребуваат паралелно со временски и начински
форми: Ќе бев дојден ако не заврнеше; Ќе дојдев ако не
                 дојден,                             дојдев,
                             заврнеше.
Најчесто означуваат резултат од вршењето на дејството
                          или состојба.
  Стојат на границата меѓу морфологијата и синтаксата.
      Поука за овој час: Не одбивај ги молбите на неволниците,
           лицето твое не свртувај го од сиромавиот. 4. 4
ИДНО ВРЕМЕ (ФУТУР)
Основно значење: Означува дејство кое ќе се изврши по
  моментот на зборувањето. Ќе одам за Скопје. Поимот
  иднина се однесува не само на сегашноста, туку и на
 времето по некој момент во минатото: Ти реков дека ќе
                      одам за Скопје.
   Се образува со честичката ќе и формите за сегашно
             време на глаголот што се менува.
    Негираните форми се образуваат со додавање на
честичката не пред формата за идно време: Не ќе пеам;
                       не ќе гледам.
         Еднина                           множина
 1.л. ќе викам, ќе пеам          1.л. ќе викаме, ќе пееме
 2.л. ќе викаш, ќе пееш           2.л. ќе викате, ќе пеете
 3.л. ќе вика, ќе пее            3.л. ќе викаат, ќе пеат
Кога се искажува поголема сигурност во вршењето на
 дејството се користат конструкциите на глаголот има и
       честичката да: Има да плачеш, ако не учиш.
Со формите на идното време можат да се искажат и други
               значења освен основното:
   Минатост: Дојдов дома и што ќе видам насекаде
                                    видам:
                   расфрлани алишта.
       Заповед: Ќе ми платиш и оро ќе ми играш.
      Претпоставка: Не се плаши, ќе има за сите.
Севременост: Ако се направиш овца, секој ќе те стриже.
Повторливост: Штом дојде лето ќе одиме на езеро, ќе се
   капеме по цел ден, а навечер ќе слушаме музика.
      Услов: Ако се свртиш назад, ќе те запишам.
  Можност: Ми даде ли повод – ќе го кажам она што го
                         знам.
ИДНО ПРЕКАЖАНО ВРЕМЕ
        Идно прекажано време е глаголска форма
    карактеристична на нашиот јазик. Се образува со
 честичката ќе и формите за минато неопределено време
                на глаголот што се менува.
    Одречните форми се образуваат на два начина: со
честичката не (не ќе сум одел или со глаголот нема и да-
                             одел)
            конструкцијата (Немало да одам).
Во трето лице се испушта помошниот глагол сум. Кај оние
  глаголи што имаат две л-форми се зема несвршената
                            л-форма.
         Цитат за овој час: Јас знам дека ништо не знам,
           но има некои што и тоа не го знаат! Сократ
еднина
      1.л. јас ќе сум викал, ќе сум носел, ќе сум печел
        2.л. ти ќе си викал, ќе си носел, ќе си печел
             3.л. тој ќе викал, ќе носел, ќе печел
                           множина
   1.л. ние ќе сме викале, ќе сме носеле, ќе сме печеле
    2.л. вие ќе сте викале, ќе сте носеле, ќе сте печеле
           3.л. тие ќе викале, ќе носеле, ќе печеле
   Со ова време се искажуваат значењата на идното и
минато-идното време, само во вид на прекажување: Петре
ќе го кажел она што го знаел. Наспроти: Петре ќе го каже
  она што го знае. Или: Петре ќе го кажеше она што го
знаеше Со ова време се искажува незасведочено дејство.
знаеше.
  Често се искажува и личен став: Гледам, си пораснал.
МИНАТО-ИДНО ВРЕМЕ
 Се искажува идност која следува по некој минат момент.
Во однос на сегашноста, тоа е минато дејство, но во однос
              на некое минато дејство е идност.
                Јадев оти ќе останев гладен.
  Се образува со честичката ќе и со формите на минато
 определено несвршено време на глаголот што се менува
       и кој може да биде од свршен и невршен вид.
             еднина                    множина
     ќе викав, ќе викнев       ќе викавме, ќе викнеме
     ќе викаше, ќе викнеше      ќе викавте, ќе викневте
    ќе викаше, ќе викнеше        ќе викаа, ќе викнеа
Одречните форми се образуваат со честичката не (не ќе
   викнев), или со глаголот нема и да-конструкцијата
         (немаше да викаме, немаше да викнеме).
Минато-идно време има значења блиски со идното време.
      Најчесто се користи во условните реченици за
искажување нереален услов: Да можев, ќе ти помогнев.
  Како и во реченици со кои се искажуваат повторливи
 дејства: Ќе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев да
                                учам.
   Поука за овој час: Кој се надева на богатството свое, ќе падне;
    а кој се застапува за праведниците, тој ќе напредува. 11. 28
ПРИЛОЗИ (АДВЕРБИ)
Прилозите се полнозначни зборови кои најчесто стојат до
                 глаголите и поблизу ги
       објаснуваат: Зборува гласно и постојано.
 Можат да објаснуваат и други видови зборови (именки,
       придавки): малку пари; многу силен удар;
  Прилозите се неменливи зборови. Но некои прилози
 можат да се степенуваат: подобро, најдобро знае; или
      дури и да се членуваат: повеќето, малкуте.
      Според потеклото прилозите можат да бидат:
од стари падежни форми на именките: дење, лете, зиме,
                        силум,
или од други видови зборови: придавки (силно, храбро,
 херојски); глаголи (трчаница, брзаница, молчешкум);
 броеви (еднаш, двапати, тројно); заменки (како, таму,
                         негде).
 Два или повеќе предлози можат да образуваат прилози:
   на-зад (назад), од-на-пред (однапред). Но и од два
 полнозначни збора можат да се добијат прилози: вчера-
   вечер (вчеравечер), многу-пати (многупати), исто-
 времено (истовремено), едно-до-друго (еднододруго).
  Многу придавки од среден род ако стојат до глаголи се
  однесуваат како прилози: добро момче (придавка), но:
                   добро пее (прилог).
  Понекогаш некои прилози се однесуваат како модални
зборови (сигурно, речиси) или како сврзници (кога, каде
                     што, како што).
Според значењето прилозите ги делиме на прилози: за
 време: сега, вчера, утре, веднаш; за место: овде, таму,
десно, далеку; за начин: како, добро, храбро, полека; за
   количество и степен: колку, малку, повеќе, неколку.
    Во реченицата кога стојат до глаголите прилозите се
јавуваат како определби за време (дојде вчера), за место
  (се качи високо); за начин (убаво пее). Кога стојат до
 именки или придавки означуваат степен или количество
               (мошне паметен, многу народ).
   Прилозите може да бидат и именски дел од прирокот:
                    Како е? Засега е добро!
         Поука за овој час: Не биди лицемерен пред другите,
                   внимавај на својата уста. 1. 29
СВРЗНИЦИ (КОНЈУНКЦИИ)
  Сврзниците се службени зборови со кои поврзуваме
одделни зборови во реченицата или реченици во рамките
на сложената реченица: Тој и таа се гледаат често. Рече
                     оти бил болен.
Сврзниците по состав можат да бидат прости (и, а, но, та)
    и сложени (иако, за да, така што); но има и цели
       сврзувачки состави: не само што... туку и.
    Во зависност од тоа дали поврзуваат приредени
   (независни) делови од речениците, или подредени
  (зависни), сврзниците ги делиме на координациски
      (приредени) и субординациски (подредени).
Координациски сврзници поврзуваат две приредени
(независносложени) реченици. Тие се составни: и, па, та,
  тики; спротивни: а, но, туку, ами, меѓутоа: разделни:
 или, или-или, ни-ни, де-де, и-и, ниту-ниту, било-било.
        Субординациски сврзници поврзуваат две
зависносложени реченици од кои една е главна, а другата
    подредена. Се расплака кога дојде. Ги има повеќе:
 Исказни сврзници: дека, оти, да, што, како; временски:
     кога, штом, штотуку, пред да, дури, дури да...;
    причински: зашто, затоа што, бидејќи, дека, што;
  последични: што, така што; условни: ако, да; допусни:
   иако, макар што, и покрај тоа што; целни: да, за да;
начински: како да; односни: кој, што, којшто, чиј, чијшто.
Во речениците покрај сврзниците се користат и
 сврзувачките зборови кои се и како дел од подредената
   реченица. Тоа се најчесто односни (којшто, чијшто),
прашални (кој, што) и неопределени заменки (кој било);
заменски придавки (каков што, колкав што), но и некои
               прилози (како што, каде што).
  Како сврзници можат да се јават и некои честички: ли,
    дали (во условните и зависноисказните реченици).
    Праша дали може да одговара за оценка. Може ли
                   повторно да се видиме?
        Цитат за овој час: Животот не е редица од и… и… и…
        Животот е редица од или… или… или… Џон Штајнбек
ПРЕДЛОЗИ (ПРЕПОЗИЦИИ)
Предлозите се неменливи и службени зборови кои немаат
      свое значење, но ги објаснуваат односите меѓу
полнозначните зборови: час по македонски јазик, за мене,
                      со помош на.
    Кога стојат до именките, заменките и сл. добиваат
    просторно, временско, присвојно, начинско, целно,
 споредбено значење и т.н. (на маса, пред Петровден, од
    мене, на смеа, со радост, поголем од, на барање.
Предлогот на, е, без сомневање, најчесто употребуван во
     нашиот јазик и понекогаш треба да се избегнува
      „натрупувањето“ на на во една иста реченица.
Според составот предлозите се прости (в, во, на, за, од...)
           и сложени (покрај, накај, заради...)
ИЗВИЦИ (ИНТЕРЈЕКЦИИ)
Извиците се зборови со кои се искажуваат чувства или се
                       подражаваат звуци.
Се изразуваат различни чувствени состојби: радост, тага,
   бол, чудење и сл.: ха, леле, оф, ох, бре, уа, море.
    Изговорот на извиците, посебно на оние со кои се
подражаваат (имитираат) звуци, понекогаш тешко можеме
  да го предадеме со вообичаените гласови: трас, бум,
  бам, куку. Понекогаш се користат гестови и сл: псст,
                            шшшт, ццц,
 Некои извици по значење се доближуваат до глаголите:
                Чук, чук! Кој чука? Стојанче...
  Во речениците се одделуваат со запирка или со други
                 знаци. Леле што направив!
                           Леле,
        Цитат за овој час: Аристотел не секогаш е Аристотел!
            (и мудрецот може да згреши!) Латинска сентенца
ЧЕСТИЧКИ (ПАРТИКУЛИ)
Честичките служат за определување на други зборови или
за образување на некои глаголски или придавски форми.
Со некои честички се тврди: да (Да така е!); се негира: не
                                        Да,
(Не видов), ни, ниту; се прашува: дали, ли, нели, зарем
 (Зарем си научил?); се заповеда: да, нека (Нека влезе!).
   Некои служат за засилување: и, барем, дури, пак; за
   изделување: само (Само тој е отсутен), единствено,
   уште; за определување: токму, имено, баш (Баш на
  време се оженив...); за количественост: токму, скоро,
   рамно, одвај, речиси; за посочување: еве, ене, ете.
Формообразувачки честички: ќе ( Ќе учам), би, да, нека,
          по-, нај- (поубав, најубав), -годе, било.
         Поука за овој час: Од секој труд има изобилен плод,
     а празните зборови и негрижата водат кон скудност. 14. 23
МОДАЛНИ ЗБОРОВИ
Со нив се изразува личен став кон исказот, кон она што го
соопштуваме: сигурно, навистина, можеби, бездруго, се
   разбира. Во реченицата не се поврзуваат со другите
     зборови, а се однесуваат на смислата на целата
 реченица: Бојан /сигурно бездруго секако / ќе се врати.
                    сигурно бездруго,
                    сигурно,
   Според потеклото модалните зборови не се посебна
  зборовна група. Тие потекнуваат од прилози, глаголи,
                   именки, придавки и сл.
  Покрај модалните зборови постојат и модални изрази:
     за жал, за несреќа, без сомнение, на крајот на
                       краиштата и т.н.
           Поука за овој час: Кој го почитува татко си –
                 ќе се очисти од своите гревови,
              а кој ѝ оддава чест на својата мајка –
               придобива големо богатство. 3. 3.4
ЛЕКСИКОЛОГИЈА
  Лексикологијата е дел од науката за јазикот која го
проучува зборовниот (лексичкиот) состав на еден јазик.
   Лексикологијата ги разгледува одделните зборови
   (лексеми) како единици на речникот на еден јазик.
 Таа се дели на повеќе поддисциплини: семантика: ја
      проучува смислата, значењето на зборовите;
   етимологија: го проучува потеклото и развојот на
 зборовите; лексикографија: ги утврдува начелата за
 составување на речници; фразеологија: ги проучува
   постојаните зборовни состави (фразеологизмите).
 Речничкиот состав на еден јазик го сочинуваат повеќе
  десетици илјади зборови и тој постојано, со текот на
 времето, се дополнува со зборови од домашно и туѓо
                       потекло.
Зборот е најмала јазична единица која се реализира како
   целост и може слободно да се преместува во говорот:
   (Рибата плива брзо; Плива брзо рибата; Брзо рибата
                         плива).
Зборот се состои од низа гласови, но и еден глас може да
           биде збор (ако, може, на, од, а, и, е).
 Кај зборовите разликуваме форма (надворешна, звучна
     страна) и содржина (внатрешна страна, неговото
  значење). Некои зборови имаат само по едно, но некои
 имаат по повеќе значења; на пр. глава, гледа, окно и т.н.
 Кај зборовите разликуваме лексичко значење (со кое се
занимава лексикологија) и граматичко (кое е предмет на
    морфологијата и синтаксата). Носител на лексичкото
значење е основата на зборот; носители на граматичкото
         значење се наставките и претставките.
Според бројот на значењата зборовите ги делиме на
 еднозначни и повеќезначни. Кај повеќезначните зборови
едно од значењата е основно (директно, право), а другите
                се преносни (метафорични).
    Преносните значења се поврзани со значењата на
   другите зборови до кои стојат. Сп.: црно вино и црна
                              судбина.
   Разликуваме уште конкретни и апстрактни значења.
 Конкретните се однесуваат на нешто што е на дофат на
 нашите сетила (може да се види, допре, помириса: леб,
  сол, дрво, стол); додека апстрактните се однесуваат на
  нешта за кои ние имаме претстава во мислите (радост,
                  мудрост, спремност, крај).
          Поука за овој час: *Староста е венец на славата,
               таа води по патот на правдата. 18. 31
Според сличностите или разликите во изговорот и
   пишувањето, кај зборовите издвојуваме четири групи
лексички значења: синонимни, хомонимни, антонимни и
                        паронимни.
  Синонимите се зборови кои се различни по форма, а
имаат исто или приближно исто значење: темел – основа;
     врат – шија. Ако тие целосно се совпаѓаат, тоа се
              апсолутни (целосни) синоними.
  Хомонимите се зборови со иста форма, а со различно
         значење: коса (на глава) и коса (алатка).
Антоними се зборови со спротивно значење: мал – голем;
 ден – ноќ. Можат да бидат од ист или од различен корен.
     Паронимите се зборови блиски по изговор, но со
       различно значење: стипендира – суспендира.
Под поимот речник на еден јазик се подразбира
 целокупниот состав (фонд) на зборови на тој јазик, во кој
    влегуваат како зборови од домашно, така и од туѓо
    потекло. Во него се вбројуваат и општонародните и
    дијалектните зборови како и оние кои не се веќе во
                   употреба (архаизми).
   Точниот број на зборови со кои располага речникот на
  еден јазик е тешко да се установи бидејќи лексиката на
       еден народ е отворен систем кој постојано се
                       надополнува.
 Еден нов збор (или некое негово значење) за да си најде
место во речникот треба да се прилагоди на правилата за
зборообразување на тој јазик. Тоа во голема мерка важи и
               за зборовите од туѓо потекло.
Што се однесува до зборовниот фонд на македонскиот
јазик, тој далеку ја надминува бројката од 65.000 речнички
 единици колку што ги има во Речникот на македонскиот
              јазик во три тома (1961 – 1966).
       Во најновото издание на толковниот речник (се
 предвидени шест тома, излезени се веќе четири), ќе има
   многу повеќе зборовни (речнички единици), со многу
    повеќе значења и со нивно попрецизно толкување.
  Во меѓувреме излезе еднотомниот толковен Речник на
 македонскиот јазик од Зозе Мургоски (60.000 речнички
                         единици).
         Предмет на лексикологија меѓу другото се и
класификацијата на зборовите и нивните меѓусебни врски
   од аспект на: процесот на обновување; потеклото на
        зборовите и формата и сферата на употреба.
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina

Contenu connexe

Tendances

9 одд оперативен час - честици 2017-2018 год.
  9 одд  оперативен час - честици  2017-2018 год.  9 одд  оперативен час - честици  2017-2018 год.
9 одд оперативен час - честици 2017-2018 год.Osnovno uciliste
 
Македонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиМакедонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиТрајан Божинов
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни Andrijana Aleksovska
 
бисера, желание и голапче
бисера, желание и голапчебисера, желание и голапче
бисера, желание и голапчеskate99
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеMarija Piskacheva
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.Petre Petre
 
полугодишен тест по македонски јазик
полугодишен тест по македонски  јазикполугодишен тест по македонски  јазик
полугодишен тест по македонски јазикZivko Petrovski
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаVioletka Spasevska
 
четириаголник
четириаголникчетириаголник
четириаголникKaterina Ivanova
 
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015Milena Ignjatova
 
Растенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусРастенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусВанѓе Манева
 
поделба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиподелба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиbrane71
 
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOsnovno uciliste
 

Tendances (20)

Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godinaMakedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
 
9 одд оперативен час - честици 2017-2018 год.
  9 одд  оперативен час - честици  2017-2018 год.  9 одд  оперативен час - честици  2017-2018 год.
9 одд оперативен час - честици 2017-2018 год.
 
Македонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстовиМакедонски јазик и литература Iii година текстови
Македонски јазик и литература Iii година текстови
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни
 
бисера, желание и голапче
бисера, желание и голапчебисера, желание и голапче
бисера, желание и голапче
 
Ednakvi dropki
Ednakvi dropkiEdnakvi dropki
Ednakvi dropki
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовите
 
Dvizenje
DvizenjeDvizenje
Dvizenje
 
контролен тест мак.
контролен тест мак.контролен тест мак.
контролен тест мак.
 
полугодишен тест по македонски јазик
полугодишен тест по македонски  јазикполугодишен тест по македонски  јазик
полугодишен тест по македонски јазик
 
Категории кај именките
Категории кај именкитеКатегории кај именките
Категории кај именките
 
работен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементинаработен лист-пајажината-на-клементина
работен лист-пајажината-на-клементина
 
четириаголник
четириаголникчетириаголник
четириаголник
 
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015
Metodi, tehniki i instrumenti 09.012015
 
Делови на растението
Делови на растениетоДелови на растението
Делови на растението
 
Za boite
Za boiteZa boite
Za boite
 
Растенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклусРастенија, градба, животен циклус
Растенија, градба, животен циклус
 
поделба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежбиподелба на зборовите на слогови вежби
поделба на зборовите на слогови вежби
 
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
 
Kontrolne vezbe i_testovi
Kontrolne vezbe i_testoviKontrolne vezbe i_testovi
Kontrolne vezbe i_testovi
 

En vedette

Ангела Ристевска
Ангела РистевскаАнгела Ристевска
Ангела РистевскаMarija Piskacheva
 
Марина Силјанова VII-2
Марина Силјанова VII-2Марина Силјанова VII-2
Марина Силјанова VII-2Marija Piskacheva
 
Марио Сиљанов VII-2
Марио Сиљанов VII-2Марио Сиљанов VII-2
Марио Сиљанов VII-2Marija Piskacheva
 
Creative Fitness Programme for Marketers
Creative Fitness Programme for MarketersCreative Fitness Programme for Marketers
Creative Fitness Programme for MarketersAdtherapy
 
Banakako e-Paperzorroa
Banakako e-PaperzorroaBanakako e-Paperzorroa
Banakako e-Paperzorroaviejis
 
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-Munawaroh
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-MunawarohCerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-Munawaroh
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-MunawarohArry Rahmawan
 
Gen peace basic conflict responses & peace initiatives
Gen peace basic conflict responses & peace initiativesGen peace basic conflict responses & peace initiatives
Gen peace basic conflict responses & peace initiativesGenPeace
 
00000 nueva cmara digital lumix sp
00000 nueva cmara digital lumix sp00000 nueva cmara digital lumix sp
00000 nueva cmara digital lumix spguestcb488e22
 
Hr mc qs
Hr mc qsHr mc qs
Hr mc qsab18
 
Civil society initiatives on engaging peace processes
Civil society initiatives on engaging peace processesCivil society initiatives on engaging peace processes
Civil society initiatives on engaging peace processesGenPeace
 
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010Jimp87
 
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...GenPeace
 
Presentación 1 real!
Presentación 1 real!Presentación 1 real!
Presentación 1 real!Marvin Flores
 
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010Joel Svedlund
 

En vedette (19)

Љубов во моето срце
Љубов во моето срцеЉубов во моето срце
Љубов во моето срце
 
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godinaMakedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
 
Ангела Ристевска
Ангела РистевскаАнгела Ристевска
Ангела Ристевска
 
Марина Силјанова VII-2
Марина Силјанова VII-2Марина Силјанова VII-2
Марина Силјанова VII-2
 
Марио Сиљанов VII-2
Марио Сиљанов VII-2Марио Сиљанов VII-2
Марио Сиљанов VII-2
 
Creative Fitness Programme for Marketers
Creative Fitness Programme for MarketersCreative Fitness Programme for Marketers
Creative Fitness Programme for Marketers
 
Banakako e-Paperzorroa
Banakako e-PaperzorroaBanakako e-Paperzorroa
Banakako e-Paperzorroa
 
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-Munawaroh
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-MunawarohCerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-Munawaroh
CerdasMulia Ramadhan - Training Ramadhan Pesantren Al-Munawaroh
 
Gen peace basic conflict responses & peace initiatives
Gen peace basic conflict responses & peace initiativesGen peace basic conflict responses & peace initiatives
Gen peace basic conflict responses & peace initiatives
 
00000 nueva cmara digital lumix sp
00000 nueva cmara digital lumix sp00000 nueva cmara digital lumix sp
00000 nueva cmara digital lumix sp
 
Hr mc qs
Hr mc qsHr mc qs
Hr mc qs
 
Civil society initiatives on engaging peace processes
Civil society initiatives on engaging peace processesCivil society initiatives on engaging peace processes
Civil society initiatives on engaging peace processes
 
cool trains
cool trainscool trains
cool trains
 
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010
Fossoway Community Strategy Group: Strategy for Powmill & Rumbling Bridge 2010
 
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...
Call for Submission (not strictly a contest): "Anagnorisis" A Collection of P...
 
Mccarthyzald77
Mccarthyzald77Mccarthyzald77
Mccarthyzald77
 
Presentación 1 real!
Presentación 1 real!Presentación 1 real!
Presentación 1 real!
 
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010
Cradle The Future - Joel Svedlund - JCI ECM 2010
 
Events
EventsEvents
Events
 

Similaire à Makedonski jazik i literatura ii godina

Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...orisogn
 
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviMakedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviТрајан Божинов
 
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и ПоезијаМакедонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезијаparaskeva21061966
 

Similaire à Makedonski jazik i literatura ii godina (10)

Makedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godinaMakedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godinaMakedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmdMakedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
 
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godinaMakedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
 
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godinaMakedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
 
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
 
Za makedonckiot jazik
Za makedonckiot jazikZa makedonckiot jazik
Za makedonckiot jazik
 
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviMakedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
 
Nastavni programi vi odd
Nastavni programi vi oddNastavni programi vi odd
Nastavni programi vi odd
 
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и ПоезијаМакедонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
 

Makedonski jazik i literatura ii godina

  • 1. ДОБРОДОЈДОВТЕ Вие сте на почетокот на pdf. презентациите на дел од наставните содржини по предметот Македонски јазик и литература за II година на средното стручно образование. Овие презентации се правени според новата наставна програма за четиригодишно образование изготвена од Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука на Република Македонија
  • 2. Основни извори кои послужија при изработка на слајдовите: Македонски јазик и литература за II година за реформираното гимназиско образование автори: С. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова, Ж. Цветковски, Н. Исакова, Б. Пендовски; издание на Просветно дело, Скопје, 2008. Литература за I година на средното образование автори: Љ. Андреев, д-р Л. Каровски, Н. Исакова, Б. Пендовски; издание на Просветно дело, Скопје, 1998; Википедија, Слободна енциклопедија на македонски и на други јазици. Се користени и материјали од on-line весници, книги и слично. Понекогаш врските до некои веб страници во меѓувреме се изменети или се избришани и повеќе не постојат. При евентуални ажурирања, грешките од овој вид ќе се обидеме да ги поправиме.
  • 3. Презентациите се така прилагодени за да можат учениците полесно да ги усвојат основите на содржините од граматичкиот дел и од литературата. Тие во ниеден случај не можат да бидат замена за учебниците, но можат да се искористат како припомош за наставниците, како е-прирачник, особено со воведувањето на компјутерите во наставата, а за учениците како потсетник пред полагањето на интерните и екстерните испити. Одделните лекции или делови од лекциите се означени со различен дизајн на заднината што е направено за полесно разграничување на презентациите. На крајот на секоја лекција следува поука (позајмена најчесто од Библијата - Стариот завет) или цитат од некој автор и сл.
  • 4. За да може да се користат презентациите, потребно е да се инсталира некој од pdf.reader-ите. Користењето на материјалите за учениците наставниците е слободно и без надомест. Не е дозволено менување на содржините без знаење и одобрување на авторот. Користењето на делови од презентациите за други цели е допуштено само со задолжително спомнување на изворот. Со среќа! Трајан Божинов, професор Сите забелешки, коментари и добронамерни сугестии можете да ги упатите на: trajan-vapcar.blogspot.com Личните пораки можете да ми ги праќате на trajan.vapcar@yahoo.com
  • 5. МАКЕДОНСКОТО ЈАЗИЧНО ПРАШАЊЕ ВО XIX ВЕК Прашањето за македонскиот (литературен) јазик особено станува актуелно во втората половина на 19. век со развојот на учебникарската дејност. Ако првите печатени книги (на Крчовски и Пејчиновиќ) беа отпечатени на локални народни говори со многу елементи од црковнословенскиот (особено кај првиот), учебникарите настојуваат да се изгради јазик со најширока дијалектна основа на кој ќе се пишуваат учебниците. Уште Јордан Х. К. - Џинот го напушта локалниот велешки говор и пишува на јазик близок до северозападното наречје. Но, тој не секогаш е доследен и често во своите дела го користи бугарскиот јазик, а исто така пишува и на српски јазик.
  • 6. Сепак, нашите први преродбенски писатели К. Миладинов, Р. Жинзифов, Г. Прличев во своите дела го застапуваат локалниот говор. Тоа особено се однесува на поезијата на К. Миладинов. К. Шапкарев и М. Цепенков народните умотворби ги запишале на охридски, односно на прилепски говор. Во Зборникот на браќата Миладиновци се застапени песни и други творби речиси од сите македонски дијалекти. Конечно со учебникарската дејност се зацврстува свеста дека треба да се пишува на македонски литературен јазик. Притоа се изделуваат две гледишта: за заеднички македонско-бугарски литературен јазик и за посебен македонски литературен јазик.
  • 7. Приврзаници на првата идеја биле Партениј Зографски и Кузман Шапкарев, додека за одделен јазик се залагале Ѓорѓија Пулевски и Венијамин Мачуковски. Тие сметале дека македонскиот народ е посебен и дека треба да има свој посебен литературен јазик. Ваквото гледиште на македонистите (поим измислен од Бугарите, за луѓе кои се чувствуваат како Македонци или за странци кои се застапуваат за посебен македонски народ и јазик: Карл Хрон, Петар Драганов) го прифатиле нивните следбеници, собрани околу весникот Лоза, наречени лозари. Лозарите во единствениот излезен број (весникот бил забранет од бугарските власти!?) дури се залагале за упростување на македонскиот правопис, спротивно на тогашниот бугарски јазик. Практична реализација македонизмот ќе доживее преку теоретските разработки на К. П. Мисирков.
  • 8. КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ (1874 – 1926) Мисирков ја имал судбината на илјадници Македонци кои за времето на туѓите пропаганди во Македонија биле подложени на однародување. Одблизу можел да види како живото ткиво на македонскиот народ се разорува преку хегемонистичките пропаганди на соседните држави. На тоа ќе укаже во книгата За македонцките работи (Софија, 1903). За жал, таа била запленета и речиси сиот тираж уништен. Во книгата, преку петте статии дава преглед на состојбите во Македонија, завршувајќи со неуспехот на Илинденското востание. Последната, најмалата статија, носи наслов: „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“.
  • 9. Во неа Мисирков како голем визионер ги поставува основите на современиот македонски литературен јазик. Тој тргнува од фактот дека нашиот јазик е посебен во семејството на јужнословенските јазици, подеднакво различен од српскиот и бугарскиот. Како основа на литературниот јазик ги зема централните говори (велешкиот, прилепскиот и битолскиот). Кон нив го придодава и охридскиот говор, зашто „Охрид е стара македонска престолнина“. Мисирков го предлага фонетскиот принцип во правописот, со мали отстапки на етимологијата. За речникот на нашиот јазик предлага да се збогатува со зборови од сите македонски дијалекти. На тој начин на литературниот јазик му се обезбедува широка народна основа.
  • 10. За македонската кирилица предлага нови знаци за некои гласови кои не постоеле во бугарскиот јазик (ї, к`, г`, н`, л`). Редовно го испушта меѓувокалното в (чоек, дуот); ги користи консонантските групи шч (шчо, опшч), стр и здр (стред, здрел) и наставката -цки (македонцки, охрицки). Редовно пишува и коїн, носеїне, браїка (антиципација на мекоста). Идеите на Мисирков во голема мерка ќе се прифатат четири децении подоцна при кодификацијата на нашиот литературен јазик. Безграничната љубов на Мисирков кон својот народ и јазик е инспиративна за многу творци и дела и со секое навраќање кон него, тој станува поблизок и подраг за неговите сонародници.
  • 11. МОРФОЛОГИЈА И МОРФОСИНТАКСА Морфологијата е дел од науката за јазикот која ги проучува формите на зборовите, нивното образување, како и нивните граматички значења. Морфосинтаксата се занимава со употребата на зборовите во реченицата. Морфологија = формознание. Конкретното значење на зборовите е предмет на делот од науката за јазикот наречен лексикологија. Морфемите се најмали значенски јазични единици од кои се состои еден збор. За разлика од нив, во фонетиката, фонемите се најмали јазични единици без свое значење, но со функција да ги разликуваат зборовите.
  • 12. Некои зборови содржат само една морфема: град, заб, ѕид, додека други имаат повеќе морфеми: ѕид-ови, ѕид- ови-те, ѕид-ар-ство. Разликуваме коренски (основни) морфеми: ѕид, заб и додадени (афиксни): -ови, -и. Разликуваме уште и зборообразувачки морфеми: -ар, -ник, -ство, -тел, -ица, -џија... како и формообразувачки: -ови, -и, -от, -ов... Со зборообразувачките морфеми се образуваат нови зборови: ѕид-ар, ѕидар-ство ѕид-ник. Со формообразувачките морфеми се менува граматичкото значење на зборот, но не се менува основното лексичко значење: ѕид-от, ѕид-ови, ѕид-ови-те.
  • 13. Афиксните морфеми можат да бидат претставки (префикси), ако стојат пред коренската морфема или пред друга претстава: из-работи, на-полни; из-на-тепа, из-на- при-каже, или наставки (суфикси), ако стојат зад неа: стол-ови, стол-ар-ски. Терминот завршок означува еден или повеќе гласови на крајот на зборот со кој најчесто се определува родот на именката и сл.: Петре/Петра Зборообразувачките и коренските морфеми се носители на лексичкото значење, а формообразувачките на граматичкото значење. Со формообразувачките морфеми се упатува на определеноста, бројот, времето и на другите граматички категории: ѕид-от, ѕид-ови; глед-а-в. Различните форми на еден ист збор се викаат збороформи: стол, столови, (два) стола, столот. Поука за овој час: Не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови. 31
  • 14. ЗБОРОВНИ ГРУПИ Лексиката на еден јазик ја сочинуваат огромен број зборови. Тие на еден или друг начин се поврзани меѓу себе и образуваат одредени групи. Врз основа на заеднички особености зборовите ги класифицираме во групи или класи. Постојат повеќе класификации: 1. Значенска (семантичка), 2. формална (морфолошка) и 3. Функционална (синтаксичка) класификација. Значенската класификација е најстара. Се засновува на смисловната, значенската страна на зборовите: Според неа, во македонскиот јазик постојат 11 зборовни групи: именки, заменки, придавки, броеви, глаголи, прилози, предлози, сврзници, честички, извици и модални зборови.
  • 15. Со зборовните групи именки, заменки, придавки, броеви, глаголи, прилози, се искажува некакво лексичко значење и тие можат самостојно да стојат. Зборовните групи предлози, сврзници, честички немаат свое лексичко, но имаат граматичко значење. Со извиците се искажуваат чувства или се имитираат звуци, додека со модалните зборови се искажува став кон нешто или некого. Со формалната (морфолошката) класификација зборовите ги делиме на менливи и неменливи. Во првата група спаѓаат: именките, заменките, придавките, броевите и глаголите.
  • 16. Во втората група се неменливите зборови: прилозите, предлозите, сврзниците, честичките, извиците и модалните зборови. Понекогаш некои прилози имаат форми за степенување и се членуваат: подобро, најдобро; многуте, неколкуте. Според функционалната класификација на зборовите, се утврдува нивната функција во реченицата. Тие можат да бидат подмет, прирок или нивни додатоци. Притоа, можат да бидат како самостојни делови во реченицата или да се јават во „служба“ на други зборови. Некои зборови, пак, имаат функција да ги поврзуваат деловите на реченицата. Поука за овој час: Зошто еден ден од друг е подобар, кога на сите денови во годината од сонцето им доаѓа светлината 33. 7
  • 17. ИМЕНКИ (СУПСТАНТИВИ) Именките се зборови кои означуваат име на суштества, на појави и на предмети. Се делат на општи и сопствени. Суштествата, предметите, со општи (заеднички) особини спаѓаат во општите именки (табла, дрво, овца). Множество од предмети кои означуваат збир и не се одделуваат посебно, образуваат збирни именки, иако се во еднина (сребро, вар, кал). Сопствените именки означуваат имиња на лица, празници, институции, фирми, географски имиња, имиња на уметнички дела и сл. Конкретните именки означуваат материјални предмети или суштества (клупа, снег, риба); апстрактните (мисловните) нешто што не може да се види, допре и сл. (бол, мудрост, инает).
  • 18. Кај именките разликуваме род, број и определеност (член). Кај некои именки има остатоци од падежни форми (Боже, сине, мајко). Спореди уште: Го сретнав Стојана. Сите именки припаѓаат на еден од трите рода: машки, женски или среден. Колебање на родот има кај некои именки: песок, вар, жар и сл. Според бројот, именките може да бидат во еднина и множина. Постојат именки кои имаат само еднина (обично сопствените именки) или само множина (панталони, ногавици). Множината може да биде обична (куќи, деца), избројана (два снопа, неколку стапа), или збирна (лисје, лисја). Определеноста (издвојувањето на еден предмет од мноштво исти предмети) се искажува со помош на членот. Отсуството на член означува неопределеност на именката (човек/човекот; жена/жената; дете/детето). Членските форми покрај општа, имаат функција и на просторна определеност.
  • 19. Членски наставки за општо определување се: -от, -та, -то, -те, -та; за поблизу до нас: -ов, -ва, -во, -ве, -ва; за подалеку од нас: -он, -на, -но, -не, -на. Личните имиња, по правило, не се членуваат. Во случаите како Верчето, Милето, и сл. се искажува однос на миловност и сл. Некои географски имиња, сепак, имаат член: Филипините, Алпите, Пиринеите, Андите. Во речениците именките можат да бидат подмет: Петре е ученик; директен предмет: Весна чита весник; индиректен предмет: Му кажа на Ѓорги предмет со предлог: Учи од Ѓорги; компјутер; прилошка определба: Се качи на дрво; именски дел од прирокот: Тој е ученик; вокативна форма: Кажи, Иване! Атрибут: Два килограми компир. Поука за овој час: Тој што на туѓа трпеза гледа – неговиот живот не е живот, со туѓи јадења својата душа ја понижува. 40. 30
  • 20. ПРИДАВКИ (АДЈЕКТИВИ) Придавките означуваат некаква особеност на именките (мало дете, зелена трева). Не се употребуваат самостојно, туку најчесто со именки. Со именките ги усогласуваат родот, бројот и определеноста. Само мал број придавки не се усогласуваат со именките: ачик, будала, мераклија, супер, фер, мини, (тоа се зборови од туѓо потекло). Придавките имаат форми за трите рода во еднина: мал, мала, мало; множина: мали. Членските форми се усогласуваат со именките и директно се додаваат на неопределената форма, освен во машки род кај што се додава и: малиот, малата, малото, (едн.); малите (мн.) Според значењето и особеностите придавките ги делиме во четири основни групи: 1. описни (квалитативни), 2. односни (релативни), 3. бројни и 4. заменски.
  • 21. Описните придавки означуваат некакво својство и доаѓаат на прашањето каков е некој или нешто. Означуваат димензии (голем), вкус (солен), физички или хемиски својства (тврд, отпорен), особини на личност (умен). Односните означуваат признак во сооднос со некој премет. Тие се материјални (метална врата) или присвојни (татков дом). Бројните придавки се образуваат од броеви и го означуваат редот или умноженоста (втор, трет, двоен, троен, стоти). Заменските придавки можат да бидат: присвојни (мој, твој), количествени (онолкав, толкав), квалитативни (ваков, онаков, таков), прашални (каков, колкав), општи (секаков), неопределени (некаков).
  • 22. Степенување има кај описните придавки. Постојат три степени: позитив (висок), компаратив (повисок), и суперлатив (највисок). Компаративот подразбира споредба меѓу два предмета, две суштества и сл., а суперлативот меѓу три или повеќе предмети, суштества и сл. Блиски до степенување се формите со при-, и пре-, (припрост, преубав), или пак: супергол, супермодерен, ултралев. Спореди уште кај именките: помајстор, најмајстор; мајстор над мајстори. Во речениците придавките се атрибути или именски дел од прирокот. Но: Болниот дојде (како подмет, односно како именка). Цитат за овој час: Животот е планина, се качуваш бавно, а слегнуваш брзо. Ги де Мопасан
  • 23. БРОЕВИ (NUMERALIA) Броевите се зборови кои означуваат количество. Количеството може да биде точно избројано (три, сто, триста), или приближно (три-четири). Разликуваме броеви за определена (точна) и за приближна бројност. Броевите стојат до именките и означуваат количествен признак. Немаат посебни граматички категории освен бројот еден кој има форми за трите рода (еден, една, едно, едни). Множинската форма, пак, едни има значење како неопределената заменка некои (Дојдоа едни луѓе кај нас). Бројот два стои до именки од машки род (два стола), а две до именки од женски и среден род (две жени, две деца). Кога стои до лица покрај два, се користат уште и обата/обајцата/обете.
  • 24. Според составот броевите ги делиме на прости и сложени. Прости броеви се од еден до десет, како и сто. Како прости броеви ги сметаме и нула, илјада, милион, милијарда и сл. Но тие повеќе се однесуваат како именки. Имаат род, број и член. Сложените броеви се образуваат на три начина: од десет до деветнаесет со додавање на предлогот на: единаесет, петнаесет...; од дваесет натаму со додавање на и: триесет и пет...; кај десетиците и стотиците имаме директно додавање: осумдесет, осумстотини... Определената бројност во која има и лице (лица) од машки род се прави со наставките -ица, -мина: тројца, петмина, четворица, осуммина.
  • 25. Приближната бројност се искажува на два начина: 1. Со поврзување на два соседни броја: два-три, седум- осум, пет-шеснаесет, двесте и пет-шеесет; три- четиристотини; 2. со наставката -ина: педесетина, стотина; Во речениците броевите пред именките вршат атрибутска функција: Купи три литра вино. Кога се користат самостојно во реченицата броевите можат да бидат подмет: Пет е прост број; именски дел на прирокот: Бројот на неделите во годината е педесет и две; и сл. Поука за овој час: Работник пијаница никогаш нема да се збогати, ако ги презира малите работи, набргу и без нив ќе остане. 19. 1
  • 26. ЗАМЕНКИ (PRONOMINA) Заменките се зборови со кои се укажува на некој или нешто, без да се именува: таа (клупа), тој (чичко ми). Според значењето заменките се делат на: лични, лично- предметни и показни. Личните заменки се однесуваат на граматичката категорија лице. Заменки за прво лице се: јас, мене, ме, мене, ми (едн.) и ние, нас, нè, нам, ни (мн.); за второ лице: ти, тебе, те, тебе, ти (едн.) и вие, вас, ве, вам, ви (мн.); за трето лице: тој, него, го, нему, му, таа, неа, ја, нејзе ѝ, тоа, него, го, нему, му (едн.) и тие, нив, ги, ним, им (мн.). Постои уште и лично-повратна заменка себе (се), себе (си). Покрај основните форми (подметските, јас, ти, тој...), заменките имаат долги и кратки форми за директен и индиректен предмет.
  • 27. Кога се истакнува предметот тогаш се користат и долгите и кратките форми: Тебе ти велам. Инаку: Го видов, му реков. Долгите заменски форми се користат со предлози: со мене, без нас. Лично-предметни заменки се: кој, што и чиј, како и изведените од нив: никој, нешто, нечиј. Заменката кој има една форма што се однесува како лична заменка (кој, кого, кому; некого, некому и т.н.). Другата кој-заменка има форми за трите рода (кој, која, кое, кои) и се однесува на лице и на предмети (кое дете, која книга, секој човек). Заменката што се однесува на предмети (што купи?), но и на дејства (што правиш?). Со заменката чиј се искажува припадност на лица и или предмети.
  • 28. Во однос на значењето и функциите овие заменки ги делиме на: прашални (кој?,чиј?, што?), односни (кој, којшто, што, чиј, чијшто), одречни (никој, ништо, ничиј), општи (секој, сешто, сечиј), и неопределени (некој, нешто, нечиј, кој било, кој-годе). Показните заменки се користат за просторно и временско определување на лица и предмети. Тие се: овој, оваа, ова, овие (близу до нас); оној, онаа, она, оние (подалеку од нас); тој, таа, тоа, тие (близу до соговорникот). Заменките во речениците можат да бидат подмет, предмет, атрибут, прилошка определба и именски дел од прирокот. Поука за овој час: Тој што многу таксува, мене не ме радува! Народна
  • 29. ГЛАГОЛИ (VERBA) Глаголите се менливи зборови кои означуваат дејство или состојба (работи, оди, врне). Глаголите кои искажуваат дејство се врзуваат со вршителот на тоа дејство (Tој пее). Глаголите во нашиот јазик имаат разгранет систем на форми и повеќе граматички категории: време, начин, лице, вид, преодност, залог, род, број... Со категоријата време се определува времето кога се врши дејството. Ако тоа се врши во моментот додека зборуваме (пеам), станува збор за сегашно време. Ако пеев пеев), тоа се случило пред моментот на соопштувањето (пеев тогаш се работи за минато време. Ако тоа ќе се случи во иднина (ќе пеам), зборуваме за идно време.
  • 30. Во нашиот јазик постојат следниве глаголски времиња: сегашно, минато определено свршено, минато определено несвршено, минато неопределено (свршено и несвршено), предминато, идно, минато-идно, и идно прекажано време. Со категоријата начин се искажува односот на тој што зборува кон дејството. Постојат три начина: Со исказниот начин дејството се предава во вид на исказ или соопштение (ние играме). Сите глаголски времиња ги искажуваме преку овој начин. Со заповедниот начин се искажува заповед (носи, пеј, пејте, носете). Со можниот начин дејството се предава во вид на можност (би гледал, би сакале). Поука за овој час: Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени кон праведното. 25
  • 31. Со категоријата лице се означува лицето што зборува или го врши глаголското дејство или пак се посочува на лицето за кое се зборува. Најчесто глаголските форми се лични и се реализираат преку трите лица во еднина и во множина. Лицето се искажува преку личните наставки: гледам/гледате; понекогаш и со нивно отсуство: гледа (3.л. едн.). Кога формите се исти за повеќе лица, тогаш се користат личните заменки (ти гледаше, тој гледаше) или помошните глаголи сум и има (сум гледал, си гледал; имам гледано; имаш гледано). Глаголски форми што се менуваат по лица се лични (пеам, пееш, пее), а оние без промени, се нелични (носејќи, носен, носење). Постојат и безлични глаголи (врне, грми, се стемнува).
  • 32. Со категоријата вид се означува траењето на глаголското дејство. Имаме два вида глаголи: свршени и несвршени. Кај несвршените глаголи дејството не е завршено, тоа трае (игра, носи, пее), додека свршените глаголи означуваат дејство кое се извршило во еден момент (Таа му намигна), или за подолго време (Го напиша делото за една година). Во рамките на несвршените постојат уште и повторливи глаголи чие дејство се одвива одвреме навреме: боднува, подлегнува. Една мала група глаголи можат да бидат од двата вида: вечера, руча, но повеќе од нив се од туѓо потекло: донира, фенира, сигнализира.
  • 33. Категоријата преодност означува присуство или отсуство на друг збор до глаголот, што го означува предметот врз кој може да „преоѓа“ дејството од глаголот: читам книга / седам сам. Преодните глаголи се оние чие дејство преоѓа врз предметот, односно бараат дополнување: гледа филм, слуша музика. Непреодните не бараат дополнување од предмет: Оди замислено по патот; Му кажа да молчи. Границата меѓу преодните и непреодните глаголи честопати е лабава: Го кажа на учителот (овде кажа е преоден глагол). Повратни глаголи се оние чие дејство се „враќа“ врз подметот. Одат со повратната заменка се: се смеам, се молам, се облекувам. Поука за овој час: Некој молчи, се смета за мудар, а некого го мразат поради многу зборување. 20. 5
  • 34. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ГЛАГОЛИТЕ Кај глаголите ги разликуваме следниве делови: општ дел, основен вокал и наставка (глед / а / м). Во некои од глаголските форми вториот или третиот дел може да недостасува. Според вокалот во трето лице еднина на сегашно време глаголите ги делиме на три групи: а-група (гледа, чита), е- група (пее, спие), и-група (носи, води). Според вокалот во прво лице еднина на минато определено свршено време, глаголските групи ги делиме на раздели или подгрупи:
  • 35. Глаголите од а-група немаат раздели. Секаде се јавува основниот вокал а: гледав, викал, јавајте. Глаголите од и-група имаат три раздели: и-раздел (фатив, сменив), е-раздел (изгорев, премолчев), а-раздел (одлежав, одржав). Глаголите од е-група имаат четири раздела: а-раздел (седнав, набрав), е-раздел (допрев, запрев,), о-раздел (испеков, реков) и раздел без основен вокал(ø) (измиøв, начуøв). Поука за овој час: Човечки е да се греши, но да се повторуваат грешките е својствено само за глупавите! Латинска сентенца
  • 36. ПРОСТИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ Прости глаголски форми во македонскиот јазик се: Сегашно време, Минато определено несвршено време, Минатo определено свршено време, Заповеден начин, Глаголска л-форма, Глаголска придавка, Глаголска именка, Глаголски прилог. Поука за овој час: Кога богат се сопнува, пријателите го придржуваат, а кога сиромавиот паѓа и пријателите го оставаат. 13. 25
  • 37. СЕГАШНО ВРЕМЕ Се образува со додавање на наставки за сегашно време на основниот вокал на глаголот: еднина а-група и-група е-група 1.л.гледам 1.л.носам 1.л.јадам 2.л.гледаш 2.л.носиш 2.л.јадеш 3.л.гледа 3.л.носи 3.л.јаде множина 1.л.гледаме 1.л.носиме 1.л.јадеме 2.л.гледате 2.л.носите 2.л.јадете 3.л.гледаат 3.л.носат 3.л.јадат Основно значење на сегашното време е да означува дејство кое се одвива во моментот на зборувањето: Јас пишувам вие внимавате. пишувам, Вакво значење имаат несвршените глаголи.
  • 38. Сегашно време од свршените глаголи се образува со додавање на некои честички или сврзници, но тоа не означува сегашност во вистинска смисла: Ако видам; да прочитате; додека да седнете; дури да најдеме. Со сегашно време може да се искажува и: Минатост: Наполеон ја освојува Москва... Идност: Утре одиме за Валандово. Севременост: Сонцето изгрева на исток. Повторливост: Во петок јадеме грав. Готовност: Доаѓам да ти помогнам помогнам. Истовременост со друго дејство: Почнувам да грешам. Поука за овој час: Кој катран допира, од него ќе се извалка, кој со горди се дружи, ќе стане како нив. 13. 1
  • 39. МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ (ИМПЕРФЕКТ) Минато определено несвршено време се образува со додавање на наставките на основниот вокал на глаголот: еднина 1л. гледав 1л. носев 1л. јадев 2л. гледаше 2л. носеше 2л. јадеше 3л. гледаше 3л. носеше 3л. Јадеше множина 1л. гледавме 1л. носевме 1л. јадевме 2л. гледавте 2л. носевте 2л. јадевте 3л. гледаа 3л. носеа 3л. јадеа / ја Наставката -ја во трето лице множина се додава кај глаголите кај кои општиот дел им завршува на вокал: миеја, броеја, стоеја.
  • 40. Глаголите од и- и е-група имаат основен вокал е кај сите лица во еднина и множина. Се образува од несвршени глаголи. Свршените глаголи можат да образуваат имперфект, но со помош на честички (да, нека, ако) и искажуваат други значења (услов, блага заповед и сл.). Основно значење: се искажува минато засведочено дејство кое траело подолго време. Други значења: Услов: Ако знаеше немаше да дојде. знаеше, Блага заповед: Да му дадеше малку од имотот. Повторливост: Штом станеше се помолуваше и станеше, почнуваше да работи. Готовност: Да имаше нафта, сигурно ја ораше нивата.
  • 41. МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ (АОРИСТ) Се образува со помош на наставките кои се додаваат на основата за минато определено свршено време (аористна основа): Еднина множина 1л. реко -в, истри –в 1л. реко -вме, истри -вме 2л. рече - ø, истри -ø 2л. реко -вте, истри -вте 3л. рече - ø, истри -ø 3л. реко -а, истри -a -ја Наставката -ја се додава кај глаголите од и-група, и- раздел (казни, истроши), како и кај глаголите од е-група во разделот без вокал (истрие, измие).
  • 42. Ова време се образува од свршени глаголи чие дејство може да се изврши за момент: (Ја шутна топката), или за долго време (Ја прошета Америка за пет години). Основно значење: Засведочено дејство кое се извршило во минатото во еден момент: Тој падна и се повреди. Други значења: Идност: Не лажи оти те убив. Услов: Се вратив ли дома, ќе ти се јавам. Севременост: Заврна дождот, закрекаа жабите. Поука за овој час: Кој ја сака мудроста – животот го сака; кој ја бара неа од рано утро – со радост ќе се исполни. 4. 13
  • 43. ЗАПОВЕДЕН НАЧИН (ИМПЕРАТИВ) Заповедниот начин има само форми за второ лице еднина и множина: пишувај-пишувајте; носи-носете; стани-станете. Наставките -ј, -јте се додаваат кај глаголите од а-група и кај оние од е- и и-група чиј општ дел завршува на вокал: пиј, стојте. Наставките -и, -те се додаваат кај глаголите од е- и и- група чиј општ дел завршува на согласка: носи, кажете. На овој начин се искажува директна заповед. Индиректна заповед се искажува со помош на честичките да и нека: да оди, нека чита. Покрај заповед со овој начин се искажува и: Минатост: Јади јади не се дојадува. Севременост: Роди ме мајко Јади, јади, со касмет, па фрли ме на буниште. Услов: Дај му на човек власт да го видиш каков е!
  • 44. ГЛАГОЛСКА Л-ФОРМА Глаголската л-форма името го добила според наставката -л. Има форми за род (во еднина) и за број: чита-л, чита-ла, чита-ло, чита-ле. Глаголите од а-група имаат една форма: копал, читал, пишувал. Глаголите од е- и и-група имаат по две форми: станал/станел; паднал/паднел, фатил/фател; носил/носел. Постојат свршени и несвршени глаголски л-форми образувани од свршени, односно од несвршени глаголи. Едните искажуваат свршено дејство, другите несвршено: станал/станел; носил/носел.
  • 45. Кај глаголите од е-група со о-раздел го имаме следново: Редување на согласката: текол/течел. Испуштање на самогласката: текол/кла. Скратување и неправилно образување: јадел/јал; дојдел/дошол. Несвршените л-форми од свршените глаголи во речениците се употребуваат само со некои сврзници или честички (ако, да, ќе и др.) ако дојдел, ќе дојдел, да дојдел. Не може да се каже: Тој дојдел. Л-формите служат за образување на сложени глаголски времиња: минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време, можен начин. Како придавки: гнил, зрел. Поука за овој час: Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат прави. 26
  • 46. ГЛАГОЛСКИ ПРИДАВКИ Глаголските придавки се образуваат со наставките: -н, -на, -но, -ни, и -т, -та, -то, -ти. Овие наставки се додаваат на основните вокали (вокали на основата!) а и е: гледан, гледана, гледано, гледани; дојден, дојдена, дојдено, дојдени учен, учена, учено, учени; Со -т, -та, -то, -ти се образуваат глаголски придавки со општ дел на -н (викне, падне, рани): викнат, паднат, ранет. Од некои глаголи има по две форми: дерен и дран, берен и бран, перен и пран. Имаат својства и на глагол и на придавка. Глаголските придавки имаат форми за трите рода во еднина и една во множина и се членуваат.
  • 47. Според значењето се блиски до глаголот или до придавката. Со сум/има како глагол: Повикани сме на свадба; / има овикани настапувано за Вардар. Како придавки во атрибутска служба: учен човек, болна жена. Самостојно: Oд пишаното не се бега. Имаме славно минато. Глаголските придавки се образуваат не само од преодни глаголи: викан, крпен, купен, туку и од непреодни глаголи: дојден, станат, легнат. Ова е карактеристична особеност на глаголскиот систем во нашиот јазик. Поука за овој час: Оној што дава малку, нема право да бара многу! Латинска сентенца
  • 48. ГЛАГОЛСКА ИМЕНКА Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со наставката: -ње Наставката се додава на основниот вокал а, или е (кај глаголите од е и и-група): гледа-гледање, спие-спиење, коси-косење. Поретко се користи наставката -ние и тоа кај свршени глаголи: воспита-воспитание, реши-решение. Глаголската именка се однесува и како именка (има среден род, има еднина и множина и се членува), и како глагол (се изведува од глагол и означува име на дејство).
  • 49. Може да означува и предмет: Имаше јадење и пиење колку што сакаш. (=Значи храна и пијалак). Кога се користи со предлог, глаголската именка заменува зависна реченица или одделна глаголска форма: Го затекнале на крадење. (= Го затекнале додека крадел). Време е за играње. (= Време е да се игра). Се вратија со смеење. (= Се вратија смеејќи се). Со внимание го слушаше. (= Внимаваше додека слушаше). Со учење ќе го положиш испитот. (= Ако учиш, ќе го положиш испитот). Поука за овој час: И славата и срамот доаѓаат од зборовите, јазикот на човекот е неговата пропаст. 5. 15
  • 50. ГЛАГОЛСКИ ПРИЛОГ Формите на глаголскиот прилог се образуваат од несвршени глаголи со наставката -јќи. Таа се додава на основниот вокал а (кај глаголите од а-група): гледајќи, сонувајќи, читајќи или е (кај глаголите од е- и и-група): миејќи, носејќи, одејќи. Глаголскиот прилог е со неменлива форма. Со друг глагол се јавува како негова определба и означува паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма: Одејќи кон училиштето, ја повторував научената лекција. Играјќи кошарка, мислеше како да стане славен.
  • 51. Во реченицата дејството на глаголскиот прилог и на личната глаголска форма секогаш се врзува со ист вршител. Притоа подметот стои до личната глаголска форма. Читајќи ја книгата, Петре полека заспа. Неправилно е да се каже: Читајќи ја Петре книгата книгата, полека заспа. Понекогаш глаголскиот прилог можеме да го искажеме и на друг начин : Станувајќи од креветот, се сети дека има лектира за читање. Додека стануваше од кревет... или: На станување од кревет... Поука за овој час: Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. 10. 8
  • 52. СЛОЖЕНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ Во македонскиот јазик сложени глаголски форми се образуваат со простата форма на глаголот што се менува и помошните глаголи сум и има, или со честичките ќе и би. Со сум се образуваат минато неопределено и предминато време, како и конструкциите со глаголска придавка (сум дојден, бев дојден). Со има / нема глаголот и глаголска придавка во среден род се образуваат форми паралелни на оние со сум, ќе, би: (имам одено, имав одено). Со ќе се образуваат идно време, минато идно и идно прекажано време. Со би се образува можниот начин.
  • 53. МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ (ПЕРФЕКТ) Се образува со помошниот глагол сум во сегашно време и глаголската л-форма од несвршени глаголи: еднина множина сум гледал, носел, пеел сме гледале, носеле, пееле си гледал, носел, пеел сте гледале, носеле, пееле гледал, носел, пее гледале, носеле, пееле Во трето лице еднина и множина не се користи формата на помошниот глагол сум. Поука за овој час: Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа и биди мудар. Таа нема ниту началник, ни настојник, ниту заповедник; но ја приготвува храната лете, ја собира во време на жетва храната своја... 6. 7. 8.
  • 54. МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ (ПЕРФЕКТ) Се образува со помошниот глагол сум и глаголската л-форма од свршени глаголи. еднина сум изгледал, испил, износил си изгледал, испил, износил изгледал, испил, износил множина Сме изгледале, испиле, износиле сте изгледале, испиле, износиле изгледале, испиле, износиле Во трето лице не се употребува помошниот глагол сум. И во ова време несвршените форми од свршените глаголи не се употребуваат самостојно, туку со честичките ако, да, ќе и сл. (ако станел, да станел, ќе станел). Основно значење: минато дејство без укажување на моментот кога се извршило.
  • 55. Се користи за прекажување или за директно кажување. Со прекажувањето се искажува дејство што ни го соопштува некој друг: Си бил некој цар. Тој имал три ќерки. Со директното кажување се искажува засведочено дејство. Не сум се надевал дека ова ќе се случи. Не сум бил дома кога ти си се јавил. Други значења: Констатација: Уште не си научил за двојка. Заповед: Да не сте избегале од час! Идност: Дури не се напил добро, не почнувал да пишува. Севременост: Се фатил сиромавиот на орото, се скинал тапанот. Претпоставка: Сигурно си се одморил тие денови. Поука за овој час: ...Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива, каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и царевите и обичните луѓе; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако по силата е слаба, но по мудроста е почитувана. 8
  • 56. ПРЕДМИНАТО ВРЕМЕ (ПЛУСКВАМПЕРФЕКТ) Основно значење: покажува дејство кое се случило пред некое друго дејство во минатото. Кога дојдовме, тие веќе беа заминале. Предминато време се образува со формите на помошниот глагол сум во минато определено несвршено време и глаголската л-форма од глаголот што се менува, најчесто од свршен глагол. Покрај основното значење, предминатото време има и други значења, но тие се поограничени за разлика од другите времиња и начински форми. Поука за овој час: Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена. 10. 23
  • 57. еднина 1.л. бев повикал, дошол, пратил 2.л. беше повикал, дошол, пратил 3.л. беше повикал, дошол, пратил множина 1.л. бевме повикале, дошле, пратиле 2.л. бевте повикале, дошле, пратиле 3.л. беа повикале, дошле, пратиле Наместо предминато време почесто се користи минато неопределено или определено време и конструкциите со глаголска придавка. Наместо: Беше се потстрижал сосема кратко, може да се каже и: Беше потстрижан сосема кратко, / се имаше потстрижано сосема кратко, / се потстрижал сосема кратко.
  • 58. МОЖЕН НАЧИН (ПОТЕНЦИЈАЛ) Со можниот начин се искажува претполагано, можно или посакувано дејство, неограничено од времето. Има само по една форма во еднина и множина: јас (ти, тој, таа, тоа) би сакал, -ла, -ло; ние, вие, тие би сакале. Повеќе е застапен во литературниот отколку во народниот јазик. Обично се среќава во условните реченици: Кога би можел, би помогнал. Неправилно: Го викнаа за да би кажал. Правилно: Го викнаа за да каже. Поука за овој час: Не фали го човека поради неговата убавина, а поради неговиот изглед не презирај го. 11. 2
  • 59. ИМА-КОНСТРУКЦИИ Се образуваат со помошниот глагол има/нема и глаголската придавка во среден род: имам учено, имав учено, сум имал учено, ќе имав учено, ќе сум имал учено, би имал учено. По значење се блиски на формите со сум, ќе, би и често се заменуваат: имам учено со сум учел; имав учено со бев учел и т.н. Кај има-конструкциите повеќе се истакнува резултатот од дејството, а кај формите со сум, ќе, би повеќе се истакнува самото дејство. Тие се една од особеностите на македонскиот јазик. Поука за овој час: Никој не ја сака татковината зашто е голема, туку зашто е негова. Латинска сентенца
  • 60. СУМ-КОНСТРУКЦИИ Тоа се сложени форми со сум и глаголска придавка, како од преодни, така и од непреодни глаголи: сум носен, ќе сум носен, ќе бев носен, ќе сум бил носен, би бил носен. Се употребуваат паралелно со временски и начински форми: Ќе бев дојден ако не заврнеше; Ќе дојдев ако не дојден, дојдев, заврнеше. Најчесто означуваат резултат од вршењето на дејството или состојба. Стојат на границата меѓу морфологијата и синтаксата. Поука за овој час: Не одбивај ги молбите на неволниците, лицето твое не свртувај го од сиромавиот. 4. 4
  • 61. ИДНО ВРЕМЕ (ФУТУР) Основно значење: Означува дејство кое ќе се изврши по моментот на зборувањето. Ќе одам за Скопје. Поимот иднина се однесува не само на сегашноста, туку и на времето по некој момент во минатото: Ти реков дека ќе одам за Скопје. Се образува со честичката ќе и формите за сегашно време на глаголот што се менува. Негираните форми се образуваат со додавање на честичката не пред формата за идно време: Не ќе пеам; не ќе гледам. Еднина множина 1.л. ќе викам, ќе пеам 1.л. ќе викаме, ќе пееме 2.л. ќе викаш, ќе пееш 2.л. ќе викате, ќе пеете 3.л. ќе вика, ќе пее 3.л. ќе викаат, ќе пеат
  • 62. Кога се искажува поголема сигурност во вршењето на дејството се користат конструкциите на глаголот има и честичката да: Има да плачеш, ако не учиш. Со формите на идното време можат да се искажат и други значења освен основното: Минатост: Дојдов дома и што ќе видам насекаде видам: расфрлани алишта. Заповед: Ќе ми платиш и оро ќе ми играш. Претпоставка: Не се плаши, ќе има за сите. Севременост: Ако се направиш овца, секој ќе те стриже. Повторливост: Штом дојде лето ќе одиме на езеро, ќе се капеме по цел ден, а навечер ќе слушаме музика. Услов: Ако се свртиш назад, ќе те запишам. Можност: Ми даде ли повод – ќе го кажам она што го знам.
  • 63. ИДНО ПРЕКАЖАНО ВРЕМЕ Идно прекажано време е глаголска форма карактеристична на нашиот јазик. Се образува со честичката ќе и формите за минато неопределено време на глаголот што се менува. Одречните форми се образуваат на два начина: со честичката не (не ќе сум одел или со глаголот нема и да- одел) конструкцијата (Немало да одам). Во трето лице се испушта помошниот глагол сум. Кај оние глаголи што имаат две л-форми се зема несвршената л-форма. Цитат за овој час: Јас знам дека ништо не знам, но има некои што и тоа не го знаат! Сократ
  • 64. еднина 1.л. јас ќе сум викал, ќе сум носел, ќе сум печел 2.л. ти ќе си викал, ќе си носел, ќе си печел 3.л. тој ќе викал, ќе носел, ќе печел множина 1.л. ние ќе сме викале, ќе сме носеле, ќе сме печеле 2.л. вие ќе сте викале, ќе сте носеле, ќе сте печеле 3.л. тие ќе викале, ќе носеле, ќе печеле Со ова време се искажуваат значењата на идното и минато-идното време, само во вид на прекажување: Петре ќе го кажел она што го знаел. Наспроти: Петре ќе го каже она што го знае. Или: Петре ќе го кажеше она што го знаеше Со ова време се искажува незасведочено дејство. знаеше. Често се искажува и личен став: Гледам, си пораснал.
  • 65. МИНАТО-ИДНО ВРЕМЕ Се искажува идност која следува по некој минат момент. Во однос на сегашноста, тоа е минато дејство, но во однос на некое минато дејство е идност. Јадев оти ќе останев гладен. Се образува со честичката ќе и со формите на минато определено несвршено време на глаголот што се менува и кој може да биде од свршен и невршен вид. еднина множина ќе викав, ќе викнев ќе викавме, ќе викнеме ќе викаше, ќе викнеше ќе викавте, ќе викневте ќе викаше, ќе викнеше ќе викаа, ќе викнеа
  • 66. Одречните форми се образуваат со честичката не (не ќе викнев), или со глаголот нема и да-конструкцијата (немаше да викаме, немаше да викнеме). Минато-идно време има значења блиски со идното време. Најчесто се користи во условните реченици за искажување нереален услов: Да можев, ќе ти помогнев. Како и во реченици со кои се искажуваат повторливи дејства: Ќе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев да учам. Поука за овој час: Кој се надева на богатството свое, ќе падне; а кој се застапува за праведниците, тој ќе напредува. 11. 28
  • 67. ПРИЛОЗИ (АДВЕРБИ) Прилозите се полнозначни зборови кои најчесто стојат до глаголите и поблизу ги објаснуваат: Зборува гласно и постојано. Можат да објаснуваат и други видови зборови (именки, придавки): малку пари; многу силен удар; Прилозите се неменливи зборови. Но некои прилози можат да се степенуваат: подобро, најдобро знае; или дури и да се членуваат: повеќето, малкуте. Според потеклото прилозите можат да бидат: од стари падежни форми на именките: дење, лете, зиме, силум,
  • 68. или од други видови зборови: придавки (силно, храбро, херојски); глаголи (трчаница, брзаница, молчешкум); броеви (еднаш, двапати, тројно); заменки (како, таму, негде). Два или повеќе предлози можат да образуваат прилози: на-зад (назад), од-на-пред (однапред). Но и од два полнозначни збора можат да се добијат прилози: вчера- вечер (вчеравечер), многу-пати (многупати), исто- времено (истовремено), едно-до-друго (еднододруго). Многу придавки од среден род ако стојат до глаголи се однесуваат како прилози: добро момче (придавка), но: добро пее (прилог). Понекогаш некои прилози се однесуваат како модални зборови (сигурно, речиси) или како сврзници (кога, каде што, како што).
  • 69. Според значењето прилозите ги делиме на прилози: за време: сега, вчера, утре, веднаш; за место: овде, таму, десно, далеку; за начин: како, добро, храбро, полека; за количество и степен: колку, малку, повеќе, неколку. Во реченицата кога стојат до глаголите прилозите се јавуваат како определби за време (дојде вчера), за место (се качи високо); за начин (убаво пее). Кога стојат до именки или придавки означуваат степен или количество (мошне паметен, многу народ). Прилозите може да бидат и именски дел од прирокот: Како е? Засега е добро! Поука за овој час: Не биди лицемерен пред другите, внимавај на својата уста. 1. 29
  • 70. СВРЗНИЦИ (КОНЈУНКЦИИ) Сврзниците се службени зборови со кои поврзуваме одделни зборови во реченицата или реченици во рамките на сложената реченица: Тој и таа се гледаат често. Рече оти бил болен. Сврзниците по состав можат да бидат прости (и, а, но, та) и сложени (иако, за да, така што); но има и цели сврзувачки состави: не само што... туку и. Во зависност од тоа дали поврзуваат приредени (независни) делови од речениците, или подредени (зависни), сврзниците ги делиме на координациски (приредени) и субординациски (подредени).
  • 71. Координациски сврзници поврзуваат две приредени (независносложени) реченици. Тие се составни: и, па, та, тики; спротивни: а, но, туку, ами, меѓутоа: разделни: или, или-или, ни-ни, де-де, и-и, ниту-ниту, било-било. Субординациски сврзници поврзуваат две зависносложени реченици од кои една е главна, а другата подредена. Се расплака кога дојде. Ги има повеќе: Исказни сврзници: дека, оти, да, што, како; временски: кога, штом, штотуку, пред да, дури, дури да...; причински: зашто, затоа што, бидејќи, дека, што; последични: што, така што; условни: ако, да; допусни: иако, макар што, и покрај тоа што; целни: да, за да; начински: како да; односни: кој, што, којшто, чиј, чијшто.
  • 72. Во речениците покрај сврзниците се користат и сврзувачките зборови кои се и како дел од подредената реченица. Тоа се најчесто односни (којшто, чијшто), прашални (кој, што) и неопределени заменки (кој било); заменски придавки (каков што, колкав што), но и некои прилози (како што, каде што). Како сврзници можат да се јават и некои честички: ли, дали (во условните и зависноисказните реченици). Праша дали може да одговара за оценка. Може ли повторно да се видиме? Цитат за овој час: Животот не е редица од и… и… и… Животот е редица од или… или… или… Џон Штајнбек
  • 73. ПРЕДЛОЗИ (ПРЕПОЗИЦИИ) Предлозите се неменливи и службени зборови кои немаат свое значење, но ги објаснуваат односите меѓу полнозначните зборови: час по македонски јазик, за мене, со помош на. Кога стојат до именките, заменките и сл. добиваат просторно, временско, присвојно, начинско, целно, споредбено значење и т.н. (на маса, пред Петровден, од мене, на смеа, со радост, поголем од, на барање. Предлогот на, е, без сомневање, најчесто употребуван во нашиот јазик и понекогаш треба да се избегнува „натрупувањето“ на на во една иста реченица. Според составот предлозите се прости (в, во, на, за, од...) и сложени (покрај, накај, заради...)
  • 74. ИЗВИЦИ (ИНТЕРЈЕКЦИИ) Извиците се зборови со кои се искажуваат чувства или се подражаваат звуци. Се изразуваат различни чувствени состојби: радост, тага, бол, чудење и сл.: ха, леле, оф, ох, бре, уа, море. Изговорот на извиците, посебно на оние со кои се подражаваат (имитираат) звуци, понекогаш тешко можеме да го предадеме со вообичаените гласови: трас, бум, бам, куку. Понекогаш се користат гестови и сл: псст, шшшт, ццц, Некои извици по значење се доближуваат до глаголите: Чук, чук! Кој чука? Стојанче... Во речениците се одделуваат со запирка или со други знаци. Леле што направив! Леле, Цитат за овој час: Аристотел не секогаш е Аристотел! (и мудрецот може да згреши!) Латинска сентенца
  • 75. ЧЕСТИЧКИ (ПАРТИКУЛИ) Честичките служат за определување на други зборови или за образување на некои глаголски или придавски форми. Со некои честички се тврди: да (Да така е!); се негира: не Да, (Не видов), ни, ниту; се прашува: дали, ли, нели, зарем (Зарем си научил?); се заповеда: да, нека (Нека влезе!). Некои служат за засилување: и, барем, дури, пак; за изделување: само (Само тој е отсутен), единствено, уште; за определување: токму, имено, баш (Баш на време се оженив...); за количественост: токму, скоро, рамно, одвај, речиси; за посочување: еве, ене, ете. Формообразувачки честички: ќе ( Ќе учам), би, да, нека, по-, нај- (поубав, најубав), -годе, било. Поука за овој час: Од секој труд има изобилен плод, а празните зборови и негрижата водат кон скудност. 14. 23
  • 76. МОДАЛНИ ЗБОРОВИ Со нив се изразува личен став кон исказот, кон она што го соопштуваме: сигурно, навистина, можеби, бездруго, се разбира. Во реченицата не се поврзуваат со другите зборови, а се однесуваат на смислата на целата реченица: Бојан /сигурно бездруго секако / ќе се врати. сигурно бездруго, сигурно, Според потеклото модалните зборови не се посебна зборовна група. Тие потекнуваат од прилози, глаголи, именки, придавки и сл. Покрај модалните зборови постојат и модални изрази: за жал, за несреќа, без сомнение, на крајот на краиштата и т.н. Поука за овој час: Кој го почитува татко си – ќе се очисти од своите гревови, а кој ѝ оддава чест на својата мајка – придобива големо богатство. 3. 3.4
  • 77. ЛЕКСИКОЛОГИЈА Лексикологијата е дел од науката за јазикот која го проучува зборовниот (лексичкиот) состав на еден јазик. Лексикологијата ги разгледува одделните зборови (лексеми) како единици на речникот на еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини: семантика: ја проучува смислата, значењето на зборовите; етимологија: го проучува потеклото и развојот на зборовите; лексикографија: ги утврдува начелата за составување на речници; фразеологија: ги проучува постојаните зборовни состави (фразеологизмите). Речничкиот состав на еден јазик го сочинуваат повеќе десетици илјади зборови и тој постојано, со текот на времето, се дополнува со зборови од домашно и туѓо потекло.
  • 78. Зборот е најмала јазична единица која се реализира како целост и може слободно да се преместува во говорот: (Рибата плива брзо; Плива брзо рибата; Брзо рибата плива). Зборот се состои од низа гласови, но и еден глас може да биде збор (ако, може, на, од, а, и, е). Кај зборовите разликуваме форма (надворешна, звучна страна) и содржина (внатрешна страна, неговото значење). Некои зборови имаат само по едно, но некои имаат по повеќе значења; на пр. глава, гледа, окно и т.н. Кај зборовите разликуваме лексичко значење (со кое се занимава лексикологија) и граматичко (кое е предмет на морфологијата и синтаксата). Носител на лексичкото значење е основата на зборот; носители на граматичкото значење се наставките и претставките.
  • 79. Според бројот на значењата зборовите ги делиме на еднозначни и повеќезначни. Кај повеќезначните зборови едно од значењата е основно (директно, право), а другите се преносни (метафорични). Преносните значења се поврзани со значењата на другите зборови до кои стојат. Сп.: црно вино и црна судбина. Разликуваме уште конкретни и апстрактни значења. Конкретните се однесуваат на нешто што е на дофат на нашите сетила (може да се види, допре, помириса: леб, сол, дрво, стол); додека апстрактните се однесуваат на нешта за кои ние имаме претстава во мислите (радост, мудрост, спремност, крај). Поука за овој час: *Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата. 18. 31
  • 80. Според сличностите или разликите во изговорот и пишувањето, кај зборовите издвојуваме четири групи лексички значења: синонимни, хомонимни, антонимни и паронимни. Синонимите се зборови кои се различни по форма, а имаат исто или приближно исто значење: темел – основа; врат – шија. Ако тие целосно се совпаѓаат, тоа се апсолутни (целосни) синоними. Хомонимите се зборови со иста форма, а со различно значење: коса (на глава) и коса (алатка). Антоними се зборови со спротивно значење: мал – голем; ден – ноќ. Можат да бидат од ист или од различен корен. Паронимите се зборови блиски по изговор, но со различно значење: стипендира – суспендира.
  • 81. Под поимот речник на еден јазик се подразбира целокупниот состав (фонд) на зборови на тој јазик, во кој влегуваат како зборови од домашно, така и од туѓо потекло. Во него се вбројуваат и општонародните и дијалектните зборови како и оние кои не се веќе во употреба (архаизми). Точниот број на зборови со кои располага речникот на еден јазик е тешко да се установи бидејќи лексиката на еден народ е отворен систем кој постојано се надополнува. Еден нов збор (или некое негово значење) за да си најде место во речникот треба да се прилагоди на правилата за зборообразување на тој јазик. Тоа во голема мерка важи и за зборовите од туѓо потекло.
  • 82. Што се однесува до зборовниот фонд на македонскиот јазик, тој далеку ја надминува бројката од 65.000 речнички единици колку што ги има во Речникот на македонскиот јазик во три тома (1961 – 1966). Во најновото издание на толковниот речник (се предвидени шест тома, излезени се веќе четири), ќе има многу повеќе зборовни (речнички единици), со многу повеќе значења и со нивно попрецизно толкување. Во меѓувреме излезе еднотомниот толковен Речник на македонскиот јазик од Зозе Мургоски (60.000 речнички единици). Предмет на лексикологија меѓу другото се и класификацијата на зборовите и нивните меѓусебни врски од аспект на: процесот на обновување; потеклото на зборовите и формата и сферата на употреба.